Џони Вајсмилер
Don't share my food
- Член од
- 15 февруари 2010
- Мислења
- 15.489
- Поени од реакции
- 15.506
Неможам уште да верувам дека дојдовме до слободата..во 2014 година мислев дека ова нема крај ,ама со протестите на студентите мислам дека почна почетокот на крајот на режимот,од тогаш луѓето му се напнаа и тоа многу посебно поради тоа што во 2013 имаше тотална кражба на изборите од страна на Дпмне со фантомите,притисоците и целиосниот партиски мониторинг со алфи,полицајци и заплашување..Кој би рекол дека ќе имаме ваква ситуација денес.
Пред само две години до 2015, еден човек контролираше буквално се во државата. Немаше работно место во државно и јавно кое не беше филтрирано преку еден куп комитети од локален до централен, немаше фирма, од најголема до најмало дуќанче кое не беше под некаков притисок или контрола, немаше актрактивно место во голема приватна компанија или фабрика кое не беше партиски наместено, немаше настан, фестивал, најтривијална дешавка во која партијата не беше умешана на некој начин, со страв се пишуваше името Мијалков по социјални мрежи и форуми, во јавност не се ни спомнуваше, немаше вест или емисија на нивните медиуми да биде пуштена во јавност а детално да не биде проверена во центарот за пропаганда, немаше цигла во Скопје изградено а претходно да не ја омсислил и проектирал „големиот архитект“, немаше учебник или историска емисија да помине без да ја осмислат или одобрат пишувачите на новоисторијата.
Сето тоа со 61 пратеник, речиси сите општини, Претседател на држава, судство и обвинителство, тотална власт.
Се си има крај.
Ова нека му стои и на Сдсм доколку го прават истото ги чека полошо,не смее да ни се случи Груевизмот повторно, не смее да има ново Вмро после Вмро