Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.313
Поени од реакции
12.314
Но ако веруваме на писанијата на апостолите, Исус не е распнат од толпа, туку од римјаните, според законот на Рим: ако се бунтуваш против императорот, ќе бидеш распнат.
Ниту еден евреин не се дрзнал да го распне Исус бидејќи можеби, велам само можеби, го гледале како нешто битно, но не како спасител кои тие го чекаат даден во нивниот закон!
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Не ми беше целта да зборувам за распнувањето на Исус,тоа го зедов само за пример.Толпата која била наговорена од свештениците,да го избере Варава место Исус,кој да биде ослободен од Римјаните.Перење на мозок уште пред 2000 години.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Не мора да значи дека е така. Не мора да значи дека некој одма ќе се согласи затоа што така верувал до тој момент. Не секој го прави тоа.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Така е.Ти може свесно тоа да не го прифаќаш.Но што е со потсвеста откако ќе изгледаш некој пропаганден филм.Тоа се врежува во потсвеста и стои таму се до одреден момент кога ти ќе наидеш на некој настан во реалниот живот и ќе извлечеш аналогија.И тогаш бум,ќе извршиш нешто кое не е добро,и ти порано не си го прифаќал.Исто како некој друг да ти го раководел телото.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.313
Поени од реакции
12.314
Стариот еон ве научи дека мора да имате пастир... не е толпата крива. Самите се убедивте да верувате дека сте грешни, дека ви треба спасител, пастир, да ве водат, дека вашите размисли во очите на некаква црква или хиерархија се небитни ако не се во согласонст со таа хиерархија ...
Примерите што постојано веќе неколку дена тука ги расправате ви се христијански и старо-еонски и не водат кон подобро... само раскажувате сказни како било...
Да заборавиме како било... видовме дека ништо од тоа не бидува.

Во „Книгата на Законот“, во кој е даден Законот на Новиот еон се вели ова:
„Вие сте против народот, О мои избрани!“
- Liber AL, II:25

Доста со толпата, ако единката е болна! Ако ја оправиме Ѕвездата, ќе се оправи и Човештвото!

П.С. И од таа толпа доаѓаат иницијанти... од човештвото. Како тогаш толпата е онаа што не ја бидува?
 
Толпата е најлесна за манипулација,особено преку медиумите.Орсон Велс тоа го докажува со својата радио драма Војна на световите во 1938 година.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Така е.Ти може свесно тоа да не го прифаќаш.Но што е со потсвеста откако ќе изгледаш некој пропаганден филм.Тоа се врежува во потсвеста и стои таму се до одреден момент кога ти ќе наидеш на некој настан во реалниот живот и ќе извлечеш аналогија.И тогаш бум,ќе извршиш нешто кое не е добро,и ти порано не си го прифаќал.Исто како некој друг да ти го раководел телото.
Не е точно. Никој не може да ме натера да направам нешто што не сакам. Никаква пропаганда. И не може да ми навлезе толку длабоко нешто во потсвест освен ако јас не му дадам.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.313
Поени од реакции
12.314
Толпата е најлесна за манипулација,особено преку медиумите.Орсон Велс тоа го докажува со својата радио драма Војна на световите во 1938 година.
Не е лесна за манипулација. За засплашување, има поголеми шанси.

Зошто постои христијанството и исламот?
Заради чудното чуство на страв од смртта и незнаењето што самите се убедивте дека е вистина бидејќи ве заморуваа со тоа со векови, секој ден ...
И што направи? Наместо да се истражува или да се прифати сето тоа „страшно“ како неодминливо или да се обидуваме да го одложуваме за што подалеку временски - христијанството и исламот што ве научија?
Дека верувањето е најбитно, над знаењето и науката, дека сте грешни ако не сте дел од хиерархијата, ширејќи омраза кон другите под закрила на љубов, но љубов само кон оние како вас, не и кон различните.
Стариот еон ги скара боговите, ги скара браќата, ги уништи науките од дамнина - кои мораа да преминат во „илегала“ - тајни учења за да ете сега полека пак се враќаат назад.
Да, од секогаш постоеја тајни учења и луѓе кои од мракот појавуваа светлина - научна светлина која денес и Црните ја користат иако лаат против истата!
Да бидат проклети со еони!
Човекот мора да се едуцира, да се научи да истражува.

Во еден есеј од „Препород на Магиката“, кој се однесува на „Едукација на Децата“ се вели:

„Едукацијата ги припрема индивидуите да се соочат со средината.
Од детството децата треба да се соочат со фактите кои се незагадени од објаснувањата.
Оставете ги да мислат и да делуваат за себе; оставете го нивниот вроден интегритет да се иницира самиот себе!
Наведете ги да ги истражуваат сите животни мистерии, да ги надминат сите опасности.
Лажноста и стравот се нивни единствени непријатели.“

Стравот е причина да верувате во сешто! Тоа создава кастрирани млади луѓе кои ќе умираат како кукавици - и ќе убиваат како кукавици за да бидат „во живот“!
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Не е точно. Никој не може да ме натера да направам нешто што не сакам. Никаква пропаганда. И не може да ми навлезе толку длабоко нешто во потсвест освен ако јас не му дадам.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Сега така мислиш.Но самиот кажа дека си го прифатил мислењето на Ниче Димовски од емисијата Јади Бурек,иако знаеш дека тоа не е добро.Во изминатата година видовме изманипулирани граѓани од двете страни кои протестираа.Дури и насилно влегоа во Парламентот и некои извршија кривични дела.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Не е точно. Никој не може да ме натера да направам нешто што не сакам. Никаква пропаганда. И не може да ми навлезе толку длабоко нешто во потсвест освен ако јас не му дадам.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Jas mislam deka se zavisi od stepenot na covekovata volja i nejzinata silina.Ako imash silna volja,kje im se sprotivstavish na onie koi sakaat da te navlecat na i vo neshto losho. :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не. Не се мои грешки. Јас реков дека според теоријата за јин и јанг е така. Грешка направиле тие што ги вмешале јин и јанг во општествениот систем и ги споредиле со доброто и злото. Според мене Јин и јанг немаат врска со доброто и злото. Тие си се само имиња на бинарните елементи. Бидејки како што напишав во претходниот пост:
"Патот му даде раѓање на единството, единството на дуалноста".
1. Овде испаѓа ако доброто и злото потекнуваат од исто нешто дека и тие имаат цел на сопственото постоење.
2. Исто според филозоф. за јин и јанг, јин им дава дух на нештата а јанг форма. А јин го споредуваат со злото,јанг со доброто. Испаѓа злото ни дава нас дух.
Затоа не треба да се поврзуваат јин и јанг со добро и зло. Бидејќи тоа нема смисла заради овие две работи.
dARK_ElementaL,

ем самиот се повикуваш на „јинг-јанг„ дуалноста, ем велиш дека не се твои грешки? Па зашто не се повикаш на некое друго учење, кое можеби е помалку грешно или дури и точно?[DOUBLEPOST=1506765921][/DOUBLEPOST]
Добар креатор створил добри нешта. Да секако дека е така.

31. И виде Бог дека е многу добро
се она што го беше создал. И би
вечер и би утро- ден шести.
(Битие 1: 31)

Сепак има повторно проблем што се јавува во стариот завет.
Бог им вели прво на луѓето:

13. Не убивај
(Исход 20: 13)

А потоа вели:
20. Кој ќе принесува жртви
на други богови освен на
Единиот Господ, со смрт
да се истреби.
(Исход 22: 20)

Зошто Бог им вели прво да не убиваат а потоа да истребат со смрт ако некој на друг бог му дава почит?
Нели би било пак тоа убиство?
И зошто Бог ако е семоќен не ги казнува сам тие што се клањаат на пагански богови туку ги тера луѓето на тоа? Не би имало смисла.
Дали Бог стварно го дал тој закон (Исход 22:20) или евреите си претерале малку повеќе?
Не знам што кажуваат посочениве стихови, Дај подобјасни ги...[DOUBLEPOST=1506766023][/DOUBLEPOST]
Не е точно. Никој не може да ме натера да направам нешто што не сакам. Никаква пропаганда. И не може да ми навлезе толку длабоко нешто во потсвест освен ако јас не му дадам.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Велиш дека „као„ не си дозволувал? А што ако веќе си изманипулиран, а не си свесен за тоа?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не мора да значи дека е така. Не мора да значи дека некој одма ќе се согласи затоа што така верувал до тој момент. Не секој го прави тоа.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Секој не, ама она сигурно на дваесет и кусур год.
За да не мора да значи .......ќе мора уште еднаш да си ги искусил сите агонии поврзани околу раѓањето, втор пат роден да си. Ти си се родил ли по втор пат?
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Сега така мислиш.Но самиот кажа дека си го прифатил мислењето на Ниче Димовски од емисијата Јади Бурек,иако знаеш дека тоа не е добро.Во изминатата година видовме изманипулирани граѓани од двете страни кои протестираа.Дури и насилно влегоа во Парламентот и некои извршија кривични дела.
Тоа мислење сум го имал и пред Ниче Димовски да го каже во емисија. Што значи не сум го прифатил.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
dARK_ElementaL,

ем самиот се повикуваш на „јинг-јанг„ дуалноста, ем велиш дека не се твои грешки? Па зашто не се повикаш на некое друго учење, кое можеби е помалку грешно или дури и точно?[DOUBLEPOST=1506765921][/DOUBLEPOST]

Не знам што кажуваат посочениве стихови, Дај подобјасни ги...[DOUBLEPOST=1506766023][/DOUBLEPOST]

Велиш дека „као„ не си дозволувал? А што ако веќе си изманипулиран, а не си свесен за тоа?
Не се повикав на таа теорија. Само ја напоменав. И реков дека треба да се одвои филозофијата за јин и јанг од општествениот систем.

Не сум манипулиран затоа што јас не наметнувам никакви мои ставови и мислења ниту пак верувања на никого. Го почитувам туѓото мислење или верување. И гледам да си го живеам животот со оние што ги сакам. Зборувам во мое име. Се што правам, го правам во мое име а не на некој друг. Да бев манипулиран ќе свирев како некој друг ми диригира.

Многу добро знаеш што значат стиховите.
Првиот е VIта заповед. А вториот е закон кој отворено вели да се убие некој кој дава почит на друго божество освен Господ

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom