Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.533
- Поени од реакции
- 33.674
Куп неточни глупости.Македонија мора да влезе и ќе влезе некогаш во НАТО и ЕУ ... но не сега за сега и не во вакво паковање туку во поинакво ... уште некоја година Македонците ќе бидат помалку од 50% од вкупното население во оваа држава а кај и да е ќе има и промена на името на државата како и името на нацијата и јазикот ... нема да има поделба на државата, но ќе има нејзино редефинирање и федерализација, промена на името на државата во која веќе (каурите) и онака ќе бидат малцинство !
ЕУ и НАТО ја сакаат Македонија како територија, потребна им е, но со поинакво име и плус ја сакаат како федерализирана и бинационална држава (Албански и Словенски дел) !
Скопје како град е веќе фифти-фифти муслимански и каурски дел, а и двојазично е веќе се автобуси, училишта, факултети, министерства, амбуланти, болници и.т.н. и овој процес е започнат од поодамна не е од вчера или денес, новиот премиер Заев само ќе си продолжи како попче да ги имплементира работите кои ќе му бидат сервирани исто како што претходно и Грујо тоа го правеше изминатава деценија !
Потпаѓаш под пропагандата однадвор, јака е пропагандата ама и ти очигледно си слаб.
Да има попис, ќе видиш дека не е така како што си напишал. А тек да има истовремен попис во Македонија, Албанија, Косово, и Србија... Тек тогаш ќе видиш дека тие, Албанците, во Македонија не се ни 10-15%, не па над 20%.
Да не издвојувам делови од тоа погре, ќе се задржам само на ова - пошто од кажаното точен ти е само овој подвлечениов цитиран дел. Со една задршка дека Груевски да играше се токму како што му свиреа, немаше да му организираат шарени револуции... Проблемот со идиотот, покрај корупцијата и криминалот кои овде изгледа се неизбежни (токму како што сакаат одозгора), беше во тоа што ретардосот мислеше дека е многу паметен и дека може да седи на две столчиња. Сакаше да се спротистави, ама само делумно, и да се спротистави и да остане „пријател“ со сите. Идиот. Всушност немаше никаков јасен план што ќе прави кога (неизбежно) ќе му почнат постапка за менување на власта. Немаше потреба да измислува топла вода, само требаше да види како тоа го направија во една Унгарија, Полска, Чешка... Прво што требаше беше да забрани надворешно финансирање на НВО-ата, и со самото тоа ќе ја оставеше скоро па без учесници Шарената Револуција. Пошто овде никој не волонтира и не е активист за Џ....новиот премиер Заев само ќе си продолжи како попче да ги имплементира работите кои ќе му бидат сервирани исто како што претходно и Грујо тоа го правеше изминатава деценија !
Ама што си замислувам јас, кога зборам за истиот човек што фрли еден куп пари на кич споменици а не спроведе гасификација. Се правеше родољуб, а дозволи неповолна и предавничка територијална поделба на општините. Почна со двојазичност, па макар и тоа да беше само во некои општини (наместо секаде, како што е тоа сега). На крајот имаше шанса и да се спротистави на упадот однадвор, ама идеше да потпишува капитулации во Пржино. Јајцата му беа под кирија, и со п(р)ичина.
Јасно е дека Груевски нема капацитет да биде државник на една самостојна држава, или макар само на една економски поднослива држава. Баш со тоа сега се фали Заев. Нема да имаме сувереност и ќе се почне со федерализација како увед во поделбата, ама ете барем ќе „има живот“... Ех, какво разочарување им следи на сите што беа доволно глупи да му веруваат. Ама што се па Македонците, ако не навикнати на разочарувања.