Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ќе ви најдам 65000 сведочења на Германски панцер екипажи, руски и американски тенковски ветерани, кои сите без исклучок велат дека Т34 е најдобриот тенк во II С.В.
Значи, луѓе кои имале искуство со тие машини in situ и во тие тогашни услови, според кои и го оценуваме тенкот.
имале искуство, ги уништувале без проблем.
Еве ти еден извештај кој кажува доста за неквалитетот на рускиот Т34
“Нашите тенковски единици трпат големи загуби поради механички проблеми, поголеми и од оние во битките, на Сталинградскиот фронт за 6 дена 12 оклопни бригади загубија 326 тенкови од вкупно 400. Од тие, 260 беа загубени поради технички проблеми. Многу од нив екипажот ги напуштил и оставил на бојното поле“
Сталин
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.459
Абе ја не викам дека твоите податоци сите не се точни. Повеќето ти се точни, само што ти занемаруваш други податоци и извлекуваш необјективни заклучоци, спротивни на општо познатите историски утврдени заклучоци.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не бе, не гинеа сите на Источен фронт, имаше погинати и на западен и на медитерански фронт, еве споредба:



Само 4/5 од германските војници загинаа на Источен Фронт.
Само 5/5 од руски војници загинаа на источен фронт
Германците се бореа во африка, франција, норвешка, италија, балкан, источна европа... од 1939 до 1945.
Русите се бореа од 1941 до 1945 (2 години помалце) 90% од времето се бореа на сопствена земја, и претрпеа многу поголеми загуби.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.459
Германците се бореа во африка, франција, норвешка, италија, балкан, источна европа... од 1939 до 1945.
Ова баш многу зборува за воениот "гениј" на Хитлер.
Шо треба ја да ги жалам или величам оти малуомно постапуваа на глобална тактичка скала?
Парагвај беше одлична воена сила, им објави војна на Аргентина, Бразил и Уругвај у исто време.Затоа имаа таков пораз, а не дека противниците им беа способни.


Русите се бореа од 1941 до 1945 (2 години помалце) 90% од времето се бореа на сопствена земја, и претрпеа многу поголеми загуби.
Ма Русите беа никаков фактор. Хитлер ја изгуби војната оти залудно ангажираше 80% од военитот потенцијал на Источен Фронт.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ма Русите беа никаков фактор. Хитлер ја изгуби војната оти залудно ангажираше 80% од военитот потенцијал на Источен Фронт.
Русите ангажираа 100% од потенцијалитеи плус добја на поклон ушт 70% од америка и англија
80% на хитлер наспроти 170 на русија
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.459
Русите ангажираа 100% од потенцијалитеи плус добја на поклон ушт 70% од америка и англија
80% на хитлер наспроти 170 на русија
Не е точно.
На почеток, една од многуте причини за брзото напредување на Германците беше распореденоста на руските сили на Далечниот Исток, пошто Сталин знаеме колку очекувал напад од Хитлер. По потпишувањето на Молотов-Рибентроп, он поише очекувал напад од јапанците, со оглед на предходната нивна меѓусебна војна. Све дур Зорге не го уверил дека Јапан нема намера да напаѓа, таму држел сила (после ја преместил, како што знаеме).

На почетокот на Барбароса (цела 1941-ва) Германците имале повеќе војска од Русите на Источни Фронт.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.186
Поени од реакции
22.781
Вкупно во војната загинаа 5,1 милион германски војници
Не гинеа сите на источен фронт во борба против русите.
На исток загинаа 4,3 милиони германски војници наспроти 8,3 милиони руски војници или 1:1,93
На исток германците изгубија 35.000 тенкови и борбени возила наспроти 96.000 руски или 1:2,74
На исток германците изгубија 18.000 авиони наспроти нешто над 105.000 руски или 1:5,83
Вака сега, ти ги рачуваш исклучиво загинати Германци а не целокупно силите на Оската. Бидејќи не гинеле само Германци и Совети на Источен Фронт имало и Финци, Романци, Унгарци итн. Германци на ИФ загинале околу 4,3 а војници на Оската загинале околу 5.2 милиони. Е сеа колку е сооднос 5.2 наспроти 8.3, 1.5 некаде ќе му дојде?

Едит ; Инаку има некаде кредибилна бројка за германските загуби во '45? Бидејќи колку што знам после Јануари истата година немало официјална статистика.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Русите ангажираа 100% од потенцијалитеи плус добја на поклон ушт 70% од америка и англија
80% на хитлер наспроти 170 на русија
На Британците сеуште не им беа сите овци на број во 1941 година после бомбардирањата од Нацистичка Германија, а САД влегоа во војна против Јапонија дури на 8 декември 1941, но сепак не им објавија војна на Нацистичка Германија и на Фашистичка Италија, таа привилегија му ја оставија на фирерот да ја искористи за да им објави војна на САД на 11 декември 1941.

До тогаш Црвената Армија веќе го прочистуваше московскиот регион од нацистички остатоци. Ете колку поклони доби Советскиот Сојуз од САД и од Велика Британија.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.459
Советскиот Сојуз доби значителна материјална помош од САД и Британија и дури заради тоа помагање трпеа огромни штети. Многу повеќе помагаа на Русија, одошто е општо познато. До тука Лет3 е во право.
Имаа сметка они за тоа помагање, да не се лажеме. Крајно им одговараше тоа растоварање на тежината, тоа хитлерово ангажирање на 75-80% од воениот потенцијал на друг, нов фронт. Пред се, тука за Британија зборам.
Сепак смешно е само преку тоа да се оценува рускиот успех, кој се случи поради многу други фактори.

Мене лично најОК страна у Втора Светска ми се Американците и за нив сум навивал од мал. Стварно. Али тоа нема шанси да ме натера да се самозалажувам.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Советскиот Сојуз доби значителна материјална помош од САД и Британија и дури заради тоа помагање трпеа огромни штети. Многу повеќе помагаа на Русија, одошто е општо познато. До тука Лет3 е во право.
Сепак смешно е само преку тоа да се оценува рускиот успех, кој се случи поради многу други фактори.
Точно, но помошта дојде малку подоцна, САД не ја активираа воената индустрија да работи со полн капацитет преку ноќ, а Велика Британија сеуште чекаше да извојува победа било каде, а победата дојде дури во октомври 1942, односно ноември 1942 кај Ел Аламеин во Египет, северна Африка.

Кога американската и британската помош почна да пристигнува во 1942 и 1943 година, советската воена индустрија веќе работеше со полн капацитет.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
До тогаш Црвената Армија веќе го прочистуваше московскиот регион од нацистички остатоци. Ете колку поклони доби Советскиот Сојуз од САД и од Велика Британија.
Поклоните кои русите ги добија од америка и англија беа огромни и од животна важност за русија. Додека Англија, Франција, Норвешка, Грција, Југославија, Полска... се бореа против нацизмот и злото русите беа сојузници со нацистичка германија (заедно учествуваа во воени акции, организираа заеднички воени паради, планираа и документираа меѓусебна поделба на земји и територии).
2 години англија даваше отпор на германските напади и беше светол пример на борба пртив фашизмот додека русија стоеше на страна и му честиташе на хитлер воени успеси и родендени. И покрај тоа штом германија ја нападна русија во 1941, тргна несебичната огромна помош на америка и англија.
Во зимата 1941 пред москва дојдоа огроми германски армии кои ја чекаа пролетта да ја докусурат деморализираната истоштена руска војска. Русите имаа уште 62 тенка и тогаш како спас во последен час, како ангели пратени од госпот стигнаа оклопните бригади на англија, ловечките ескадрили од америка и англија кои веднаш стапија во борба против германските освојувачи.
За цело време на војната течеше огромна река на секаква помош за русија рускиот народ и руските војници, од од експлозиви, камиони тенкови ловци бомбардери бродови митролези чизми лекови храна градежен материјал гориво радари уреди за врски канцелариски материјали шатори........
Она што ја спаси русија во период 1941 - 1943 беше несебичната англо американска помош, она што ја одржуваше во живот и и овозможи да победат беше анло америчката помош од 1943 - 1945[DOUBLEPOST=1506017166][/DOUBLEPOST]
Вака сега, ти ги рачуваш исклучиво загинати Германци а не целокупно силите на Оската. Бидејќи не гинеле само Германци и Совети на Источен Фронт имало и Финци, Романци, Унгарци итн. Германци на ИФ загинале околу 4,3 а војници на Оската загинале околу 5.2 милиони. Е сеа колку е сооднос 5.2 наспроти 8.3, 1.5 некаде ќе му дојде?

Едит ; Инаку има некаде кредибилна бројка за германските загуби во '45? Бидејќи колку што знам после Јануари истата година немало официјална статистика.
И со р=уси се бореа и пољаци и романци и бугари .... така да зголеми ги и руските губитоци за уште милион.
Значи 9 милиони руси со сојузници контра 4,5 милиони германци со сојузници
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Поклоните кои русите ги добија од америка и англија беа огромни и од животна важност за русија. Додека Англија, Франција, Норвешка, Грција, Југославија, Полска... се бореа против нацизмот и злото русите беа сојузници со нацистичка германија (заедно учествуваа во воени акции, организираа заеднички воени паради, планираа и документираа меѓусебна поделба на земји и територии).
2 години англија даваше отпор на германските напади и беше светол пример на борба пртив фашизмот додека русија стоеше на страна и му честиташе на хитлер воени успеси и родендени. И покрај тоа штом германија ја нападна русија во 1941, тргна несебичната огромна помош на америка и англија.
Во зимата 1941 пред москва дојдоа огроми германски армии кои ја чекаа пролетта да ја докусурат деморализираната истоштена руска војска. Русите имаа уште 62 тенка и тогаш како спас во последен час, како ангели пратени од госпот стигнаа оклопните бригади на англија, ловечките ескадрили од америка и англија кои веднаш стапија во борба против германските освојувачи.
За цело време на војната течеше огромна река на секаква помош за русија рускиот народ и руските војници, од од експлозиви, камиони тенкови ловци бомбардери бродови митролези чизми лекови храна градежен материјал гориво радари уреди за врски канцелариски материјали шатори........
Она што ја спаси русија во период 1941 - 1943 беше несебичната англо американска помош, она што ја одржуваше во живот и и овозможи да победат беше анло америчката помош од 1943 - 1945
Сакаше да кажеш воените резерви кои Георги Жуков ги повлече од Сибир и далечниот исток, откако Ричард Зорге потврди дека јапонската Квантунг армија нема да го нападне Советскиот Сојуз од исток. Американската и британската помош почнаа да пристигнуваат подоцна, бајаги подоцна после битката за Москва.

А кога сме кај честитките кои Советскиот Сојуз им ги праќал на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија, па и сојузниците им испраќаа искрени и срдечни честитки со Минхенскиот договор и анексијата прво на Судетската област од Чехословачка, а потоа и на целата преостаната територија од Чехословачка.

Ако Хитлер го нападнеше Советскиот Сојуз во септември 1939, да речеме преку Унгарија и Романија, заобиколувајќи ја Полска од југ, сигурно ќе му пристигнуваа искрени и срдечни честитки од Велика Британија и Франција поради неговите победи во војната против болшевизмот.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не е точно.
На почеток, една од многуте причини за брзото напредување на Германците беше распореденоста на руските сили на Далечниот Исток, пошто Сталин знаеме колку очекувал напад од Хитлер. По потпишувањето на Молотов-Рибентроп, он поише очекувал напад од јапанците, со оглед на предходната нивна меѓусебна војна. Све дур Зорге не го уверил дека Јапан нема намера да напаѓа, таму држел сила (после ја преместил, како што знаеме).

На почетокот на Барбароса (цела 1941-ва) Германците имале повеќе војска од Русите на Источни Фронт.
тоа е уште еден мит на кој наседуваат деца кои истоприја учат од комуњарски книги.
На исток беа послаби единици, воглавном лесни, и тие мнооогу пред јапонски напад на америка беа префрлувани на запад и таму уништувани комплет со се единиците кои веќе беа таму
Oд Јуни (почеток на напад на германија) до октомри од далекиот исток беа повлечени и фрлени во борба 28 дивизии
Во јуни веднаш беа префрлени 11 дивизии останатите пристигнуваа до октомври.Од нив 18 беа пешадиски, 3 тенковски, 1 планинска, 3 механизирани и 3 коњички.
Зорге не одигра никаква улога тука, негово некакво известување за планови на Јапонија стигна крај октомври или почеток ноември а до тогаш веќе од исток беа префрлени најголем број руски единици.[DOUBLEPOST=1506017921][/DOUBLEPOST]
Сакаше да кажеш воените резерви кои Георги Жуков ги повлече од Сибир и далечниот исток, откако Ричард Зорге потврди дека јапонската Квантунг армија нема да го нападне Советскиот Сојуз од исток. Американската и британската помош почнаа да пристигнуваат подоцна, бајаги подоцна после битката за Москва.
Сите единици од далечен исок беа префрлени во период јуни - октомври 1941 година. То со Зорге се прикски за деца, и да обавестил нешто, тоа било отпосле. Првите англиски тенкови стигнаа 3-4 недели после нападот на русија, а во одбраната на москва 60% од тенкови беа англиски
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.459
In mid-September 1941, he informed the Soviet command that Japan was not going to attack the Soviet Union in the near future, which allowed the command to transfer 18 divisions, 1,700 tanks, and over 1,500 aircraft from Siberia and the Far East to the Western Front against Nazi Germany during the most critical months of the Battle for Moscow; one of the turning points of World War II.
A month later Sorge was arrested in Japan on the counts of espionage.

ако земам на темава вака да демантирам за секоја неточна работа што си ја пишал, ќе треба да окапам на темава цел ден
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Сите единици од далечен исок беа префрлени во период јуни - октомври 1941 година. То со Зорге се прикски за деца, и да обавестил нешто, тоа било отпосле. Првите англиски тенкови стигнаа 3-4 недели после нападот на русија, а во одбраната на москва 60% од тенкови беа англиски
Ти беше таму и го виде тоа со свои очи, или другарот Тито ти го кажа тоа за време на парадата во Белград ?

Сигурен си дека ти не веруваш во приказни за деца ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom