Да си знаете дека ова е напишано после 14 часот, а го објавувам сега.
Како што може да се види излезноста на овие избори е помала дури за 10%, а тоа му одговара на ВМРО, но никако не му одговара на СДСМ, всушност и големата излезност не му одговара на СДСМ, оти обично тие што излегуваат нередовно гласаат против власта.
Одкако стаса животот во Македонија, по 10к малди месечно одат во странство да го докажат тоа (секако дека ќе се вратат утре сабале), одкако старата диктатура е изапсена време е за нови демократски избори.
Започна кампањата и се изнаслушавме секакви глупости, Зајко цело време трубеше дека ќе ни дал живот (на локално, оној на глобално е супер) и воздух кој ќе го пречистел за само 4 години, како ли ќе го изведе тоа ни он самиот не знае, ама важно ќе дишеме нов воздух.
Грујо како и секогаш излезе со програма, во која имаше реални проекти, ама како и секогаш имаше и глупи проекти, оној што е за возачка за секое дете ти е бул шит, каква обврска има општината да ти плаќа возачка дозвола, ако имаш пари да купеш кола од неколку илјади евра, нормално е да потрошиш и неколку стотки за возачка, послем слушам ќе ги ослободувале неплаќачите на комуналните сметки, па чекај малку, дали ние кој си ги плаќаме сметките сме будали во овој случај (секако дека сме будали штом живееме во Македонија), оваа тие е исто као што беше и оној отпис на долгови каде што секој сиромав просечно должеше 1500 евра (имам пишувано на таа тема).
Излезе и новата ера за следните 10 години, ја немам детално прочитано, ама не веруваме дека е возможно да се стаса до 12,5к$ за 10 години, можеби до 10-11к$, додека 150к нови работни места можеби е можно да се отворат, ако претходно не се иселат сите.
Тоа што било било, сега да видиме кој каде ќе победи.
Се очекува ВМРО да победи речиси секаде (освен онаму каде нема), од Скопските општини се знае дека Центар и Карпош се кумуњарски, единствено не се знае (барем јас) дали Стевчо може да направи нешто, т.е. дали ќе гласаат за него после трансферот во Грујо клуб, се зборува дека Ѓорче и Аеродром можеби би биле изедначени, ама ВМРО во Ѓорче извади нов кандидат, додека во Аеродром остана залижаниот, што лично мислам дека згреши, со нов би имал речиси сигурна победа.
Градот Скопје па ти е посебна приказна, Коце е далеку најпопуларниот градоначалник, тоа се докажа и на претходните избори каде што го победи Макрадули во Центар, а СДСМ победи со Андреј во Центар, што занчи дури и големиот број албански гласови може да не биде доволен за победа на Шилегов, сепак за Скопје ќе правеме подетални анализи вториот круг (сигурно ќе го има).
Интересни општини овој круг се и Тетово и Гостивар, по одлуката на СДСМ да не кандитира свој градоначалник, отвора можност 3-те илјади македонци да гласаат за ВМРО (и во двете општини се одприлика толку гласачи за СДСМ) и со тоа ВМРО да има сериозни шанси да влезе во втор круг, нормално тоа зависи од албанците дали ќе ги фокусираат своите гласови на 2 кандидати или повеќе од 4.
Кичево и Струга, би можело да има некое изненадување, но само ако ДУИ во Кичево не донесе најмалку 3000 странски туристи да гласаат, додека во Струга е можно и ВМРО и СДСМ да влезат 2 круг, пак ќе кажам тоа зависи од гласовите на албанците, дали ќе ги сконцентрираат гласовите на помалку кандидати или ќе ги разделат на повеќе.
Куманово се очекува да го добие СДСМ по вториот круг, не верувам дека ќе успее уште прв, додека во Струмица Зајко не остава ништо на случајноста, на големо ги купуваше турските и ромските гласови за сигурна победа, без нив се знае дека нема победа, е сега дали Ставревски ги беше купил во единствената победа на ВМРО незнам.
Други општини во кој може да се надева СДСМ се оние од мешано население, како Долнени, Чашка, Брвеница, Јегуновце, донекаде Крушево и можеби уште некоја помала општина.
Битола по отстранувањето на досегасниот градоначалник и по довагањето на животот шансите за победа се на ВМРО.
Се разбира дека постои можност СДСМ да победи и во друга општина но тие шанси се минимални (не ги сметам Арачиново и сл.), за тоа говори и излезноста до 13 часот, каде има за 10-тина проценти помала излезнот во речиси сите општини, а поголемата излезност беше единствената шанса СДСМ да победи.
Да знам и за 100к административци кој одма си ја менуваат капата, ама мислам дека тоа ќе остане само влажен сон на СДСМ-овците, толкава бројка е невозможна да се смени по прекрасниот живот што пристигна.
Се на се СДСМ ќе има повеќе општини од претходните локални, ама за победа тешко (ако ја мериме во број на гласови, а не кој која општина ја земал), доколку во 17 часот не се смени нешто со излезноста (го пишувам ова после објавувањето на излезноста во 13ч и не го менувам), ВМРО може комотно да почне да ја слави победата.