Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.302
Поени од реакции
1.784
„Изборниот ден помина со бројни нерегуларности, узурпирање на ресурси, притисок, поткуп на гласачи, организирано превезување на граѓани до гласачки места, и манипулации со гласачки ливчиња, кражба на гласови“, обвини Груевски.
Ко да си ги опишва своите избори минатите години.

Сега можи да си бира дали сака во Шутка или Идризово.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Се прашувам тие со Бугарските пасоши за кого гласаа? За rezimod?

 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
895
Поени од реакции
1.423
Дебакл преголем
Денес не изгуби ВМРО , изгуби Груевски.Изгуби од своите..

Не победи СДСМ , победи желбата за промени.
Живот НЕМА да има се додека на политичката сцена ке бидат луѓе како Никола Груевски и Зоран Заев.
Три метра под земја нека ме закопаат , не давам глас за ваков живот , живот во кој во своја земја ке бидам тугинец.Живот во кој даваат поголеми права на малцинства него на Македонци.
Се превртуваат гробовите на многу луѓе кои својата крв ја дале за ова парче земја.Еден од тие е и на татко ми.

Единствена работа за мене лично што е добра е што заврши владеењето на Груевски.Заврши фала богу.Сега уште да си ја собере баграта за да може некој со македонски идеали да го води ВМРО, а ги има такви.

НЕ ЗА ГРУЕВСКИ , НЕ И ЗА ВАКОВ ЖИВОТ
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Мене најинтересни ми се оние што тврдеа демек Сдсм со Албанците ќе победеле,демек кај чисто Македонските средини немале што да бараат:pos:..Тиранската платформа:pos:..во Прилеп изгубија бе најпатриотскиот град:pos:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.556
Поени од реакции
40.551
Груевски да дадеше оставка откако ги изгуби парламентарните избори немаше да беа локалниве толку очајни, ова ако не му е знак дека треба да си оди не знам што.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Дебакл преголем
Денес не изгуби ВМРО , изгуби Груевски.Изгуби од своите..

Не победи СДСМ , победи желбата за промени.
Живот НЕМА да има се додека на политичката сцена ке бидат луѓе како Никола Груевски и Зоран Заев.
Три метра под земја нека ме закопаат , не давам глас за ваков живот , живот во кој во своја земја ке бидам тугинец.Живот во кој даваат поголеми права на малцинства него на Македонци.
Се превртуваат гробовите на многу луѓе кои својата крв ја дале за ова парче земја.Еден од тие е и на татко ми.

Единствена работа за мене лично што е добра е што заврши владеењето на Груевски.Заврши фала богу.Сега уште да си ја собере баграта за да може некој со македонски идеали да го води ВМРО, а ги има такви.

НЕ ЗА ГРУЕВСКИ , НЕ И ЗА ВАКОВ ЖИВОТ
Ако слушнеш некој политичар како збори дека целта на нашето постоење е да влеземе во НАТО и ЕУ, тури му пепел.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.339
Поени од реакции
18.216
Мене најинтересни ми се оние што тврдеа демек Сдсм со Албанците ќе победеле,демек кај чисто Македонските средини немале што да бараат:pos:..Тиранската платформа:pos:..во Прилеп изгубија бе најпатриотскиот град:pos:
Абе во Новаци победуваа со 90% сега гледај имаат едвај 45%
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.103
Поени од реакции
3.301
Дебакл преголем
Денес не изгуби ВМРО , изгуби Груевски.Изгуби од своите..

Не победи СДСМ , победи желбата за промени.
Живот НЕМА да има се додека на политичката сцена ке бидат луѓе како Никола Груевски и Зоран Заев.
Три метра под земја нека ме закопаат , не давам глас за ваков живот , живот во кој во своја земја ке бидам тугинец.Живот во кој даваат поголеми права на малцинства него на Македонци.
Се превртуваат гробовите на многу луѓе кои својата крв ја дале за ова парче земја.Еден од тие е и на татко ми.

Единствена работа за мене лично што е добра е што заврши владеењето на Груевски.Заврши фала богу.Сега уште да си ја собере баграта за да може некој со македонски идеали да го води ВМРО, а ги има такви.

НЕ ЗА ГРУЕВСКИ , НЕ И ЗА ВАКОВ ЖИВОТ
Сега се смејат, ама по 4 години најмногу, ако во случај да не направат нешто, а тешко дека ќе направат, со реформирано ВМРО истото ќе му се случи и и на СДСМ.
 
L

Löwe

Гостин
Мене најинтересни ми се оние што тврдеа демек Сдсм со Албанците ќе победеле,демек кај чисто Македонските средини немале што да бараат:pos:..Тиранската платформа:pos:..во Прилеп изгубија бе најпатриотскиот град:pos:
Незнам оти беа сите сигурни дека ќе победи ВМРО во Прилеп. Марјан 3тиот мандат ништо не чепна во градот а дузина пари изнакраде. Сп самото то шо се кандира за 4рт мандат си потшишаа капитулација во која јас лично бев убеден. Шо е многу, многу е.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Мене најинтересни ми се оние што тврдеа демек Сдсм со Албанците ќе победеле,демек кај чисто Македонските средини немале што да бараат:pos:..Тиранската платформа:pos:..во Прилеп изгубија бе најпатриотскиот град:pos:
И во Кратово убедливо го папаа. :D
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.058
Поени од реакции
7.129
Албанците масовно гласаа и во југо-истокот за да ја спречат работата на рудниците која ќе предизвика економски развој во регионот. Се е против Македонија.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.873
Поени од реакции
14.120
Да си знаете дека ова е напишано после 14 часот, а го објавувам сега.

Како што може да се види излезноста на овие избори е помала дури за 10%, а тоа му одговара на ВМРО, но никако не му одговара на СДСМ, всушност и големата излезност не му одговара на СДСМ, оти обично тие што излегуваат нередовно гласаат против власта.

Одкако стаса животот во Македонија, по 10к малди месечно одат во странство да го докажат тоа (секако дека ќе се вратат утре сабале), одкако старата диктатура е изапсена време е за нови демократски избори.

Започна кампањата и се изнаслушавме секакви глупости, Зајко цело време трубеше дека ќе ни дал живот (на локално, оној на глобално е супер) и воздух кој ќе го пречистел за само 4 години, како ли ќе го изведе тоа ни он самиот не знае, ама важно ќе дишеме нов воздух.

Грујо како и секогаш излезе со програма, во која имаше реални проекти, ама како и секогаш имаше и глупи проекти, оној што е за возачка за секое дете ти е бул шит, каква обврска има општината да ти плаќа возачка дозвола, ако имаш пари да купеш кола од неколку илјади евра, нормално е да потрошиш и неколку стотки за возачка, послем слушам ќе ги ослободувале неплаќачите на комуналните сметки, па чекај малку, дали ние кој си ги плаќаме сметките сме будали во овој случај (секако дека сме будали штом живееме во Македонија), оваа тие е исто као што беше и оној отпис на долгови каде што секој сиромав просечно должеше 1500 евра (имам пишувано на таа тема).

Излезе и новата ера за следните 10 години, ја немам детално прочитано, ама не веруваме дека е возможно да се стаса до 12,5к$ за 10 години, можеби до 10-11к$, додека 150к нови работни места можеби е можно да се отворат, ако претходно не се иселат сите.

Тоа што било било, сега да видиме кој каде ќе победи.

Се очекува ВМРО да победи речиси секаде (освен онаму каде нема), од Скопските општини се знае дека Центар и Карпош се кумуњарски, единствено не се знае (барем јас) дали Стевчо може да направи нешто, т.е. дали ќе гласаат за него после трансферот во Грујо клуб, се зборува дека Ѓорче и Аеродром можеби би биле изедначени, ама ВМРО во Ѓорче извади нов кандидат, додека во Аеродром остана залижаниот, што лично мислам дека згреши, со нов би имал речиси сигурна победа.

Градот Скопје па ти е посебна приказна, Коце е далеку најпопуларниот градоначалник, тоа се докажа и на претходните избори каде што го победи Макрадули во Центар, а СДСМ победи со Андреј во Центар, што занчи дури и големиот број албански гласови може да не биде доволен за победа на Шилегов, сепак за Скопје ќе правеме подетални анализи вториот круг (сигурно ќе го има).

Интересни општини овој круг се и Тетово и Гостивар, по одлуката на СДСМ да не кандитира свој градоначалник, отвора можност 3-те илјади македонци да гласаат за ВМРО (и во двете општини се одприлика толку гласачи за СДСМ) и со тоа ВМРО да има сериозни шанси да влезе во втор круг, нормално тоа зависи од албанците дали ќе ги фокусираат своите гласови на 2 кандидати или повеќе од 4.

Кичево и Струга, би можело да има некое изненадување, но само ако ДУИ во Кичево не донесе најмалку 3000 странски туристи да гласаат, додека во Струга е можно и ВМРО и СДСМ да влезат 2 круг, пак ќе кажам тоа зависи од гласовите на албанците, дали ќе ги сконцентрираат гласовите на помалку кандидати или ќе ги разделат на повеќе.

Куманово се очекува да го добие СДСМ по вториот круг, не верувам дека ќе успее уште прв, додека во Струмица Зајко не остава ништо на случајноста, на големо ги купуваше турските и ромските гласови за сигурна победа, без нив се знае дека нема победа, е сега дали Ставревски ги беше купил во единствената победа на ВМРО незнам.

Други општини во кој може да се надева СДСМ се оние од мешано население, како Долнени, Чашка, Брвеница, Јегуновце, донекаде Крушево и можеби уште некоја помала општина.
Битола по отстранувањето на досегасниот градоначалник и по довагањето на животот шансите за победа се на ВМРО.

Се разбира дека постои можност СДСМ да победи и во друга општина но тие шанси се минимални (не ги сметам Арачиново и сл.), за тоа говори и излезноста до 13 часот, каде има за 10-тина проценти помала излезнот во речиси сите општини, а поголемата излезност беше единствената шанса СДСМ да победи.
Да знам и за 100к административци кој одма си ја менуваат капата, ама мислам дека тоа ќе остане само влажен сон на СДСМ-овците, толкава бројка е невозможна да се смени по прекрасниот живот што пристигна.

Се на се СДСМ ќе има повеќе општини од претходните локални, ама за победа тешко (ако ја мериме во број на гласови, а не кој која општина ја земал), доколку во 17 часот не се смени нешто со излезноста (го пишувам ова после објавувањето на излезноста во 13ч и не го менувам), ВМРО може комотно да почне да ја слави победата.
Седи кец.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom