Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Ова се снимки од пред половина век. Никому не му е повеќе гајле. За дваестеина години физички ќе исчезнат сите кои имаат било какво сеќавање на овие настани.

Сигурен сум и дека тебе не ти е гајле. Сигурно не се будиш од сабајле со првата помисла за асимилацијата на Македонците во Бугарија во 1948 година. Сега живееме во 2017 година од 21 век. Животниот век на човекот е краток. Сакам да живеам квалитетен живот, сакам да имам пристап кон сите можни ресурси и можности кои ги носи ЕУ. Со чукање во гради дека името и знамето не го даваме, ништо нема да направиме, освен што овозможивме една клептоманска банда 11 години да ја ограбува државата.
Уште на почеток ти напишав, тоа шо стои про, од друг аспект стои и контра.
Тоа испарување на тие луѓе и сеќавања, некој се надеваше дека до сега ќе биде реализрано, ете не е така.

Не знам како си сигурен, ок, проблем е шо кај нас помислата на македнците во соседните земји се третира како вмровштина, која пак е поисответна со врховизам, национализам и шо не, тоа е испран мозок, посебно земено во моменталната ситуација.
Единствена земја од сите соседни, цел Балкан уствари во која за време на ВСВ не сме имале оружени формации составени од македонци под команда на фашистите. Нема ништо фашистичко во Македонецот.

Исто ова што си напишал стои, не, не се будам со помисла за асимилација на егејци или пиринци, верувам тоа не го прават ни добар дел од денешните бугари и грци, ако е така чуму таа фамозна точка од договорот со Бугарија, или птедходно Грција?
Ете, ние гледаме кон иднината, кој не враќа во минатото?
Во најдобар случај можеме да бараме малцински права на тие луѓе во Бугарија и Грција, а и тоа им е многу соседите.

Ситематска асимилација.

Јас лично сум бил гостин на прва прослава на Илинден во Грција со македонска музика, цело место беше сардисано со грчки војници под изговор за воени маневри, а центарот беше окупиран од кордон полиција за разбивање демонстрации во полна опрема, секој влез на прославата се документираше и на сите околни згради имаше камери од службите за безбедност.
Мое лично искуство со јунанистанците, и не е од пред пола век.
После присуството на таа прослава, никој од моето потесно семејство не доби грчка виза.
И не, не сум егеец.
Пак се Македонци, а некој се исмејува со нив.

Истите аргументи про, стојат и контра, во зависност од аспектот, го почитувам твојот избор и не ми е целта отворање банална дискусија, факт е дека некој оди во историјата како арамија, некој како одрод, некој комбо, тешко за било шо друго засега.

Agree to disagree. Punkt.

Уше еднаш Честит Ден на Македонската Револуционерна Борба, трет пат.
Или не го славиш, иако се декларира како член на ДПМНЕ чија единствена цел е да си оди Гвујо и фамилијата?
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.720
Поени од реакции
9.312
Димитриевски од СДСМ во Страцин се поклони за загинати бугарски војници,
без македонско знаме и
без почит кон македонската историја

Извор: КУРИР
Извор: Facebook профил на Максим Димитриевски од коj овие кретени одвоиле селективно неколку фотографии. Еве го и македонското знаме:

https://www.facebook.com/590981394365638/photos/pcb.1111010759029363/1111010612362711/?type=3&theater

Туку, дај постирај од истиот овој загаден извор, текст како баш жителите на ова село, нивните идоли ги оставија без леб и млеко или за „грижата“ на централната власт за целиот Североисточен Регион.

http://a1on.mk/archives/228465

http://fokus.mk/dali-najsiromashnite-regioni-na-makedonija-se-najtsvrsti-uporishta-na-vladejachkite-partii/
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.796
Поени од реакции
17.021
А како ке го прислушкуваш тој ,,непознат,, криминалец? Кој број ке го прислушкуваш? Или ке ги снимаш сите можни броеви а потоа еден по еден ке ги преслушаш и ке дознаеш што планира тој непознатиот? Прислушкувањето мора да биде строго со судски налог, во спротивно тоа е најгрубо кршење на човековите права и е извор на уцени, нелојални конкуренции, невиден криминал....... Дали е прислушкувана Меркел, дали си ти прислушкуван или јас, доколку е без судски налог тоа е злоупотреба. Прислушкувањето како метод за гонење на криминал во принцип е некорисна работа. Повеке се злоупотребува за криминал отколку што служи за гонење на криминал. И на најглупиот и најситен криминалец му е јасно дека се прислушкува и секако дека нема по телефон да зборува ,,за бизнисот,,. Еве сега Грујо се жали дека тој и неговите биле прислушкувани што најверојатно е и точно, тие се под разни истраги и обвиненија па секако дека има и судски налози за примена на тие пим мерки. Но зарем има некој со здрав разум што може и да помисли дека Грујо или некој од неговите ке зборува нешто ,,битно,, на телефон. Тоа што на бомбите се снимени разговори во кои се слуша за криминал е само поради тоа што учесниците во тие разговори си врзале во крпче дека тие се власт и нема кој да ги прислушкува, арно ама ете не си верувале и меѓу себе....
Денеска МВР СМЕНИ и негира прислушкување на опозициона партија.
А Во УСА СЕ СЕ СНИМА, сите надзорни камери се во систем.
Кога ќе има сомнителен криминалец или терорист, се снимаат сите разговори од броевите во неговиот мобилен, НО и секој НОВ број кој ќе се појави на сомнителните броеви.... Па може да е и случаен број, некоја рекламна или анкетна агенција и слично...
А единствено што се гони со тужби и суд е ОБЈАВУВАЊЕ на прислушкувани разговори во медиуми или објавување на слики по медиуми без дозвола на лицата...
Јасно е како бел ден дека ОБЈАВУВАЊЕ по медиуми нема врска со никаква истрага туку е само партиска пропаганда, односно кај нас беше направено се обратно.
А дека има компромитирачки разговори на сдсм и Заев сигурно има, но Заев уште одамна, пред да биде на власт се закани дека НЕ СМЕЕ да се објавуват бомби на СДСМ. А тој што објавуваше бомби што не се од дпмне, со ник Тесла(наводно е Палевски) беше недамно приведен.
Дури Геро се закани ќе тужел за бомбата со неговиот разговор со Фрчковски, а самиот објавува се и сешто и јавно кажа ќе објавувам се што ќе ми дојде, не сум јас МВР деа проверувам дали е вистина...
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
98 % од членовите и симпатизерите на ДУПМНЕ незнаат зошто воопшто е формирана партијата ВМРО и каде е формирана и по кој основ.
а 101% од членовите на ДУПМНЕ не ја знаат историјата на Македонија.
Дај оладете малку жити се, бедно е тоа што го пишувате, очигледно не сте доволно информирани ниту за партијата ниту за историјата.
Не знаете зошто е потпшиван договорот со Бугарија, не знаете што содржи во него, а велите дека е штетен? Дај олабавете жити се.
Зборувате за Македонците во Бугарија? а самата држава Македонија во владеењето на пвеводбеникот гујо со прст не мрдна за овие луѓе таму, а вие овде се "грижите" за нив, море абдали, вие не ни знаете како овие луѓе се останати таму, и дека самите си се декларираат како Бугари, дај не трескајте зелени жити се.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Гледам по телевизииве преплавени од провладина пропаганда, од кај најдоја толку пари а за толку кратко време, плачеа како се давале пари за пропаганда.
 
P

psychostasia

Гостин
што фалеше овој да даде почест на бугарските војници кај Страцин вчера, со 1 македонско и 1 бугарско знаменце ?
Eве дури и ти постирале, ама тоа не ти се чита нели?

Извор: Facebook профил на Максим Димитриевски од коj овие кретени одвоиле селективно неколку фотографии. Еве го и македонското знаме:

https://www.facebook.com/590981394365638/photos/pcb.1111010759029363/1111010612362711/?type=3&theater
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.492
Поени од реакции
24.273
Тоа не е одговор, така не се дискутира. Што тебе лично, ако го имаш прочитано договорот ти смета во него, и на кој начин тој договор негативно ќе влијае на твојот живот?
Оти така не се дискутира? Истото прашање е што ти ми го постави само обратно. Ти мене ме прашуваш што изгубивме, јас те прашувам што толку добивме :toe:.
Ако веќе зборуваме лично што ти , јас , курле , мадле ке изгуби ако од утре не е повеќе Македонец туку нешто друго? На криво ке оди, криво ке моча. Што ?[DOUBLEPOST=1508781027][/DOUBLEPOST]
Еднонасочните мислат дека се потпиша некоја си декларација со бугарите и мислат еве готово се потпиша државата преживеа а у ствари основата на тоа што се потпиша допрва следи, најлошото ќе следи со заедничките комисии, влеговме во игра од која назад нема, дури и Заев нема да го прифати она што бугарските комисии ќе го побараат од нас и со тоа уште подлабоко ќе заглавиме а грците од страна ќе си гледаат и ќе си викаат колку ли глупи се овие фиромци, едвај чекам комисиите да почнат да заседаваат.
Немој да бидиш наивен. Знаат тие многу добро што е и како е работата, барем повеќето во секој случај.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Кажано вократко ако се симне иредентистичката митологиjа, ако се симнат античките глупости, ако се симнат и комунjарските глупости за некаква битна партизанска борба чиjа пропаганда беше 50+ години ке останат едни бедни Бугари опкружени од криминал:)
Дали тоа лично и персонално великанот на македонското новинарство? :D

А не, уште еден од оние Бугари со перфектен македонски јазик.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.936
Поени од реакции
30.930
А ќе беше поарно да ги рокнеа оние автобусите шо излегоа од Арачиново полни со амери.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.796
Поени од реакции
17.021
Eве дури и ти постирале, ама тоа не ти се чита нели?
ова е постирано по мојот пост, ама сепак останувам дека не морало баш денеска, можело вчера.
Патем, имаше пред неколку години галамење околу споменикот на Зебрњак, по мене со право... нема никаков документ дека некоја македонска организација барала Србија или Блгарија или Грција да влегуваат во ова наша територија и да ја бркаат Турција, туку тоа било класично освојување и крчмарење.
Проблемот со улогата на Блгарија во ВВ2 е што имаме освојувачки акции а кон крајот на војната и ослободувачки...
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Пуштам тв сега и како што е ред само заев на тв, и си викам ај тоа е не ни очекував нешто друго, туку вика ќе ги зближам комшиите, сограѓаните , политиката ги раздели јас ќе ги зближам за да си помагаат.
 
Е како само Заев, нели имаше интервју Груевски на Алфа и Сител две вечери по ред?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.437
Поени од реакции
4.357
Денеска МВР СМЕНИ и негира прислушкување на опозициона партија.
А Во УСА СЕ СЕ СНИМА, сите надзорни камери се во систем.
Кога ќе има сомнителен криминалец или терорист, се снимаат сите разговори од броевите во неговиот мобилен, НО и секој НОВ број кој ќе се појави на сомнителните броеви.... Па може да е и случаен број, некоја рекламна или анкетна агенција и слично...
А единствено што се гони со тужби и суд е ОБЈАВУВАЊЕ на прислушкувани разговори во медиуми или објавување на слики по медиуми без дозвола на лицата...
Јасно е како бел ден дека ОБЈАВУВАЊЕ по медиуми нема врска со никаква истрага туку е само партиска пропаганда, односно кај нас беше направено се обратно.
А дека има компромитирачки разговори на сдсм и Заев сигурно има, но Заев уште одамна, пред да биде на власт се закани дека НЕ СМЕЕ да се објавуват бомби на СДСМ. А тој што објавуваше бомби што не се од дпмне, со ник Тесла(наводно е Палевски) беше недамно приведен.
Дури Геро се закани ќе тужел за бомбата со неговиот разговор со Фрчковски, а самиот објавува се и сешто и јавно кажа ќе објавувам се што ќе ми дојде, не сум јас МВР деа проверувам дали е вистина...
Изјавата на МВР навидум е игра на зборови но сепак најверојатно е точна. Најверојатно е точно дека не се прислушкува никоја опозициона партија, односно е точно дека не се прислушкува ДПМНЕ. Сигурно дека нема налог за прислушкување партија ДПМНЕ затоа што нема истраги и обвиненија против партијата ДПМНЕ и тука МВР сигурно не лаже, но сигурно има налози за пим мерки против поединци од таа партија, многу поединци од таа партија, но налозите не гласат на име ДПМНЕ туку на име Грујо, Гордана, Миле..... тие поединци и ако си заминат или бидат набркани од ДПМНЕ, истрагите а со тоа и пим мерките за прислушкување против нив ке си продолжат. Значи треба да правиме разлика помеѓу партија како правно лице против кое нема налог за пим мерки и нејзини членови како физички лица за кои најверојатно има пим мерки и кои партијата ја поистоветуваат со себе.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.796
Поени од реакции
17.021
Извор: Facebook профил на Максим Димитриевски од коj овие кретени одвоиле селективно неколку фотографии. Еве го и македонското знаме:

https://www.facebook.com/590981394365638/photos/pcb.1111010759029363/1111010612362711/?type=3&theater

Туку, дај постирај од истиот овој загаден извор, текст како баш жителите на ова село, нивните идоли ги оставија без леб и млеко или за „грижата“ на централната власт за целиот Североисточен Регион.

http://a1on.mk/archives/228465

http://fokus.mk/dali-najsiromashnite-regioni-na-makedonija-se-najtsvrsti-uporishta-na-vladejachkite-partii/

еве го и Зебрњак, славење на туѓа окупација
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom