Браво момче за логиката! Од некои причини го следам загадувањето на воздухот во Скопјево и можам да кажам дека од Април до крајот на Октомври, практично и неможеш да видиш загадување и вредности над 50 микрограми на многу штетните честички PM10 i PM2.5, за кои велат дека се смртоносни и дека во МК убиваат 1300-1400 луѓе годишно! Тоа е срам за СК за Те за Бт...срам за Малкедонија! Толку луѓе во војни се губат!... Срамно и жано! На листата меѓу првите 10 најзагадени во Европа според СЗО (Светска здравствена орг) за загаденост со PM2.5, а велат преземено од Гардиан....дури три наши градови....
еве на пр денес како е состојбата со PM 10 честички.... околу пладне кога има доста сообраќај и градежна активност, и работат сите три-четири индустриски загадувачи во полна пареа (нели прва смена)... кои се исто така фактори на загадувањето сепак денес 38....концентрација на PM 2.5 уште помала 22мкг/м3
Прегледај го приврзокот 178652
Да се присетиме PM10 (2,5) до 50 микрограми во кубен метар е дозволена концентрација, под 30 мало загадување, и под 20 е многу ниска загаденост... Нула веројатно нема нигде во урбана средина, но овде со почеток на грејната и чурењето на оџаците знае и до 500-600 да оди значи 10 пати повеке од дозволеното! Се разбира и урбаниот хаос во Тетово и Ск си го чинат своето како спомнав и сообраќајот и нешто од индустријата што остана, секако зимно време во Скопје и маглите, учмаениот воздух без циркулација, поради местоположбата котлина (како у дупка да е)... си го прават своето, но највеќе оџаците, значи греење на цврсто (јаглен дрва) и мазут што користат понекои јавни институции школи фирми се најголемиот причинител за загадувањето!!!.... Мислам во проценти лани објавија 50-60% Сообраќајот беше под 20% индустријата и градежната активност и прашина по 10 мислам (не сум сигурен) Топланите на БЕГ преминаа на плин ми се чини (или се лажам!?).... трагедија е што Скопје е единствена метропола во Европа во која е дозволено греење на дрва! А сиромаштијата, уште поке неинформираноста си го прават своето.. и за жал сеуште најдоминантен начин на греење е дрвото, мислам некаде прочитав меѓу 60-70% во МК се греат на дрва... Дрво, ОК ама во село или на планина... во Скопјево или Те или БТ треба да се забрани (Во Ск барем 5-6 км од центарот или во населбите во централно градско подрачје... Ама кај можеш тоа да го направиш пола Чаир Топаана Бутел се греат со крадени дрва, а тоа е секако најекономичното греење! Инаку да, се слагам, во 70-80квадрати два уреда Daikin со иљада Евра си го решил греењето долгорочно.... со сметки месечни во сезоната на греење, од 3,000-4,000 месечно! Колу е тоа кубик храстово дрво за греење!?