Аман. Не е толку тешко да се разбере: Ограничувањата важат само за обичните граѓани.
Криминалците и терористите набавуваат оружје без потреба од никакви дозволи. Што се случува кога се носат се построги закони, или забрани, за поседување огнено оружје?
- Криминалците и терористите не се засегнати, тие секако нелегално ќе го набават (и поседуваат) оружјето.
- Обичните граѓани се тие кои ќе останат без оружје, и без можност да се бранат кога ќе се десат такви смртно опасни ситуации.
Уште еднаш: Дедо Љубе пред некоја година да ја немаше пушката, што ќе се случеше со него и со бабата?
Или замисли во Париз, за време на терористичките напади: дали се ќе беше така поволно за терористите ако обичните луѓе поседуваа оружје, како што е тоа случајот на пример во Тексас, или во Чешка? На пример во тој театарот во кој на концерт беа убиени над стотина посетители, што ќе се случеше ако терористите на бината, би ги дочекале дузина вперени пиштоли од публиката?
http://www.breitbart.com/london/2017/06/29/czech-republic-passes-constitutional-right-to-bear-arms/
Додека вие овде повторувате глупава пропаганда за забрана на огнено оружје, во држави како Чешка носат закон со кој обичен граѓанин ќе може легално да пука во терористи за време на терористички напад.
Се прашувам кој ќе помине подобро, еднаш кога работите ќе станат заебани?