Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
како може да се намалува максимална брзина од 60 на 50 кога е веќе 50.

Денес секој може да пишува во статии што сака. Последната деценија новинарство ептен избега од контрола.
Уствари сите се под контрола, пишуваат по нарачка.
А некои будали поверуваат во се што ќе прочитаат без да размислат за тоа што го читаат.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
Не беше така.
Акционерството го донесе Анте Марковиќ. Тоа беше еден од условите за прием на Југославија во ЕУ. Трансформација на сопственост, повеќепартиски систем.....
Секој врабоен доби акции врз основ на стаж и плата и до тогаш општествени фирми станаа акционерски.
Работниците можеа своите акции да ги продаваат, или да купуваат од други вработени акции или да се здружат повеќе работници па да имаат поголем удел во фирмата а со тоа и право на глас...
Но најчесто работниците ги продаваа а директорите ги откупуваа. Тука никој не им е крив. Државата им даде дел од фирми - тие си го продадоа тој дел и изгубија секое право за одлучување.
Втора битна работа беше што со распад на СФРЈ многу се отежнаа и работењата на фирмите, голем број од нив беа врзани со други фирми од СФРЈ и многу од нив извезуваа и набавуваа материјали или производи од други репулики или преку други републики. Се пресекоа увозите и извозите кои одеа преку хрватски пристаништа, се прекинаа пазари кон србија поради ембарго, се изгуби босна поради војната... грција ги затвори своите граници кон нас... и многу фирми се најдоа во тешка ситуација, или немаа материјали или им фалеа некои компоненти или изгубија пазари. СФРЈ беше пазар од 25 милиони без царини без граници без некои проблеми да стока пари и народ поминува, сега одеднаш излегоа куни динари толари денари марки долари... одеднаш некоја роба се најде на список на забранети на некоја им удираа царини, се зголемија транспорти... и почнаа да влегуваат во загуби фирмите.
Новопечените газди (кои откупија мнозинство акции) во најголем број не можеа да најдат решенија па не можеа да исплаќаат плати, доприноси, да враќаат кредити.. некои не сакаа ни да се замараат со опстанок на фирма туку распродадоа то шо вреди.....
Доста фирми за време на Бранко ги продадоа без да им се исплатат акции на вработените. Важно било да се продади фирмата па затоа.
Ако првите два огласи нема заинтересирани на третиот без обврски се продаваше фирмата. За ич пари ги купија фирмите.
Тогаш да се воспоставеше ред сега поинаку ќе беше.
Секоја влада што била досега имала во плана како да си го присвои државниот имот. Без исклучок. Бранко им го покажа патот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
како може да се намалува максимална брзина од 60 на 50 кога е веќе 50.
колку што памтам од 2015 есента е 50, не знам од каде искочи ова сега дека е.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
значи постоечките закони кои дпмне ги донесе сега од дпмне ги прикажуваат како зголемување на казните од страна на сегашнава влада.
овие закони се од крајот на 2015-та
а бидејќи дпмнеовци ни закони знаат ни закони почитуваат ќе поверуваат во оваква вест.

Збсп - пречистен текст_01.png Збсп - пречистен текст_02.png
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.685
Поени од реакции
28.148
значи постоечките закони кои дпмне ги донесе сега од дпмне ги прикажуваат како зголемување на казните од страна на сегашнава влада.
а бидејќи дпмнеови ни закони знаат ни закони почитуваат ќе поверуваат во оваква вест.

Прегледај го приврзокот 178500 Прегледај го приврзокот 178501
А зoштo не излезaт мaнгупи пa дa ги нaмaлaт?
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А зoштo не излезaт мaнгупи пa дa ги нaмaлaт?
Ама како тоа. Некој попаметен веќе го смислил тоа. Така беше и со договорот со Бугарија, и за законот за албанскиот јазик... некој поумен од сите нас веќе ги смислил законите, па не чини да се менуваат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.683
Поени од реакции
82.546
Законот го донесе Груевски, веќе доста дискутиравме за тоа на форумов.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ама како тоа. Некој попаметен веќе го смислил тоа. Така беше и со договорот со Бугарија, и за законот за албанскиот јазик... некој поумен од сите нас веќе ги смислил законите, па не чини да се менуваат.
Од тебе и капаче е попаметно, ти треба да се потрудиш да бидеш попаметен за да станеш глупав.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.685
Поени од реакции
28.148
Законот го донесе Груевски, веќе доста дискутиравме за тоа на форумов.
Пa штo aкo гo дoнел Груевски? Некa пoкaжaт декa се пoдoбри oд Груевски некa ги нaмaлaт кaзните
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
Од тебе и капаче е попаметно, ти треба да се потрудиш да бидеш попаметен за да станеш глупав.
џабе кога не мислат, земаат здраво за готово се што од штаб ќе им сервираат. прави ботови.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Токму така, и Фетула Ѓулен има свои структури во Беса.

Суфизмот е исламска секта, а бекташиите не се рачунат како муслимани туку како посебна религија.
Иначе многу блиски се суфизмот и бекташизмот, бидејќи бекташизмот е оформен од суфисти.

Не верувам дека ќе се дозволи Беса да дојде до власта на централно ниво, исто како Самоопределување во Косово, за кои исто како и за Беса излегоа информации дека се финансирани од источен канал.
Суфиите, Бектешите, Турските Алеви и Сириските Алавити се сите припадници на онаа подгрупа во Исламот наречена Шиити кои се 15% т.е. малцинство во Исламот бидејќи мнозинство се Сунитите преку 80% од сите Муслимани !
Овие Шиите се дури и мнозинство во некои држави како Иран (90%) Азербејџан (90%) Ирак (60%).[DOUBLEPOST=1507299035][/DOUBLEPOST]
Пa штo aкo гo дoнел Груевски? Некa пoкaжaт декa се пoдoбри oд Груевски некa ги нaмaлaт кaзните
А не никако тоа ... државната каса мора да се полни, ниту еден закон дури и да е Грујов диктаторски не смее да се поништи бидејќи пред се е најбитна нели државната каса, а не народецот !
Полиции, инспекции, извршители, високи даноци и казни пак хараат и фрчат и покрај тоа што диктаторот и мафијаш Грујо падна од власт, а спасителот ни небесен Зајко црпнатиот од Муртинската нива веќе пола година си го лади во влада !
 
Последно уредено:
P

psychostasia

Гостин
А зoштo не излезaт мaнгупи пa дa ги нaмaлaт?
Оти да ги намалат? Не треба ништо да намалуваат туку само треба да ги спроведат правично кон секој што ќе направи прекршок. Наместо некој да го јаде 300 евра оти на цајканот му се видела резервната гума ненапумпана, а други прелетуваа со 150+ низ град и влечеа луѓе па ги пуштаа оти беа синови на големци, може овие да излезат мангупи и да го спроведат без вакви селекции.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.685
Поени од реакции
28.148
Оти да ги намалат? Не треба ништо да намалуваат туку само треба да ги спроведат правично кон секој што ќе направи прекршок. Наместо некој да го јаде 300 евра оти на цајканот му се видела резервната гума ненапумпана, а други прелетуваа со 150+ низ град и влечеа луѓе па ги пуштаа оти беа синови на големци, може овие да излезат мангупи и да го спроведат без вакви селекции.
Некa ги нaмaлaт кaзните зaштo пaк ке бидaт кaзнувaни тие штo немoжaт дa плaтaт
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom