Меѓу странските инвеститори во Македонија има и такви што влечат одредени врски со познати македонски функционери кои долго време биле на јавни позиции, или со нивни блиски пријатели. Најеклатантен пример што еден актуелен министер, токму за привлекување странски инвестиции, го поврзува со една од компаниите е фирмата „Таск Форс БПО“, каде што еден од сопствениците е Александер Наумоф кој, всушност, е син на министерот Џери Наумоф
Во 2015 година компанијата остварила приходи од 4 илјади евра и добивка од околу илјада евра.
Месечна добивка од 83 евра имале странците!