Прашање за Христијанството III

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Деновиве се заинтересирав околу начинот на исхрана кај Евреите, Муслиманите и Христијаните. Кај Евреите (според Кошер) и Муслиманите (според Халал) е забрането конзумирање на свинско месо, но налетав и на еден добар цитат од Библијата ...
" And the pig, because it parts the hoof but does not chew the cud, is unclean for you. Their flesh you shall not eat, and wtheir carcasses you shall not touch." (Deuternomy 14:8)
Според ова сметате ли дека и кај Христијаните треба да биде забрането конзумирањето на свинско месо ?
Најубавото месо е кај копитата бе. Све е мускул тоа!
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
Кога ја читав последен пат Библијата паметам, во делот кој се однесуваше за оваа тема, дека христијаните може да консумираат свинско месо од свиња која нема пет прсти. Значи ограничувањето се однесува само на свинското месо кое потекнува од свиња која има пет прсти, но не и од свињите кои имаат само четири прсти.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Значи ограничувањето се однесува само на свинското месо кое потекнува од свиња која има пет прсти, но не и од свињите кои имаат само четири прсти.
Чекај малку, нешто ме збуни сега ти...
Кој тоа сој на свињи има 5 прсти на нозете, ако знаеш да ни кажеш...?
И дали забраната важи за христијани или само за евреи или кој како сака така си презема едни од други, а ги обвинува за неверници оние од кои зема закон и го касапи и гради свое „автентично“ учење?
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
Чекај малку, нешто ме збуни сега ти...
Кој тоа сој на свињи има 5 прсти на нозете, ако знаеш да ни кажеш...?
И дали забраната важи за христијани или само за евреи или кој како сака така си презема едни од други, а ги обвинува за неверници оние од кои зема закон и го касапи и гради свое „автентично“ учење?
Навистина добро прашање. Искрено не ми текнува, бидејќи помина време откако ја читав Библијата. Но сигурен сум дека така пишуваше во неа за консумирањето на месо од свињи. Е сега по однос на прашањето дали има или нема ваков или онаков вид на свињи, дали тоа се однесува исклучиво на христијаните или пак опфаќа повеќе други религии, дали едни се верници, а други неверници и слично, јас не би можел да дадам коментар со оглед на тоа што се коментира за тема која ги засега повеќе религии. Јас едноставно го искоментирав тоа што сум го забележал во Библијата.:)
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Немај гајле, ја‘ ќе одоговорам наместо тебе:

„...Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест...„.

Откровение, 13.18.

Јасно е одамна дека со мудроста сте два различни поими.

Еднаш треба да бидете конкретни,ако вистина таа бројка 666 се однесува на човек,2000 години не откривте за кого тоа се однесува.Ја ставате сегде и секаде,на цареви,политички водачи,па дури и папството го идентификувате со нејзе.Која е вистината за 666,бројка како бројка нема ништо лошо во нејзе.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Наведената бројка се однесува на антихристот, оној кој ќе дојде во свое име, а зад кого ќе стои самиот ѓавол, односно, оној кого јудеите нетрпеливо го очекуваат и веќе се подготвуваат.

Што е тука нејасно?...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Наведената бројка се однесува на антихристот, оној кој ќе дојде во свое име, а зад кого ќе стои самиот ѓавол, односно, оној кого јудеите нетрпеливо го очекуваат и веќе се подготвуваат.

Што е тука нејасно?...
"злобните Јудеи"... кои се овие Јудеи? Евреите? Оние кои го сковаа Законот кој ти го следиш се неспособни да осознаат и увидат кој е спасител, кој не?
Треба малку подобро да се запознае христијанинот денес со еврејските толкувања и знаења за овие ствари - кога веќе сте само верници, добро е да се учи од оние што знаат за Законот.

Се е јасно по твоите писанија како мирјанин тука... За христијаните (и мирјани и свештеници всушност) евреите се сатанисти и криви за се! За да се избегне вистинската причина зошто и кои луѓе биле распнувани од Рим - сето тоа оди во заднина со едно едноставно окривување на Евреите!!!

Од нив го наследивте законот, ако случајно си заборавил... го модифицираа оние способни за тоа, а наследниците како тебе станаа верници кои полни со омраза за да си го оправдаат верувањето - секој втор им е грешник и сатанист...

Не така... јасно е, но не така... Зошто вакви муабети сега дека Евреите го следеле антихристот? Бидејќи така е запишано во Новиот Завет?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Наведената бројка се однесува на антихристот, оној кој ќе дојде во свое име, а зад кого ќе стои самиот ѓавол, односно, оној кого јудеите нетрпеливо го очекуваат и веќе се подготвуваат.

Што е тука нејасно?...
Има теорија дека Римјаните откако го освојуваат познатиот Стар свет,во неможност да ги потчинат Јудеите,за кои е проблем нивната религија.Римските учени смислуваат религија која е потолерантна и попристапна и со која Јудеите би се изедначиле со римскиот свет.Тоа е христијанството,но Јудеите не го прифаќаат туку римските граѓани,кои не биле целта.Дали ти си размислувал за тоа?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Има теорија дека Римјаните откако го освојуваат познатиот Стар свет,во неможност да ги потчинат Јудеите,за кои е проблем нивната религија.Римските учени смислуваат религија која е потолерантна и попристапна и со која Јудеите би се изедначиле со римскиот свет.Тоа е христијанството,но Јудеите не го прифаќаат туку римските граѓани,кои не биле целта.Дали ти си размислувал за тоа?
Отприлике е така али обратно. Христијаните се оние кои се прилагодиле на римскиот паганизам за да се спасат од прогони. Рим си беше моќен и владател на тогашниот свет, јудеја и евреите им биле неприатели али кога дојде време, рим со своите легии го разурна ерусалем, ги протера скоро сите евреи од израел. Тие си го решија својот проблем, но оние кои го прифатија евреинот Исус како свој бог и неговата религија - имаа мака било каде да беа во римско царство. Затоа тие самите креираа ралигија која се дистанцираше од јудаизмот а се доближи кон римски паганизам и тоа се нарече христијанство.
Денес да стане од умрени покојниот Исус, прв ќе го осуди христијанството како лажна вера
 
D

dARK_ElementaL

Гостин

И во книгата "Воскреснати богови" е опишано дека во Ватикан на фреските покрај христијански има и пагански елементи. Нешто со Синот на Јупитер. Озирис со Изида, фауни...

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Отприлике е така али обратно. Христијаните се оние кои се прилагодиле на римскиот паганизам за да се спасат од прогони. Рим си беше моќен и владател на тогашниот свет, јудеја и евреите им биле неприатели али кога дојде време, рим со своите легии го разурна ерусалем, ги протера скоро сите евреи од израел. Тие си го решија својот проблем, но оние кои го прифатија евреинот Исус како свој бог и неговата религија - имаа мака било каде да беа во римско царство. Затоа тие самите креираа ралигија која се дистанцираше од јудаизмот а се доближи кон римски паганизам и тоа се нарече христијанство.
Денес да стане од умрени покојниот Исус, прв ќе го осуди христијанството како лажна вера
Ама ти не си ја сватил поентата,темата е со военополитичка заднина.Не полемизираме дали Исус Христос бил еврејски,ниту дали имало прогонство.Рим кој владеел од Британија до Африка,од Шпанија до Персија не можел да цивилизира една мала покраина Јудеја.Тие биле долго време во ропство,но не прифаќале ништо од Грчко-Римскиот свет,односно западната цивилизација.Затоа Римјаните создаваат секта со Персиски,Будистички елементи во основа Еврејска,која ќе му парира на Јудаизмот и ќе му го земе приматот и потоа ќе се инкорпонира во шареноликиот свет на Рим.Но таа секта Христијанството не добива голем одзив во Јудеја,туку го менува од корен Римскиот свет еднаш засекогаш.Затоа е и уништувањето на Ерусалим како револт на паганскиот Рим.Истотака паганскиот Рим со прогонства и мачење на своите кои се христијанизираат.Се со цел да го сопрат напредокот на таа секта која им се вратила како бумеранг бидејќи не била наменета за нив.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Има теорија дека Римјаните откако го освојуваат познатиот Стар свет,во неможност да ги потчинат Јудеите,за кои е проблем нивната религија.Римските учени смислуваат религија која е потолерантна и попристапна и со која Јудеите би се изедначиле со римскиот свет.Тоа е христијанството,но Јудеите не го прифаќаат туку римските граѓани,кои не биле целта.Дали ти си размислувал за тоа?
Frater Barrabbas,

теории „за ова„ и „за она„ има коклку сакаш, а она кое мене ме занима, тоа е ставот од Црквата по одредено прашање.

Христијанството, т.е. верата Христова не е риска измислица, туку е учење кое е изворно донесено од Спасителот, Кого јудеите Го чекаа, ама не Го препознаа, туку Го распнаа. Можеме да кажеме и тоа дека христијанството е усовршен јудаизам, каде Новиот Христов Завет го заменува Стариот. Римјаните пак, немаа(т) ништо ниту со Стариот ниту со Новиот Завет.

Така, „теоријата„ дека учењето Христово е римска „подметачина„ кон јудетите, паѓа со леснотија. Јудеите се премногу тврдоглави за да може било кој да им подметне лажно учење, а згора на све, сам Бог им праќаше на јудеите „коректори„ во облик од пророци, кои го опоменуваа Израилот секогаш кога Израилот го забораваше договорот меѓу Бога и Израилот.

Плус, први христијани станаа токму јудеите од Ерусалим, а подоцна, како Апостолите ја пренесуваа добрата Христова вест нис римското Царство, со таа вест се христијанизираа дури и самите римјани.
 
Во ред,но што правиме со персиските и будистичките елементи во христијанството?Кој ги внел тие или Исус Христос бил толку шетан човек што бил во Персија и Индија и сам ги прилагодил тие учења во новата јудејска секта.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom