за другите не знам, за макс брзина до 50 донесен е закон пред неколку години (2015 мислам, имаше тема на кајгана). Овие преземале од скопјеинфо, а тие или го преспале периодов или е со конкретна цел. Читајќи ги редовно ск. инфо, веројатно е второто -со конкретна цел. Со република и курир вртат едни исти "новости"
какво 60, 50 беше и досега дозволена брзина во населени места.
И јас знам дека ограничувањето на 50 километри на час го воведоа пастирот и пвеводбениците. Истото го помнам и за велосипедските светла, но бидејќи исто како и ти не ги знам баш сите новитети, сепак одлучив да ја објавам статијата.
@Dexter26 Јоци, сакаш леш пијан да се возиш ко диме спасов по Скопјево, а?
На законот му фали само спроведување, ништо друго.
Јоци ќе ја прашаш за тоа Мирке, јас се држам настрана од алкохол, а за алкохоличарот не верувам дека законот многу му важи кога паметот му е во облаци.
Знам дека мој близок загина од трезен откако го удри со автомобил, а трезниот си заработи само 3 месечна затворска казна - откако му го сплеска мозокот на хаубата врз тротоарот, а ако трезен може да фура со 60 и повеќе километри на час на тротоар, па за пијаните може само да се претпостави какви ужаси можат да направат. Инаку, ова беше во 2009 година, кога пвеводбениците и нивниот пастир си беа на власт сместени како бубрег во лој.
Во меѓувреме, додека Курто и Мурто си ги мерат, обичниот смртник очекува некои ситници кои не чинат баш многу за реализирање.
http://natochak.blogspot.mk/2017/10/blog-post.html
Програма на Вела Точкаровска „Вело-град во еден мандат“
05 October, 2017
Напомена: Вела Точкаровска е измислен лик од велосипедската заедница чија цел е да ги предизвика автоцентричните парадигми на реалните кандидати за градоначалници и советници за локалните избори.
Погледите на Вела се долгорочни и непопуларни, но суштински ги решаваат некои од проблемите на градското живеење.
Очекуваме што поголем дел од реалните кандидати да се охрабрат да преземат дел од нејзините предлози. Ќе биде добро за сите нас!
Доколку тоа не се случи, доколку продолжиме со проекции за зголемување на процентот на автомобилски сообраќај, за нови ленти за возила; ако не планираме за смалување на капацитетот за автомобили, а зголемување за автобуси, велосипеди и пешаци, Градот ќе ни тоне во се поголема агонија. Се надеваме дека нема да мора да учиме низ сопствените грешки.
Facebook профилот на Вела е достапен
тука.
Twitter профилот,
тука.
Прочитајте што кажува Вела во воведот и поединечните точки во продолжение.
11-те точки од нејзината програма се достапни и на Facebook,
тука, а во twitter нишка,
тука.
Точка 0. ПОИНАКВА И ПОХРАБРА ВИЗИЈА
Луѓето сакаат да го чујат она на кое се навикнати, сакаат да им бидат потврдени навиките кои си ги имаат и ретко сакаат да ги променат, дури и кога тоа е на подобро.
Политичарите најчесто играат на картата на помал отпор, дури и кога тоа е по цена на квалитетот на живот на луѓето.
Тоа ќе се случува и на овие локални избори, ќе се ветуваат проширувања на улици (на сметка на што е проширувањето? Најчесто на сметка на тротоари или зеленило), ќе се ветуваат паркинзи, зашто колата е опцијата на која голем дел од луѓето се навикнати да биде третирана како приоритет. Но тоа не значи дека е единствена и најдобра...
Од друга страна, должност на еден кандидат за градоначалник или советник е да знае за предностите и последиците од различни видови на политики (про-автомобилски или про-зелен транспорт), должност е да биде во тек со трендовите во светот (car free градови) и должност е да учи од искуствата на други градови (од грешките и од позитивните искуства) и за тоа да ги едуцира и информира граѓаните.
Должност на една одговорна локална власт е да презема чекори во насока на поквалитетен живот на граѓаните СЕГА и за она што ќе го остави на идните генерации. Градските власти кои прошируваат улици за коли и предвидуваат паркинзи на пешачки патеки, во пешачки зони и центри, кои стеснуваат тротоари и сечат дрвја за широки коловози, можеби на краток рок ќе бидат отпоздравени за нивните одлуки, но на долг рок оставаат лузни на градот. Свеста расте. Критичната маса расте. И таквите политики ќе бидат запаметени како погрешни и неодговорни од историјата.
Моите погледи се подолгорочни.
Јас знам дека за да го направиме Скопје подобро и поубаво место за живот, некогаш ќе мора да одиме против струјата. Ќе ни се лутат оние кои навикнале да паркираат пред врата на почеток, но со тек на време ќе сфатат дека слободен пешачки пристап прави и тие да се чувствуваат подостоинствено како човечки суштества. Повеќето сме навикнати да возиме кола во Скопје, но кога сме во Берлин или Копенхаген преферираме јавен превоз или точак и уживаме во тоа. Зашто градовите се направени така, да се ужива во тие начини на превоз и да бидат побрзи и поослонливи од автомобил.
Разликата е што таквите политики се од добробит на целата заедница, за разлика од про-автомобилските. Не загадуваат, не креираат бучава, намалуваат гужви, зголемуваат безбедност, ги поттикнуваат луѓето да се движат повеќе и да се во контакт со градот, добри се за сите генерации и способности!
Не може да очекуваме квалитетот на живот драстично да се смени кон подобро, ако политиките го одржуваат про-автомобилското статус кво. Не може да станеме Виена или Копенхаген ако продолжиме по старо со паркирање по тротоари и кејови, со т.н. реконструкција на улици која го реконструира само коловозот, а не и тротоарот... со автобуски ленти кои се автомобилски ленти... со семафори кои го демотивираат пешачењето...
Мора да има поместување во политиките, приоритетите, распределбата на буџетот за да има поместување и во тоа како градот дише, пулсира, живее!
Се залагам за похрабри политики, за секогаш одење чекор понапред!
Сонувам за Скопје во кое нема да се слуша бучава од сообраќај, туку врева од детски џагор на улиците. Во кое ќе шумолат дрвја, а не мотори. Во кое граѓаните ќе бидат активни, ќе пешачат, џогираат, возат точак и ќе го подобриме јавното здравје!
Во кое животот на човекот ќе биде поважен од брзината на автомобилот.
Во кое ќе доминира незагадувачки сообраќај…
Во кое граѓаните ќе бидат поздрави, порасположени и посреќни!
Во продолжение е мојата програма.
Заедно да направиме храбар чекор напред!
Точка 1. БУЏЕТ.
ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА - ПРИОРИТЕТ ЗА ТРОШЕЊЕ НА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ
Посебни ставки во буџетот за зелен, незагадувачки, здрав превоз.
Не се убавите зборови она што потврдува што се приоритетите на една градска власт, туку буџетот.
Може да кажуваме колку сакаме дека ни е гајле за чист воздух и здрави граѓани, но ако вложуваме во нови ленти за нови автомобили, место во специјални ленти за јавен превоз и велосипедски и пешачки патеки со висок квалитет, тоа едноставно не е точно.
Буџетот на Град Скопје во мојот мандат ќе биде доказ за моите зелени приоритети.
Урбаното планирање по мерка на човекот, планирањето на транспортот на одржлив начин и зеленилото ќе бидат највисоко на мојата и ваша агенда и најголем буџет ќе оди на проекти од добробит за здравјето на граѓаните и квалитетната животна средина.
За да ги поттикнеме луѓето да се превезуваат на незагадувачки и здрав начин, во следните 4 години приоритет ќе дадеме на вложување во јавниот превоз, велосипедскиот сообраќај и пешачењето.
Средствата издвоени за нив ќе се водат како посебни ставки во буџетот. Така на крајот од секоја година ќе може да се направи лесна споредба, колку сме станале позелени во споредба со претходната.
Точка 2: ГРАД КАДЕ ЖИТЕЛИ СО ПРАВА СЕ ЛУЃЕТО, А НЕ АВТОМОБИЛИТЕ.
Тротоарите се за пешаците, патеките за велосипедистите, а не за паркирање!
Градот ќе го планираме и управуваме со луѓето во фокус, ќе ја превртиме сообраќајната пирамида.
Приоритетни ќе ни бидат пешаците, па велосипедистите, па јавниот превоз, па индивидуалниот автомобилски превоз, како во секој град што се залага за квалитетен живот.
Ќе престанеме со децениските назадни политики на решавање на сообраќајните проблеми преку проширување на улиците за да вдомат што повеќе автомобили. (во движење или за паркирање, сеедно). Улиците се јавни простори и место за луѓето, не за возилата. Возилата ќе ги третираме како едно од можните превозни средства, а не единственото и секако не на пиедесталот.
Во нашата визија за градот ЧОВЕКОТ е на пиедесталот, неговото здравје, неговата добробит, неговите можности за мобилност, без оглед на начинот на превоз кој го избира, без оглед на физичките способности, материјални примања, пол, возраст итн. Моментално Скопје е место каде само оние кои имаат кола (а тоа се 25% од населението) имаат право на улиците. Каде се оние кои воопшто немаат кола, каде се жените кои помалку возат, каде се децата, постарите, луѓето со пречки во движењето? Луѓето кои свесно избираат активен и здрав превоз како свој личен избор, луѓето кои ни помагаат на сите да дишеме почист воздух? Луѓето кои не се чувствуваат доволно безбедно во моменталните услови?
Досега беа на маргините. Досега планирањето не водеше сметка за луѓето и го гризеше пешачкиот и велосипедскиот простор.
Ќе планираме свесно имајќи ги предвид сите граѓани со секакви можности и ќе го направиме Скопје подостоинствено место за живот за ЛУЃЕТО. Ќе овозможиме палета на транспортни ОПЦИИ.
За почеток ќе ги ослободиме тротоарите и велосипедските патеки (просторот што моментално го имаме) од нелегално паркирани возила во соработка со полицијата или ќе оформиме специјална градска служба на комунални редари. За почеток ќе ги препрограмираме семафорите. А веднаш после тие мали „детали“, ќе пристапиме и кон сосема поинакво планирање. За улици каде ќе се чувствуваме како ЛУЃЕ.
Точка 3. ГРАД БЕЗ ЖРТВИ ОД СООБРАЌАЈ
Безбедни улици за децата, постарите, пешаците, велосипедистите, ранливите.
За разлика од трендовите во другите држави во Европа, каде изминатите години драстично паѓа бројот на жртви во сообраќај, кај нас изминатите години баш се зголемува. На ниво на Македонија од 2014-та навака бројот расте: 2014- 130 луѓе убиени во сообраќај, 2015-та - 144, 2016-та - 164 луѓе. Огромен број од тие жртви се во Скопје, во градска средина.
Зошто е тоа така? Затоа што додека развиениот свет работи на системска одговорност, тука ние сè уште навиваме за лична одговорност. Виновниците секако треба да одговараат и повеќе отколку досега, но апелирањето на лична одговорност е застарен пристап кој нема ефект. Правите улица која личи на автопат, а му кажувате на возачот да биде лично одговорен и да вози, 30, 40, 50 km/h. Отстранувате лежечки полицајци во надеж дека знакот е доволен. Не функционира никаде.
Затоа, како локална власт имаме огромна одговорност да создадеме инфраструктура за посакуваното однесување. Ако сакаме безбедно и смирено однесување во сообраќајот, ќе создадеме улици кои тоа ќе го поттикнат, а ќе го оневозможат дивеењето. Ако сакаме почит во сообраќајот меѓу различните учесници, мора да им укажеме почит пред сè ние како локална самоуправа со издвојување на посебен простор. (за пешаците, велосипедистите, со акцент на децата, постарите, лицата со пречки во движењето). Ако се почитувани од градските власти и од самиот дизајн на улиците, ќе бидат почитувани и од возачите.
Скопје ќе биде прв град во регионот со Визија Нула, т.е. Визија за нула жртви од сообраќај. Се смета дека речиси сите сообраќајните судири со смртни последици може да се избегнат, особено во градска средина, со соодветни инфраструктурни решенија.
Скопје ќе биде град во кој достоинствено и ненасилно ќе се вози, со почит кон ранливите учесници во сообраќајот.
Ќе направиме стратегија за успорување на сообраќајот преку дизајн на инфраструктурата.
-Во Скопје бидејќи нема улица каде смее да се вози над 50 km/h, следствено ќе нема ленти за автомобили пошироки од 3m на булеварите. На улиците каде ограничувањата се пониски, лентите ќе бидат и потесни. Ќе спроведуваме патни диети (road diets).
-Секоја нова улица или секоја постоечка улица при реконструкцијата ќе мора да добие безбедно решение за пешаци и велосипеди, без тоа нема да се смета за комплетна. Во тесни улици ќе биде неопходно мешање, но тогаш мора да биде јасно назначено дека ранливите групи имаат предност.
-Зоните на смирен сообраќај нема да се однесуваат само на околините на училиштата, туку на цели маала, распространети низ цел град. Зоните 30 нема да ги дефинираме само со знаци, туку со подигнати пешачки премини, платформи за успорување, искривување на текот на коловозот итн. Маалските улици повторно ќе станат место каде децата безбедно ќе играат.
-Во Скопје ќе биде задолжително да се прават алтернативни решенија за движење на ранливите учесници во сообраќајот за време на градежни работи (пр. во случај на поправка на постоечка пешачка/велосипедска патека ќе се одземе дел од автомобилската за да има каде да се движат велосипедистите/пешаците).
-Во Скопје нема да ја славиме брзината губејќи животи, туку ќе го славиме животот.
Град со НУЛА ЖРТВИ од сообраќај. ВИЗИЈА НУЛА, а не нула визија.
Точка 4. НАМАЛУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ГУЖВИ И ХАОСОТ
Обезбедување простор за различни типови сообраќај
Прашањето на мобилноста во сообраќајот е прашање на простор, а просторот е ограничен, конечен ресурс кој мора паметно да се користи.
Колку погуст е градот, толку помалку може да се ослонува на автомобилот како решение за мобилноста и мора да бара просторно поефикасен сообраќај како решение за метежот.
Зошто? Затоа што во иста лента со ширина 3.5 метри ќе се превезат поголем број луѓе ако се намени во лента за автобуси, а не за коли.
Дали ќе бидеме пеш, на точак, во кола, автобус или трамвај - не зафаќаме еднаков простор и не придонесуваме еднакво кон гужвите.
Проблемот на метежот во нашиот град доаѓа од возилата. Скопје е густо населен град со возила. Досега кон проблемот со пристапуваше преку ширење на коловозот на сметка на пешачките патеки или зеленилото, но тоа не може да оди до бескрај. "Adding highway lanes to deal with traffic congestion is like loosening your belt to cure obesity." - Lewis Mumford, 1955
Единствен начин да се реши проблемот со метежот во Скопје е да се даде примат на јавниот превоз и на велосипедскиот сообраќај и пешачењето, а индивидуалните возила да се стават на последно место на пирамидата (на каков погон и да бидат, сеедно, возило ќе зафаќа ист простор).
Ќе ги напуштиме сообраќајните парадигми на 20-тиот век кои единствено се грижеа колку АВТОМОБИЛИ може да поминат по улицата и да се паркираат на паркинзите. Конечно ќе влеземе во 21-ви век каде прашањето е колку ЛУЃЕ може да поминат по оваа улица со сите различни начини на превоз. Сообраќајните инженери ќе почнат да бројат луѓе, а не само возила.
Тротоарите ќе им ги вратиме на пешаците и секаде каде што има потреба, ќе ги прошириме.
На сите улици ќе постојат велосипедски решенија (некаде во облик на издвоени патеки, некаде како споделен простор со возилата, ама при намалена брзина).
Дрворедите ќе станат задолжителни за речиси секоја улица.
На поголемите булевари ќе пренамениме една од лентите за јавен превоз.
Скопје ќе стане мултимодален град, каде ќе луѓето ќе имаат избор со што да се превезуваат. Квалитетот на јавниот превоз, велосипедската и пешачката инфраструктура ќе се подигнат и Скопје ќе стане град со порелаксиран сообраќај.