Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 22.347
- Поени од реакции
- 29.818
„Ништо не те спречува.“А што покажува таа студија? И како е воопшто релевантна за iq мапата погоре, односно како истата дава научна поткрепа за таа мапа? Може ја нешто пропуштам, незнам. Ја гледам само труд од областа на физичка антропологија (веројатно, штознам) со јасно дефинирана научна хипотеза, сигурно интересен, али и комплетно неупотреблив во оваа дискусија. Дури и ептен да се има желба за влечење заклучоци меѓу редови, читајќи го само апстрактот, ова воопшто не иде во прилог на мапата.
Ако човек е особено креативен во толкувањето на разни трудови и вадење на заклучоци, тогаш the sky is the limit. Можеш, пример, од некои трудови од органска хемија или зоологија да извлечеш заклучоци за импактот на големината на женските гради врз различни архитектонски решенија. Ништо не те спречува.
Иначе, iq мапата е поврзана со една книга која според многумина нема ни н од наука. Туку е производ на “трендот“ во општествените и хуманистички науки, во последните декади, да се шминкаат трудовите со сомнителни статистички податоци и лоша употреба на разни квантитативни методи за научната работа да им добие кредибилитет.
На жалост не е така. Во денешново време на политичка коректност, заклучоците како на пример тие дека одредени архитектонски решенија авторот ги дизајниранирал под влијание на сопственото восхитување кон женското тело, таквите заклучоци веднаш ќе бидат осудени од разни феминистички и ЛГБТ структури како крајно шовнистички и мизогенистички. Освен ако архитектот не бил жена (или геј, или трансџендер). Тогаш истото архитектонско решение ќе добие пофалби и честитки.
Се работи за социјален инжинеринг во пракса. Таквите двојните аршини се основата на употребливоста на „говорот на омраза“ како алатка за репресија, одземање на правото на слободен говор, одземање на правото на слободно изразување. Нема јасни правила што е правилно, а што не е, и самото одлучување што е „говор на омраза“, е целосно на дискреција на трендсетерите (социјалните инжинери), и згора на се - променливо е според моменталните потреби.
Примери има многу, на пример во САД во одредени универзитети студентите си имаат прогласено „Ден на отсуство“ кога (во последната верзија на настанот) ниеден бел човек не смее да се појави во универзитетот, сеедно дали е студент или професор или чистач. Секое спротиставување на тоа, се нарекува „говор на омраза“.
Професорот (единствениот на целиот универзитет) кој се спротиставил на тоа, бил дочекан со обвинувања за расизам и „говор на омраза“, и демонстрации со барање за негова оставка.
Симплифицирам, за да избегнам преголема опширност во постов, но кој го интересира нека го прочита ова, или поедноставно, нека го послуша следниов извадок од подкастот на Џо Роган со професорот Брет Вајнстајн (за кого зборував): http://www.youtube.com/watch?v=-st73zhZL3A
Нејсе, во врска со мапата покажана погоре - не беше баш фер од мене да барам читање на цела научна студија, згора на се и читање меѓу редовите. Но директно покажување на конкретни заклучоци секогаш носат оф топик и ад хоминем смарања од мала група usual suspects кои од некои необјасниви причини љубат да ми ги коментираат мислењата (сеедно во кој дел од форумов).
Посочување научна студија гарантира дека истата нема да биде разгледана, и гарантира отсуство на оф топик и ад хоминем смарања.
Но пошто културно прашуваш, еве визуелизација на податоците од спомнатата студија која покажува каде се аргументите за содржината на мапата покажана погоре.
[DOUBLEPOST=1508666467][/DOUBLEPOST]Разбирам дека на некој може да не му се допадне тезата за постоењето на разлики во iq меѓу различни луѓе од различни места на земјината топка (и сите дискусии кои понатаму произлегуваат од прифаќањето на самото постоење на тој факт). Но обвинувањата за „говор на омраза“ и расизам, се многу добар показател за цензурата која некој ја наметнува врз општеството. Социјален инжинеринг на дело и градење на нов свет каде слободата на говор нема да постои (барем не за важните работи).
Последно уредено: