Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Има ли некоја порака оваа слика како на пример за одмазда или онака е направена?[DOUBLEPOST=1506081691][/DOUBLEPOST]
На првата слика е позната шема, овој со црвената маичка што седи најверојатно е син му на Џељо, Тоте. А за вторава слика кажи нешто повеке вака ништо не е јасно...
Брат имаш ли нешо напишано за Џељо како почнал или нешо за убиството?
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Има ли некоја порака оваа слика како на пример за одмазда или онака е направена?[DOUBLEPOST=1506081691][/DOUBLEPOST]
Брат имаш ли нешо напишано за Џељо како почнал или нешо за убиството?
На страна 8 прв пат е споменат брат а биографија на криминалец е многу тешко да се вклопи, особено кај нас и особено кај поголемите којшто стално ги криел законот иначе на емисијата за убиството негово на Код големите полициски функционери ги кажуваат првите негови дела на почеток на девеесетите и речиси сите други. За него освен ова спомнување на почеток, подоцна пишував многу пати надополнување, можеби најспомнуван лик да е на темава а тоа е така зошто имав извор близок до него што ми кажа работи што ретко кој освен блиските на Џељо ги знаат и тоа одеше приказна врз приказна па затоа толку продолженија. Буревесник кога напиша дека е убиен поради меѓусебно албанско политичко недоразбирање го прашав изворот и многу неубаво реагираше на тоа и негираше цврсто нешто такво без да ми дообјасни зошто човек што толку време успеал да преживее завршил така евтино за негов ранг, и толку беше со се... а во последно време на големо се зборува дека после него Беланоча е ептен разнишана и преживува само на стара слава.
 
Па најверојатно и за тоа го убиле.Освен Беланоча има ли вака некоја познат клан во Скопје?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Па најверојатно и за тоа го убиле.Освен Беланоча има ли вака некоја познат клан во Скопје?
Искрено Беланоча повеке си играат клан одколку што функционираат како клан, колку што се знае бизнисот го работат Наим (брат на Џељо) и Тоте (син на Џељо) и Борис Фантом, човек што јавно зборува дека се во животот постигнал благодарение на Џељо, макар што јавна тајна е дека слабите лихва наплати на Џељо ги збирал он и му ги оставале како поклон па за тоа е вечен должник на семејството... Клан е група луѓе подеднакво важни или група со шеф зависи, кои во криминални активности заеднички вложуваат пари или шефот ја одредува заработката на секој. Овде тоа го нема овие тројца наводно сеуште работат а сум слушнал дека порано пред некој повеке од десет години Џељо имал екипа од некој 10 луѓе која работела сериозно и сите имале улога убијци, наплатувачи, посредници итн. кои имале работа дури и на Косово. Е после убиството на Брус 2006 па закачката со Кољо Американец 2008 се разнишува таа сериозна екипа а се зборува дека конечно се растурила 2009 кога е најден убиен ако добро паметам Шерифи кој заедно со Џељо пукале во полицаец касни девеести, Џељо се колкнел дека не е он убиецот а дека не е така сите знаат. Сега вртат деца напалени на старата слава и толку, колку за реклама на фејсбук. Тоа е различното од има луѓе и има клан...
За друг клан, банда или луѓе што така функционираат не сум слушнал, освен дека наводно Баирчани од Битола така некако функционирале а и Кочанчани се трудеа да изгледаат на некој начин како клан, Макар што Ф. Мафија беа и до сега се единствени најсериозни во организиран криминал, групирање и организирање на повеке луѓе за нелегална активност правно го крстуваат орг. криминал а за тоа се суди многу повеке одколку за лично дело, затоа се пазат сите од тоа :) позз.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
786
Поени од реакции
390
Сум приметил дека голем број од луѓето со воодушевување зборуваат за големите криминалци а не сфаќаат дека криминалците се едни обични паразити на општеството!
Како што болвите и вошките се прикачуваат на човечкото тело така криминалците се прикачуваат на општеството и сакаат да се хранат од туѓ труд и мака....
 
Член од
22 септември 2017
Мислења
339
Поени од реакции
395
IMG_0525.PNG IMG_0525.PNG [DOUBLEPOST=1506109961][/DOUBLEPOST]2001 полициска акција во која умира таткото на џело[DOUBLEPOST=1506110021][/DOUBLEPOST]2001 полициска акција во која умира таткото на џело[DOUBLEPOST=1506110172][/DOUBLEPOST] IMG_0763.PNG [DOUBLEPOST=1506110206][/DOUBLEPOST]Зија асани[DOUBLEPOST=1506111212][/DOUBLEPOST] IMG_0764.PNG Dragi rambo[DOUBLEPOST=1506112010][/DOUBLEPOST]Колоквиуми к IMG_0767.PNG [DOUBLEPOST=1506112060][/DOUBLEPOST]Коло Американецо
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Сум приметил дека голем број од луѓето со воодушевување зборуваат за големите криминалци а не сфаќаат дека криминалците се едни обични паразити на општеството!
Како што болвите и вошките се прикачуваат на човечкото тело така криминалците се прикачуваат на општеството и сакаат да се хранат од туѓ труд и мака....
Јас ова го гледам како една социјална-опшествена тема.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Прегледај го приврзокот 177734 Прегледај го приврзокот 177734[DOUBLEPOST=1506109961][/DOUBLEPOST]2001 полициска акција во која умира таткото на џело[DOUBLEPOST=1506110021][/DOUBLEPOST]2001 полициска акција во која умира таткото на џело[DOUBLEPOST=1506110172][/DOUBLEPOST]Прегледај го приврзокот 177740[DOUBLEPOST=1506110206][/DOUBLEPOST]Зија асани[DOUBLEPOST=1506111212][/DOUBLEPOST]Прегледај го приврзокот 177741 Dragi rambo[DOUBLEPOST=1506112010][/DOUBLEPOST]Колоквиуми кПрегледај го приврзокот 177742[DOUBLEPOST=1506112060][/DOUBLEPOST]Коло Американецо
Благодариме многу Драган, сликиве се апсолутно ексклузивни. (y):cuc:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Искрено Беланоча повеке си играат клан одколку што функционираат како клан, колку што се знае бизнисот го работат Наим (брат на Џељо) и Тоте (син на Џељо) и Борис Фантом, човек што јавно зборува дека се во животот постигнал благодарение на Џељо, макар што јавна тајна е дека слабите лихва наплати на Џељо ги збирал он и му ги оставале како поклон па за тоа е вечен должник на семејството... Клан е група луѓе подеднакво важни или група со шеф зависи, кои во криминални активности заеднички вложуваат пари или шефот ја одредува заработката на секој. Овде тоа го нема овие тројца наводно сеуште работат а сум слушнал дека порано пред некој повеке од десет години Џељо имал екипа од некој 10 луѓе која работела сериозно и сите имале улога убијци, наплатувачи, посредници итн. кои имале работа дури и на Косово. Е после убиството на Брус 2006 па закачката со Кољо Американец 2008 се разнишува таа сериозна екипа а се зборува дека конечно се растурила 2009 кога е најден убиен ако добро паметам Шерифи кој заедно со Џељо пукале во полицаец касни девеести, Џељо се колкнел дека не е он убиецот а дека не е така сите знаат. Сега вртат деца напалени на старата слава и толку, колку за реклама на фејсбук. Тоа е различното од има луѓе и има клан...
За друг клан, банда или луѓе што така функционираат не сум слушнал, освен дека наводно Баирчани од Битола така некако функционирале а и Кочанчани се трудеа да изгледаат на некој начин како клан, Макар што Ф. Мафија беа и до сега се единствени најсериозни во организиран криминал, групирање и организирање на повеке луѓе за нелегална активност правно го крстуваат орг. криминал а за тоа се суди многу повеке одколку за лично дело, затоа се пазат сите од тоа :) позз.
Мал бев кога Франкфурт мафија го достигнале зенитот ама се сеќавам секоја 2-3 куќа у маало имаше по еден "горе".Некој златни работи.Некој од главните како им зимаа проценти и седенката пари си правеа.Ако знаеш некој приказни повеќе за Ф.мафија напиши ги.
 
Член од
22 септември 2017
Мислења
339
Поени од реакции
395
IMG_0770.PNG Бобан Прилеп затвор грција опасен играч[DOUBLEPOST=1506116335][/DOUBLEPOST] IMG_0773.PNG Mick gatto e glavnio[DOUBLEPOST=1506120141][/DOUBLEPOST] IMG_0776.PNG Наим асани идризово затвор[DOUBLEPOST=1506120217][/DOUBLEPOST] IMG_0775.PNG Рамбо во hells angels Beograd
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Нешто повеке за Игор Југ, веке спомнат лик а од вчера по неговото апсење повторно актуелен низ медиумите.
18198235_1828761700484592_6627044801927276225_n.jpg
Поздрав во стилот на постот за Беланоча :нинџ::D
12321381_1265828000111301_8373432640396705208_n.jpg
И еден доста необичен поздрав, од оние последните, Читуља стил...
18301180_1830560983637997_3926165868304665645_n.jpg
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Македонски Криминалци од Големо Ниво
Можеби последно продолжение.

Методија Смиленски
67CAE86F59932A4AA7D5501384831B7F.jpg

Смиленски е еден од најдобро познатите Македонски тајкуни од периодот на транзицијата во девеесетите, Прв а можеби и единствен наш бизнисмен од тоа ниво по кој имало толку голема криминална драма. Повеке би цитирал помалку би орепишувал зошто горе долу тоа е тоа што ни е познато за и околу него а она зад прашината тек почнува да избива, за овие луѓе и власта во чие време пливале, или се давеле секој со својата приказна во своето време.

На темата за пресудата на Смиленски основачот на темата пишува:

Четири години затвор за Методија Смиленски. Објавена е пресудата во Светиниколскиот суд. Земал кредит во висина од 2 милиони долари, кои никогаш не ги вратил. Парите ги префрлил на свои фирми со седиште во Виена, но затоа го заложил имотот на фирмата „Снитекс“. Во „Картон текс“ уништил, па фалсификувал деловни книги.

Смиленски сепак од оваа четири годишна казна затвор ќе одлежи една година помалку. Судот во казната му го пресметува и едногодишниот екстрадиционен притвор во Белград. По правосилноста на пресудата треба да врати 2 милиони долари.

Во Скопје му претстои и судењето за „Експорт Импорт“ банката. Заедно е обвинет со поранешниот гувернер Трпевски. Проневериле 30 милиони долари пари од државните резерви.

Уште еден цитат ме бендиса овој е од текстот на Дојче Веле (Парична и затворска казна за Методија Смиленски)

Смиленски е еден од најголемите македонски богаташи од периодот на транзицијата. Беше уапсен лани во Белград, а минатиот месец екстрадиран во Македонија. Неговото враќање во земјата вознемири одредени политички и бизнис кругови, кои стравуваа дека бизнисменот може да открие кој се е вмешан во неговите сомнителни зделки.

По Смиленски директорот на Охис, Јорго Ќука е вториот голем бизнисмен обвинет за незаконски трансакции. Македонските медиуми неговото апсење го токлуваат како почеток на војната која власта им ја отвара на олигарсите во Македонија.

^На се ова би се надоврзал со свој коментар, Смиленски е уапсен во Белград на аеродром јуни 2006 година, аферите и криминалите кои ги направил човекот беа познати и многу пред 2006, но зошто баш потерница се брзаше да се пушти во јуни и зошто баш непосредно пред изборите на 5 јули 2006 кога дојде до промена на власта носи до две прашања... Која од двете главни политички страни ја сакала главата на Смиленски точно месец пред избори и зошто толку им била итна ? Буревесник пред неколку недели во фб групата имаше феноменален краток коментар ако паметам добро и со слики од документи поткрепен каде ги изнесе зделките на Смиленски и Никола Груевски додека Груевски беше министер за финансии, ова носи до тоа дека ако СДСМ го ловела Смиленски го ловела за да ги изнесе криминалите на сеуште не дојдената влада и нејзиниот премиер, а ако ДПМНЕ биле ловците би било за спортивното ништо да не се изнесе од старата историја на новото што е и поверојатно, А како би ДПМНЕ ловела глави кога сеуште ја нема власта е правото прашање и тука одговорот е кратката сцена од филмот Балкански Правила што ја залепив пред некое време, дека западните служби режираат кој, што, кога и колку ке биде во вашата и нашата држава. Затоа кајганџии чика Смиленски бил толку битна цел, човекот своето скривалиште и денес го наоѓа колку што имам информации во Виена па и таму и овде во МК со Заев е веке подеднакво опасно сега да изнесе кој, зошто и од која служба го ловел толку. Принципот и начинот на кој се влечеше аферата и екстрадицијата потсеќа на случајот на Божиновски и еден куп други кој предтходната власт ги прибра за да ги осакати и за да се ослободи и прикрие, значи во нивни познат стил.

Кајгана темата за пресудата на Методија Смиленски https://forum.kajgana.com/threads/Четири-години-затвор-за-Смиленски.11002/

Дојче Веле со текстот од кој цитирав (Парична и затворска казна за Методија Смиленски)

http://www.dw.com/mk/парична-и-затворска-казна-за-методија-смиленски/a-2696575

Вечер за екстрадицијата на Смиленски

http://vecer.mk/makedonija/metodija-smilenski-go-cheka-ekstradicija

Кен Јанакиевски
1337446800000.jpg

Кен Јанакиевски е легенда на Македонскиот криминал во дијаспората, важи за еден од најбогатите Македонци во Австралија, добитник на најголемата награда за храброст во Австралија. Кен во Австралија бил донесен како дете од 12 години, сега човекот има околу 60 години. Сопственик е на хотел а на јавноста и стана познат од кога ја доби наградата за храброст во 2010 по заслуга на тоа што во 2006 година во неговиот хотел во Сиднеј влегле ограбувачи а тој успеал да се избори со напаѓачот кој имал пиштол, ми се чини дека во овој случај загинува Македонец гостин во хотелот.

Бил познат човек во очите на јавноста на западна Австралија, политичари, бизнисмени, јавни личности биле негови пријатели и гости во неговите локали. Општо за него многу малку се зборува и се пишува а еден е од малкуте за кој Википедија го набројува во листата Македонски криминалци. Пријателите го паметат како добар, харизматичен и пријатен човек.

На последната објава за него од 2012 еден австралиски портал пишува дека Кен долги години бил “kingpin” или најголем бос на балканскиот организиран криминал во Австралија. Опишуваат и дека живеел двоен живот односно дека угостителството било само маска на неговите долги криминални пипци, тврдат дека бил замешан во трговија со дрога и многу други криминали и дека котирал високо во организирањето на делата. Не е познато дали некогаш е уапсен и обвинет за било какво дело, а синдромот на дејствување делува како оној на “Eastern Promises” стара школа со мудри принципи. На истата последна објава што е и главна тема е дека Кен е пронајден мртов 11 Мај 2012 година на плажата Ванда во близина на Кронула. Повеке за неговата смрт ништо, не се знае ниту дали е убиен, дали имало телото траги на насилство, колку време бил исчезнат пред да го пронајдат мртов, буквално ништо освен дека плажата Ванда е познато место за пронаоѓање трупови.

Објава за наградата за храброст.

http://www.news.com.au/national/bravery-awards-for-54-australians/news-story/ddce6142d311717e7c101208edc18f9c

Интервју на Кен со детално објаснување за настанот со кој го заработил признанието за храброст.

http://www.abc.net.au/news/2010-08-16/pub-worker-wins-top-bravery-award/945084

Објава за двојниот живот на Кен Јанакиевски и неговата смрт.

http://www.smh.com.au/nsw/double-life-of-a-mafia-don-20120519-1yxgw.html
 
Kajgana Shop

На врв Bottom