Ве читам и ви се чудам како може толку брзо да заборавате како беше до вчера и на кој начин стигнавме до таму? Заборавивте ли дека ВМРО стигна до режим затоа што имаше речиси апсолутна власт во Македонија? Сега се случува истото, СДСМ ја презедоа таа апсолутна власт и ќе земат залет во наредниот период можеби уште повеќе од ВМРО. Огромен процент граѓани гласаа за инает "против" ВМРО за да ги казнат, а не "за" СДСМ затоа што имаат подобра политика и понуда. Да бидеме искрени сега, СДСМ е близу 5 месеци на власт и тргнаа по истите стапки на ВМРО. Брат му на Заев, Вице пред месец дена купи цела текстилна фабрика во Струмица по цена од 20 илјади евра. Поставија нивни блиски луѓе на сите позиции во градот и институциите, направија смени на се што може да се смени и уште ќе прават. Немојте да мислите дека СДСМ ќе биде цвеќе за мирисање, јас би сакал тоа да се, ама знам дека пак ќе биде исто, само да не биде и полошо. Кога во Македонија на една партија ќе и се даде апсолутна власт, се знае дека следува владеење како она на ВМРО до вчера, а од денеска и СДСМ ќе бидат исти. Ќе помине време ќе видиме, се надевам дека грешам. А ние обичните гомнари што ги гласаме и едните и другите денеска сме пак на истата работа нели? И пак ќе земаме по 200 евра плата, и пак ќе ни биде тешко да врземе крај со крај. И денеска пак младите се иселуваат од Македонија во потрага по подобар живот, и ќе продолжат и во наредниот период да се иселуваат. И сиромашните денеска пак се сиромашни и такви ќе си останат, и богатите денеска пак се богати и ќе се богатат и во иднина со новиот режим. Играчите се сменија, ама играта е иста. Се плашам само од фактот дека таа игра неможе вечно да остане иста, еднаш ќе се скине конецот и тогаш нема да можеме крајот да си го најдеме. Не за џабе 1991 год. ЦИА не смести во категоријата "неодржливи држави".
Им честитам на СДСМ за победата и посакувам да гледаат пример од ВМРО како да НЕ работат и да ја водат државата, затоа што и они ќе завршат исто после некое време.