Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Уште на почеток ти напишав, тоа шо стои про, од друг аспект стои и контра.Ова се снимки од пред половина век. Никому не му е повеќе гајле. За дваестеина години физички ќе исчезнат сите кои имаат било какво сеќавање на овие настани.
Сигурен сум и дека тебе не ти е гајле. Сигурно не се будиш од сабајле со првата помисла за асимилацијата на Македонците во Бугарија во 1948 година. Сега живееме во 2017 година од 21 век. Животниот век на човекот е краток. Сакам да живеам квалитетен живот, сакам да имам пристап кон сите можни ресурси и можности кои ги носи ЕУ. Со чукање во гради дека името и знамето не го даваме, ништо нема да направиме, освен што овозможивме една клептоманска банда 11 години да ја ограбува државата.
Тоа испарување на тие луѓе и сеќавања, некој се надеваше дека до сега ќе биде реализрано, ете не е така.
Не знам како си сигурен, ок, проблем е шо кај нас помислата на македнците во соседните земји се третира како вмровштина, која пак е поисответна со врховизам, национализам и шо не, тоа е испран мозок, посебно земено во моменталната ситуација.
Единствена земја од сите соседни, цел Балкан уствари во која за време на ВСВ не сме имале оружени формации составени од македонци под команда на фашистите. Нема ништо фашистичко во Македонецот.
Исто ова што си напишал стои, не, не се будам со помисла за асимилација на егејци или пиринци, верувам тоа не го прават ни добар дел од денешните бугари и грци, ако е така чуму таа фамозна точка од договорот со Бугарија, или птедходно Грција?
Ете, ние гледаме кон иднината, кој не враќа во минатото?
Во најдобар случај можеме да бараме малцински права на тие луѓе во Бугарија и Грција, а и тоа им е многу соседите.
Ситематска асимилација.
Јас лично сум бил гостин на прва прослава на Илинден во Грција со македонска музика, цело место беше сардисано со грчки војници под изговор за воени маневри, а центарот беше окупиран од кордон полиција за разбивање демонстрации во полна опрема, секој влез на прославата се документираше и на сите околни згради имаше камери од службите за безбедност.
Мое лично искуство со јунанистанците, и не е од пред пола век.
После присуството на таа прослава, никој од моето потесно семејство не доби грчка виза.
И не, не сум егеец.
Пак се Македонци, а некој се исмејува со нив.
Истите аргументи про, стојат и контра, во зависност од аспектот, го почитувам твојот избор и не ми е целта отворање банална дискусија, факт е дека некој оди во историјата како арамија, некој како одрод, некој комбо, тешко за било шо друго засега.
Agree to disagree. Punkt.
Уше еднаш Честит Ден на Македонската Револуционерна Борба, трет пат.
Или не го славиш, иако се декларира како член на ДПМНЕ чија единствена цел е да си оди Гвујо и фамилијата?
Последно уредено: