НЕ трескајте глупости !
Физичка активност - депресијата и анксиозноста се поврзуваат обично со никаква активност, тоа не значи дека ако го правиш спротивното не си депресивен или анксиозен... лично јас кога имав анксиозност (велам имав, зошто сега мислам дека немам, сега може и полошо да сум

незнам) бев до толку многу активна дури хиперактивна,
Диета - и тоа не ви држи вода, и дебели и слаби и грди и убави (тука ке напоменам дека тоа е релативна работа и зависи од личниот вкус, па поради тоа и дали некој е грд или убав е релативна работа) сите у одреден момент можат да се најдат во состојба на анксиозност. Баш можам слободно да кажам ама кога не си го окупирав мозокот со тоа шо јадам, па кога си јадев шо ќе ми душа сака, си бев најсреќна.
И затоа ќе Ве молам сите без непотребни коментари и дискусии, оти овде читаат луѓе на кои им е потребна помош и на кои вашите коментари и тоа како можат да им влијаат на самодовербата, а анксиозноста е состојба поврзана баш со самодовербата. Илјада луге, илјада карактери илјада разлицни особини. Секој си е различен на свој начин и затоа работава со анксиозноста не треба да се генерализира, туку секој да си побара лична и стручна помош. Фала, пријатно.
p.s. Да ме видиш мене на газ ќе паднеш, па ете и ја имав анксиозност