Македонски Криминалци од Големо Ниво
Можеби последно продолжение.
Методија Смиленски
Смиленски е еден од најдобро познатите Македонски тајкуни од периодот на транзицијата во девеесетите, Прв а можеби и единствен наш бизнисмен од тоа ниво по кој имало толку голема криминална драма. Повеке би цитирал помалку би орепишувал зошто горе долу тоа е тоа што ни е познато за и околу него а она зад прашината тек почнува да избива, за овие луѓе и власта во чие време пливале, или се давеле секој со својата приказна во своето време.
На темата за пресудата на Смиленски основачот на темата пишува:
“Четири години затвор за Методија Смиленски. Објавена е пресудата во Светиниколскиот суд. Земал кредит во висина од 2 милиони долари, кои никогаш не ги вратил. Парите ги префрлил на свои фирми со седиште во Виена, но затоа го заложил имотот на фирмата „Снитекс“. Во „Картон текс“ уништил, па фалсификувал деловни книги.
Смиленски сепак од оваа четири годишна казна затвор ќе одлежи една година помалку. Судот во казната му го пресметува и едногодишниот екстрадиционен притвор во Белград. По правосилноста на пресудата треба да врати 2 милиони долари.
Во Скопје му претстои и судењето за „Експорт Импорт“ банката. Заедно е обвинет со поранешниот гувернер Трпевски. Проневериле 30 милиони долари пари од државните резерви.
”
Уште еден цитат ме бендиса овој е од текстот на Дојче Веле (Парична и затворска казна за Методија Смиленски)
“Смиленски е еден од најголемите македонски богаташи од периодот на транзицијата. Беше уапсен лани во Белград, а минатиот месец екстрадиран во Македонија. Неговото враќање во земјата вознемири одредени политички и бизнис кругови, кои стравуваа дека бизнисменот може да открие кој се е вмешан во неговите сомнителни зделки.
По Смиленски директорот на Охис, Јорго Ќука е вториот голем бизнисмен обвинет за незаконски трансакции. Македонските медиуми неговото апсење го токлуваат како почеток на војната која власта им ја отвара на олигарсите во Македонија.
”
^На се ова би се надоврзал со свој коментар, Смиленски е уапсен во Белград на аеродром јуни 2006 година, аферите и криминалите кои ги направил човекот беа познати и многу пред 2006, но зошто баш потерница се брзаше да се пушти во јуни и зошто баш непосредно пред изборите на 5 јули 2006 кога дојде до промена на власта носи до две прашања... Која од двете главни политички страни ја сакала главата на Смиленски точно месец пред избори и зошто толку им била итна ? Буревесник пред неколку недели во фб групата имаше феноменален краток коментар ако паметам добро и со слики од документи поткрепен каде ги изнесе зделките на Смиленски и Никола Груевски додека Груевски беше министер за финансии, ова носи до тоа дека ако СДСМ го ловела Смиленски го ловела за да ги изнесе криминалите на сеуште не дојдената влада и нејзиниот премиер, а ако ДПМНЕ биле ловците би било за спортивното ништо да не се изнесе од старата историја на новото што е и поверојатно, А како би ДПМНЕ ловела глави кога сеуште ја нема власта е правото прашање и тука одговорот е кратката сцена од филмот Балкански Правила што ја залепив пред некое време, дека западните служби режираат кој, што, кога и колку ке биде во вашата и нашата држава. Затоа кајганџии чика Смиленски бил толку битна цел, човекот своето скривалиште и денес го наоѓа колку што имам информации во Виена па и таму и овде во МК со Заев е веке подеднакво опасно сега да изнесе кој, зошто и од која служба го ловел толку. Принципот и начинот на кој се влечеше аферата и екстрадицијата потсеќа на случајот на Божиновски и еден куп други кој предтходната власт ги прибра за да ги осакати и за да се ослободи и прикрие, значи во нивни познат стил.
Кајгана темата за пресудата на Методија Смиленски https://forum.kajgana.com/threads/Четири-години-затвор-за-Смиленски.11002/
Дојче Веле со текстот од кој цитирав (Парична и затворска казна за Методија Смиленски)
http://www.dw.com/mk/парична-и-затворска-казна-за-методија-смиленски/a-2696575
Вечер за екстрадицијата на Смиленски
http://vecer.mk/makedonija/metodija-smilenski-go-cheka-ekstradicija
Кен Јанакиевски
Кен Јанакиевски е легенда на Македонскиот криминал во дијаспората, важи за еден од најбогатите Македонци во Австралија, добитник на најголемата награда за храброст во Австралија. Кен во Австралија бил донесен како дете од 12 години, сега човекот има околу 60 години. Сопственик е на хотел а на јавноста и стана познат од кога ја доби наградата за храброст во 2010 по заслуга на тоа што во 2006 година во неговиот хотел во Сиднеј влегле ограбувачи а тој успеал да се избори со напаѓачот кој имал пиштол, ми се чини дека во овој случај загинува Македонец гостин во хотелот.
Бил познат човек во очите на јавноста на западна Австралија, политичари, бизнисмени, јавни личности биле негови пријатели и гости во неговите локали. Општо за него многу малку се зборува и се пишува а еден е од малкуте за кој Википедија го набројува во листата Македонски криминалци. Пријателите го паметат како добар, харизматичен и пријатен човек.
На последната објава за него од 2012 еден австралиски портал пишува дека Кен долги години бил “kingpin” или најголем бос на балканскиот организиран криминал во Австралија. Опишуваат и дека живеел двоен живот односно дека угостителството било само маска на неговите долги криминални пипци, тврдат дека бил замешан во трговија со дрога и многу други криминали и дека котирал високо во организирањето на делата. Не е познато дали некогаш е уапсен и обвинет за било какво дело, а синдромот на дејствување делува како оној на “Eastern Promises” стара школа со мудри принципи. На истата последна објава што е и главна тема е дека Кен е пронајден мртов 11 Мај 2012 година на плажата Ванда во близина на Кронула. Повеке за неговата смрт ништо, не се знае ниту дали е убиен, дали имало телото траги на насилство, колку време бил исчезнат пред да го пронајдат мртов, буквално ништо освен дека плажата Ванда е познато место за пронаоѓање трупови.
Објава за наградата за храброст.
http://www.news.com.au/national/bravery-awards-for-54-australians/news-story/ddce6142d311717e7c101208edc18f9c
Интервју на Кен со детално објаснување за настанот со кој го заработил признанието за храброст.
http://www.abc.net.au/news/2010-08-16/pub-worker-wins-top-bravery-award/945084
Објава за двојниот живот на Кен Јанакиевски и неговата смрт.
http://www.smh.com.au/nsw/double-life-of-a-mafia-don-20120519-1yxgw.html