Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
зошто нема навивачка група од велес со постојана бројка од 50 души која навива на сите натпревари на борец и други прашања кои ме мачат
На првата дома со Брегалница дојдов во Велес специјално за утакмицата и видов доста членови на Гемиџии седеа негде под ложата ама не навиваа.А и позади голот имаа напишано парола
-Клубот го купи нас не.Јас како шо знам воџите се партиски членови на опозицијава а клубот го купи човек од власта.Сигурно знаеш за кои зборувам.
 
На првата дома со Брегалница дојдов во Велес специјално за утакмицата и видов доста членови на Гемиџии седеа негде под ложата ама не навиваа.А и позади голот имаа напишано парола
-Клубот го купи нас не.Јас како шо знам воџите се партиски членови на опозицијава а клубот го купи човек од власта.Сигурно знаеш за кои зборувам.
о да :D и јас бев таму, си ја гледав утакмицата, како и секоја оваа година на домашен терен :) баш поради таа политика нема навивачка група од 50 души која навива на сите утакмици на борец
 
Се прашувам кога некои "луѓе" ке сфатат дека не се врти се околу нив.
 
Мразам свадби. Дури кога сум во многу тесно ги наоѓам најбаналните изговори само за да не одам, како на пример лани кога реков дека имам организирано да одам на 3 утакмици ЕП во Франција. :pos::pos:
За жал утре нема ама баш никаков начин да не одам, многу близок бил овој, нешто кум требало да му бидам. :tapp:
 
Драга Кајгана,
Јас сфаќам дека човечки, а и Христијански е да се простува, ама не можам да ги сфатам овие луѓе што си пцујат мајки, сестри, си забодуваат нож во грб, си копаат гробови, а после тоа се тоа го потиснуваат во себе и пак се некои пријатели што само на тоа се насмевнуваат, иако повторно истото си го прават. Не знам, но јас сум таков човек што знам да простам, но човек кога ќе ми згреши после тоа гледам да го дистанцирам. Некој кој веќе еднаш ти забодел нож во грбот не може повторно да ти биде пријател.
 
Најлоши се тие што ти забодуваат нож, те заебат во сите можни прилики свесно, и на крај кога се менуваат времињата ти се прават "другари" без никаков срам, ти пријдат во стилот "кај си тииии, си се изгубил човече"
 
Последно уредено:
Сто години студираат и уште доаѓаат неисправни на студентски со непотполнети документи или пак со запишани погрешни предмети, и после се чудат гужва било.
 
Драгице,
петок навечер а јас:

сеа пошто ги нема во недела во 11 ... можам коа сакам да си ги слушам:smirce:
Како можеше вакво нешто да заврши :(
 
Оној Саша Ковачевиќ по кој пат е тука задњиов месец? Дај и она Дежа Ву нека го затворат веќе, ми е гајле дали било праведно или не, збирштина на гамад.
 
Еве и јас да се избацам од илегала и да пишам збор два ваљда нема да ти смета, пошо глеам доста срања трпиш а ќе има место и за моите си велам. Оти ко шо рекле стари книга се трпи, а сетики ова виртуелна книга шо го викате дневник чува страна две и за мојте умотворби и гомненици.

Добро бе да му...до кога вака кај нас ова пиењево кафе ќе се смета за елитна ствар и врвно достигнуче?
Како бе успеавме овај рутински дневен ритуал кој се практикува низ цел свет толку да го искомплицираме? Ова ваљда само кај нас и во околијава го има. Па она да ти биде срам да седнеш и да се напиеш кафе во сабота денски ако не изгледаш ко на она модната недела што беше во Њујорк.
Па тоа модни додатоци копирани од она шо го гледаат на интернет и пробуваат до го имитираат. Море мамето на ова Кинезиве шо ги напраја компјутериве достапни за секаква багра. Кај че видеа бе овие наши "елиташи" и како шо милуваат да се викаат "крем" (тибам држаата кој се стаса да се нарекува крем, ко божем кај нас има крем, лол) да не паднеше десктоп конфигурација од над 1000 еур пред едно 15-20 години на само 300 еур пред 10 години, кога се живо и диво купи компјутер, таман ко излезе ова фејсбуко и таман баш тогаш падна цената на интернето па сите кладоја и интернет. Како че видеа како живеј свето па сега да го копираат?
Па она кога возат ауди од 2002 со 200.000 поминато и двапати вратен километражо, увезено од Бугарија и го паркира пред кафичо а уште таблите бугарски му стојат и го клава клучо на маса со приврзок од ауди (да се знае од кого е) и нарачува макијато од 50 денара и го тегни 3 саати дур талого не му падни долу и се напрај мраз ладно.
Па она кога келнеро иди и ги брка овие шо се од селана оти така по сурато и патиките му се гледал и му вели оти е резервирано за кафе пиење во 12 сато сред бел ден, а то луѓе стануваат и седнуваат на секој пола саат на било која маса. Ама масава кај шо батинава баш најдоа да седнат, ете баш таа маса е резервирана молим ти се.
До кога бе 5 кафулиња вкрст ќе се делат на оние за деца и селани, други за крем, трети за постара клиентела и андерграунд фаци...абе се исподеливме и по кафепиење. На атоми почнавме да се делиме. Малку ни беа ова суративе по градо шо че носа нов живот за сите и старо нова ера, тие да не делат па сега и по кафепиење че се делиме.
Па ако не се слика со кафето исто ко да не било.

Ја еве го разбирам кафето како изговор за социјална интеракција и релаксација. Никој не вели оти треба да се изгледа ко искористен куртон за време на кафе пиење али треба да има лимит бе! За се си има место.
А не клал шал на +40 и капа и то било тренди или се напрајла ко оној кловно од филмо "It" а излегла као демек да се релаксира со друштво на кафе, мало морген за то излегла...

Крај краева да не бидам многу хејтерски настроен пошо ја и не пијам многу кафе али ете да се пиши нешто и од мене, оти денеска е модерно да се хејта и да се практикува индивидуализам и уникатност преку контра ставови во размислување.
 
Кеј,

Си го испотив газот од работа последниот месец. Ма и последнава година, со оглед на тоа што се ми случи годинава, добро и лошо. Се исплатеше! :D Од понеделник таа гнасната, лицемерна кучка нема да ми биде претпоставена повеќе. Сега јас ќе и ја водам играта на некој начин, од мене ќе и треба одобрение како да игра. Ќе биде допрва интересно, очекувам многу препреки на патот од нејзина страна, ама ќе ја надвладеам со трпение, фактичка состојба и амин од некој кој ги држе сите конци во раце. Убаво е кога ти го препознават трудот, желбата и знаењето. Има максимално да ја искористам шансава. Ветувам!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom