- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 10.296
- Поени од реакции
- 15.446
Турни ги гаќите и гнети....
Заедничка македонско-грчка комисија ќе ги ревидира учебниците во двете земји
Грчкиот министер за надворешни, Никос Коѕиас, во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ, најави дека со неговиот македонски колега, Никола Димитров се договориле, да се формира заедничка македонско-грчка комисија од експерти, кои ќе ги разгледуваат македонските учебници, за да се отстранат сите иредентистички изјави, мапи и текстови.
„Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор“, кажа Коѕијас.
Од извори во кабинетот на министерот за надворешни работи Димитров, Телма дознава дека во Њујорк имало средба меѓу министрите на која е разговарано за надминување на историските предрасуди кои го кочат напредокот на регионот. Договорено е да се реализира средба на која би се договорила заедничка комисија која треба да ги разгледа учебниците во двете земји кои со историските предрасуди придонесуваат за отежнување на меѓусебната комуникација и доверба. Станува збор за стара идеја на Македонија која во 2007-ма година на преговорите во Њујорк ја има презентирано Никола Димитров, како тогашен преговарач за името. Тогаш таа идеја грчката страна не ја прифати. Тоа е идеја која сега е прифатлива и за македонските и за грчките политичари дека балканскиот регион не може да тргне напред оптоварен со историја и национализми. Од македонското МНР објаснуваат дека се што евентуално би се договорило, ќе се заснова на реципроцитет. Односно, колку ќе се ревидираат македонските, толку ќе се ревидираат и грчките учебници.
Коѕијас во интервјуто повтори дека Македонија, која ја нарече пријателска земја, нема да може да стане членка на меѓународни организации од типот на НАТО или ЕУ без да се реши прашањето за името. Според грчкиот министер, така е предвидено и во времената спогодба.
Слабоста на времената спогодба беше тоа што предвидуваше прашањето за името да се реши брзо и затоа не предвидуваше кои чекори да бидат преземени, ако не се реши ова прашање. И во суштина, нашиот сосед со децении, не преговараше суштински. Во медиумите се зборува дека грчкиот предлог е решението за името да биде Вардарска Македонија. Ние такви предлози немаме дадено, а секој може да си пишува што сака“, додаде Коѕијас.
Коѕијас по завршувањето на 72. Генерално собрание на Обединетите нации ги брифирал грчките новинари дека прашањето за името има четири дела, односно името и употребата на името, две прашања кои биле во надлежност на преговорите на Метју Нимиц, и изведените зборови што се однесуваат на јазикот и на државјанство, како и кратенките.
Премиерот Зоран Заев по враќањето од Њујорк на ова одговори дека во моментов двете држави ги градат мерките на доверба кои можат да бидат од помош кога ќе дојде моментот да се разговара. Тој додаде дека не се разговара за суштински прашања, и дека сега не е подготвен да разговара за прашања поврзани со идентитетот.
http://telma.com.mk/vesti/zaednichka-makedonsko-grchka-komisija-kje-gi-revidira-uchebnicite-vo-dvete-zemji