Тоа е, единствено чаре е да се начекуваат вака попусти и тогаш да ги земеш по цената која се продаваат во странство или барем приближно до неа, вака регуларните цени се напумпани до даска. Сепак освен цената, мене друго ми е најголем проблем, а тоа е квалитетот и ризикот од препакување и менување на состав од страна на нашите препродавачи или пак од некои други препродавачи од каде што тие зеле. Гледам да земам во тубичка што се со амбалажа пр Scitec, On, а некако шубе ми е кога ќе видам како во ќесичка спакувани како пример на My Protein. Може нема врска и ист е составот како што треба да биде, ама освен ако тестираш во лабараторија, вака никако не може да знае човек. И во тубичка тие секако има ризик, ама некако помал ми е, што знам...