Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Го постирав ова во Гурманско катче, па ако може некој да ми даде препорака.

Може ли некој да препорача добар, квалитетен и остар готвачки нож на нашиот пазар, кој би ме служел долго време?

Од Трамонтина квалитетни ли се?
Земи си Vicotrinox, ги имаш во Домнет (до собранието) и помал избор имаш во Хубо. Швајцарски квалитет, долга традиција.
За Трамонтина знам дека се ептен ниско буџетни ама не од ѓубрето, туку од страна на ,,доволно квалитетните'', доволно да те послужат. Сепак јас би одел со Викторинокс.
 
Последно уредено:
Го постирав ова во Гурманско катче, па ако може некој да ми даде препорака.

Може ли некој да препорача добар, квалитетен и остар готвачки нож на нашиот пазар, кој би ме служел долго време?

Од Трамонтина квалитетни ли се?

Еден познат готвач не ми текнува како се вика ама знам дека е французин и вика не е важно моделот туку само да е удобен и остар и практичност затоа не се замарај

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Возен ред за автобус од Струга до Скопје или некој да ми предложи алтернатива ми треба за недела сабајле да се вратам Скопје.
 
Возен ред за автобус од Струга до Скопје или некој да ми предложи алтернатива ми треба за недела сабајле да се вратам Скопје.
http://mktransport.mk/vozen-red/tt/bus/fsn/struga/tsn/skopje
за секој случај провери и на телефон дали е овој возниот ред, оти Македонија, никогаш не се знае
 
Schritte International A1/1 книгата дали ја има некаде? Барав во Просветно Дело ама им биле сите распродадени (во сите продавници).
 
Schritte International A1/1 книгата дали ја има некаде? Барав во Просветно Дело ама им биле сите распродадени (во сите продавници).
ќе ти одговара да видиш овде преку Реклама 5?
https://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=2403601
не знам дали овие се онлајн аудио фајлови за програмава
https://www.hueber.de/seite/pg_lehren_audios_sit
 
Последно уредено:
Каде можам да купам јапонски алкохолен пијалак - саке? Или пак специфични јапонски садови, како на пример оние длабоките bowls со стапчиња што одат заедно ??
 
Луѓе ај малку помош. Може ли да се најдат негде оние зелените ранци уште во југославија што ги давале како војнички се така со дебели врвци се врзуваат слушнав дека луѓе што работеле во МВР дека од МВР ги земале?
 
Прашај во продавницата на Camouflage MK (се наоѓа позади Универзална сала).
http://camouflage.mk/
 
Асални топли папучи за по дома?
Искрено од сите топлинки до сега што сум ги носел, најзадоволен сум од оние со потврд и повисок ѓон (ако може ѓон да се нарече), а горниот дел им е од материјал како тенко ќебе. Квалитетни се, топло држат и многу се удобни. Ги купив пред 3 - 4 години од Зелен Пазар или Бит Пазар и еве уште ги носам. Цената им беше околу 200 - 250 денари. Презадоволен и топло ги препорачувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom