Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
S

silmarillion

Гостин
Не се согласувам со ова. Пред да образложам, ќе спомнам дека споредбата со Мијалков воопшто не држи, на ова дете и двата родители се познати доктори на науки, за разлика од оние крвави мафијаши, па оттука и не се сомневам во вистинитоста за успехот на детето.

Е сега, детето се образувало, учело се трудело, конкурирало за стипендија, на чекор е да се запише на училиште кое нуди квалитетно образование, ама мајка му станува министерка па му кажува "Ее сине ништо од приватно школо, станав министерка сега, така да ќе си учиш во ова наше труло државно средно училиште, знам дека имаше амбиција и сон, али јеби га, тоа ти е, судбина". Да не збориме прво за хаотичниот концепт и курикулумите на државно гимназиско образование кој по 27 години плурализам е катастрофален, заостанат од време на Југославија, а не пак трендот во последнава деценија каде се вработи катастрофален кадар по партиска линија. На некој мој пријател ако би постапил така како во примерот што го наведов, да има дете, али поради таков случај да му ги скрати сите сништа и цели на едно дете кое се трудело за да добие стипендија да учи во училиште кое би му овозможило квалитетно образование, а родителите да глумат лудило за пред јавноста, е таквите пријатели одма би ги отпишал и не би им прозборел ни збор.

А тоа што не интересира за семејните животи на јавните личности, политичари и каде нивните деца се образуваат и лечат, тоа е друга трагедија на ова наше напатено балканско државиче полно со стереотипи и предрасуди. Токму за вакви случаи имаше една одлична епизода од извонредната данска серија Borgen (кај нас емитувана на Сител и Телма преведена како Премиерка/Влада), каде премиерката која се залага за поквалитетно јавно здраство ја праќа ќерка си која боледува од ментална болест во приватна клиника, при што се наоѓа на мета на бројни таблоиди, ја прикажува поквареноста на таблоидите кои се спремни дури и да ги уништат животите на нивните семејства, само за јавноста да има теми за озборувања.
Види, вклучуваш емоција кај што не треба. А ако вече го правиш тоа размисли за сопственото дете кое можеби нема да ја има таа среќа да се школува приватно. По логика на нештата и човековата природа дали еден министер за образование ќе биде позасегнат да ги реши проблемите доколку директно е инволвиран преку личен пример или децата ги праќа во приватни установи?

ЖРТВА. Заебан збор од 5 букви. Јас не ја терав Дескоска да биде министерка но ќе настојувам секој еден на таа позиција да биде доследен на функцијата. Истото важи и за здравството. На што личи тоа министер за здравство да се лекува приватно?! Ако не си спремен на таа жртва не застанувај на таа функција воопшто. И каква врска има таблоидот кога на крајот од месецот во пресметка за плата ги гледаш придонесите за здравство, социјално...твои пари кои министерката ги прибира во свој буџет (фигуративно) за водење на образование во кое таа не сака да го даде своето дете?

Се додека политичарите не се инфилтрирани во секоја пора од општеството, со сите попратни проблеми, се додека не чекаат ред, е умираат нивни блиски на државните болници, не искачаат ретарди нивни деца од образованието наше, ние неможеме да очекуваме некој да се потегне да ги среди работите. Едноставно не ги засега.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.658
Поени од реакции
88.489
Јас сум слушнал за Корнелиус од Планетата на мајмуните...:toe:
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Искренo,се oсеќa некaквo oлaбaвувaње сo нoвиве.Се нaдевaм не е некoј трик зa привременo.Сегa би сaкaл и нa фoрумoв тoa дa се пoчуствувa.Зaштo немoже дa рaберете декa некoј не е зa вмрo,не ги глaсaл истите,aмa не му сметa некoјa тупaницa и шлaкaницa дa им се удри нa пoлитичaри? Имa ли тaкoв штo би му пречелo утре дa фaтaт двa трoјцa и кaкo мaгaрињa дa ги излупaaт Мaртин Прoтугер или Мaксим Димитриевски?Штo ме бoли к.р oд кoјa пaртијa се.Тaкa нaдменo се oднесувaaт кo гoспoд зa мудa дa гo фaтиле.Едниoт пoрaчувa ендеци другиoт пo кaфaни се тепa зa српскиoт шунд.И нaс мoже утре сa се спречкaме сo некoи дечиштa дa земaт двaјцa трoјцa дa не дупнaт oд ќoтек.И штo? Никoму ништo.
 
S

silmarillion

Гостин
Чекај малце нели апсеа џандарите деца од читална ги вадеа за материјална штета? Ги макљаа по станици со недели? Испоапсија комшии што шетаа куче кај бившо Кинг Бургер пошто им се виделе на желките дека протестирале за Нешковски? Што се праиме будали овде? Како тоа од еднаш почна да смета апсење?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Фино лепо јас вчера постирав линк до веста и извадок од неа, ама ти не читаш "партиски соопштенија".

Накратко, Марјан го издал целиот центар на Прилеп на непрофитно здружение за 150 000 денари, во четири очи без јавен оглас или конкурс, а здружението потоа за секој штанд на Пивофест ја наплаќало истата сума. Сите трошоци околу организацијата се плаќале со општински пари,(2 до 3 милиони цирка) а сите приходи се слевале на сметка на непрофитното здружение.
Што да ти речам. Јас не знам колку е тоа точно, ама секако дека секој кој и ако работел надвор од законските прописи треба да сноси одговорност, да се соочи тоа... Секое обвинение има и своја одбрана.[DOUBLEPOST=1506068668][/DOUBLEPOST]
Затоа вие немате ни В од она историското ВМРО
Како нема? Нели се бугаромани? И тие, и овие... Ако не веруваш, прочитај ја „За македонските работи“ од К. Мисирков. Да не речеш ширам бугарска пропаганда, иако СДСМ не направи истото со нив.
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Чекај малце нели апсеа џандарите деца од читална ги вадеа за материјална штета? Ги макљаа по станици со недели? Испоапсија комшии што шетаа куче кај бившо Кинг Бургер пошто им се виделе на желките дека протестирале за Нешковски? Што се праиме будали овде? Како тоа од еднаш почна да смета апсење?
Некa се aпси никoј немa прoтив.Сaмo дa не ги жaлиме тепaните тoлку.100% зaслужиле.Зa пoлитичaрите збoрaм.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.382
Поени од реакции
24.091
Зошто неминовно да води кон федерализација и делење ако си ги добијат сите права исто како во своја сопствена држава исто имаат диктат врз закони плус само поголема територија?
Ја не би бил сигурен дека федерација па делење би дошле така автоматски..
Тоа е едноставно природен тек на настаните ти се допаѓало тоа или не. Ете гледај во Европа како си оди работата, најново во Шпанија и во некој други реони. Гледај ја Југославија како си се распадна и како ние си добивме независност. Што мислиш некој ке ни дадеше независност ако немавме посебна федерална единица со сите салтанати што следуваат со неа. Оти во Грција и Бугарија па и Албанија не се случи истото. Па на крај колку членки имаше ООН во 1945. Пеесет преку сила. Сега колку има ? Скоро 200? Од кај излегоја тие нови држави, кај отидоа старите. Како што реков чим им се дадат доволно права , еден ден и федерална единица само прашање на време е тоа. Според мене колку побрзо толку подобро пошто како што тргна работата границата на двете федерални единици многу ќе се помести на исток одколку што е сега па ти види, размисли.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.848
Поени од реакции
12.373
а потоа откако доаѓа на власт ВМРО, тие наводно фатиле пат надвор од Македонија и ти за тоа целата вина ја фрлаш на ВМРО зошто ги иселил...:tapp::tapp::tapp: :facepalm: :facepalm: :facepalm:!
од 2005 година (кандидатски статус за членка) над 105.000 Македонци станале Европјани и тоа само со државјанство и пасош. Вели, Битола и Струмица заедно. А тек другите...Бројот на иселувања од Македонија од 2000 наваму според ОЕЦД се намалува од 8 на 7000 годишно до 2006. Од 2006 се зголемува во 2010 на над 14.000, 2012 18.000 и 2013 и 2014 над 20.000. Најголем број одобрени бугарски државјанства има периодот 2010-2012 од 8 до над 1.000 годишно. Последниве 5 години и според СБ се отселуваат по 20.000 годишно. чисто информативно.
Да затвориш стотици фабрики и фирми со лоша приватизација и како резултат на тоа да направиш 240.000 социјални случаи (60.000 семејства) на 2 милиони жители, плус уште толку невработени, а потоа откако доаѓа на власт ВМРО, тие наводно фатиле пат надвор од Македонија и ти за тоа целата вина ја фрлаш на ВМРО зошто ги иселил...
дрпмне не е она што било

Интересна за анализа е и информацијата на невладината организација „Апел”, која од достапните информации од Министерството за финансии, Централниот регистар и Катастарот, утврдила дека меѓу 50-те најбогати граѓани на Прилеп имало само тројца членови на СДСМ, додека 35 биле членови на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери!?

Дисфункционална држава и една од најбогатите партии во Европа. Нели е јако ова
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
од 2005 година (кандидатски статус за членка) над 105.000 Македонци станале Европјани и тоа само со државјанство и пасош. Вели, Битола и Струмица заедно. А без државјанство, а вон Европа...Бројот на иселувања од Македонија од 2000 наваму според ОЕЦД се намалува од 8 на 7000 годишно до 2006. Од 2006 се зголемува во 2010 на над 14.000, 2012 18.000 и 2013 и 2014 над 20.000. Најголем број одобрени бугарски државјанства има периодот 2010-2012 од 8 до над 1.000 годишно. Последниве 5 години и според СБ се отселуваат по 20.000 годишно. чисто информативно.
веровали или не, драпамане не е она што било

Интересна за анализа е и информацијата на невладината организација „Апел”, која од достапните информации од Министерството за финансии, Централниот регистар и Катастарот, утврдила дека меѓу 50-те најбогати граѓани на Прилеп имало само тројца членови на СДСМ, додека 35 биле членови на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери!?

Дисфункционална држава и една од најбогатите партии во Европа. Јако, нели?
„Дојде животот“ бе!
Ја прифати муртинскиот квислинг ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА!
Потпиша муртинскиот квислинг штетен договор со Бугарија!
Го даде името муртинскиот квислинг!

Главниот предуслов да имаш држава е да имаш народ. Штом се смалуваш како цифра, а тие што ти ја спремаат ортомата се множат, се знае каков ќе биде исходот. Егзодусот кој ни го приреди дпне, кој не е само во бројка на исселени, туку и починати и неродени (да, немажени, неженети млади луѓе) е вистинската слика за нивниот „патриотизам“.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Секторот за внатрешни работи Битола, постапувајќи по Наредба на Основното јавно обвинителство Битола, во врска со предметот со кодно име „Транспортер 2“ (кој се однесува на распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година), до ОЈО Битола поднесе посебен извештај против лицата С.П.(54), С.Д.(58), В.П.(48), П.П.(51), С.Б.(58) и В.Т.(58), сите од Битола, вработени во Општина Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела - “несовесно работење во службата“ (предвидено и казниво по член 353-в од КЗ на РМ) и “злоупотреба на службена положба и овластување“ (предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ). С.П., С.Д., В.П. и П.П., во својство на членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Битола, постапиле спротивно на член 169 од Законот за јавни набавки на тој начин што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици во учебната 2015/16 се многу повисоки од реалните цени на пазарот, (пример: за една од линиите посочени во тендерот во учебната 2013/14 година цената за превоз по ученик на ден била 1000 денари, во учебната 2015/16 била 3.168 денари по ученик на ден, додека во учебната 2016/17 формирана била цена од 440 денари по ученик на ден), со што на две правни лица, превозници од Битола, им било овозможено да се стекнат со поголема материјална корист. С.Б., секретар на Општина Битола, иако немал ингеренции врз работата на Комисијата за јавни набавки, потпишал согласност за склучување на договори за превоз на ученици во учебната 2015/16 со нереални пазарни цени. В.Т., Градоначалник на Општина Битола, донел Одлука за најповолни понудувачи по тендерот за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, по што потпишал штетни договори со две правни лица –превозници од Битола. Со преземените дејствија пријавените на општина Битола и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
од 2005 година (кандидатски статус за членка) над 105.000 Македонци станале Европјани и тоа само со државјанство и пасош. Вели, Битола и Струмица заедно. А тек другите...Бројот на иселувања од Македонија од 2000 наваму според ОЕЦД се намалува од 8 на 7000 годишно до 2006. Од 2006 се зголемува во 2010 на над 14.000, 2012 18.000 и 2013 и 2014 над 20.000. Најголем број одобрени бугарски државјанства има периодот 2010-2012 од 8 до над 1.000 годишно. Последниве 5 години и според СБ се отселуваат по 20.000 годишно. чисто информативно.
дрпмне не е она што било

Интересна за анализа е и информацијата на невладината организација „Апел”, која од достапните информации од Министерството за финансии, Централниот регистар и Катастарот, утврдила дека меѓу 50-те најбогати граѓани на Прилеп имало само тројца членови на СДСМ, додека 35 биле членови на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери!?

Дисфункционална држава и една од најбогатите партии во Европа. Нели е јако ова
Ај нaпрaви вaквa стaтистикa зa Слoвенијa,Хрвaтскa,Слoвaчкa,Пoлскa,Србијa,Рoмaнијa,Бугaријa,Литвaнијa,Естoнијa,Мoлдaвијa....Ке дoбиеш мнoгу слични резултaти.Тoa е мaсoвнa пoјaвa пoследниве 10 гoдини и немa врскa сo пaртии и влaди.[DOUBLEPOST=1506082136][/DOUBLEPOST]
Ај нaпрaви вaквa стaтистикa зa Слoвенијa,Хрвaтскa,Слoвaчкa,Пoлскa,Србијa,Рoмaнијa,Бугaријa,Литвaнијa,Естoнијa,Мoлдaвијa....Ке дoбиеш мнoгу слични резултaти.Тoa е мaсoвнa пoјaвa пoследниве 10 гoдини и немa врскa сo пaртии и влaди.
И aкo ти знaчи нештo,вo мoментoв Бритaнците мaсoвнo aплицирaaт зa Шведскo држaвјaнствo.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.087
Поени од реакции
12.643
„Дојде животот“ бе!
Ја прифати муртинскиот квислинг ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА!
Потпиша муртинскиот квислинг штетен договор со Бугарија!
Го даде името муртинскиот квислинг!

Главниот предуслов да имаш држава е да имаш народ. Штом се смалуваш како цифра, а тие што ти ја спремаат ортомата се множат, се знае каков ќе биде исходот. Егзодусот кој ни го приреди дпне, кој не е само во бројка на исселени, туку и починати и неродени (да, немажени, неженети млади луѓе) е вистинската слика за нивниот „патриотизам“.
Убаво велиш, пастирот го спушти ковчегот во гробот, а зајко кукурајко почна да ја фрла земјата врз ковчегот. Можеби пастирот му ја продал лопатата, знаеме дека е експерт за лопати. :D

Тоа се вика тимска работа. :D
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.848
Поени од реакции
12.373
И до кај е сега со мигрантите? Дојдоа? Ќе градат згради?
Ај нaпрaви .
Јас не живеам во Србија, Словачка или Естонија. Мене не ме интересира естонецот или пољакот. Ама ако те интересираат тие земји, ете прашање-зошто ти да не направиш таква анализа. Второ прашање дали можеш да објасниш зашто посебно последните 5 години миграцијата е најголема од 2000 наваму?
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom