Seat Ibiza или VW Polo за почетник и за прва кола?

  • Креатор на темата Креатор на темата CH_14
  • Време на започнување Време на започнување

Seat Ibiza или VW Polo?

  • Вкупно гласачи
    35
Јас кога би бирал помеѓу овие две коли би го избрал Полото. Ем појака марка, ем според мене е некако поубаво и покомфорно. А и би те прашал дали си размислувал за некоја друга кола и до која цена?:)

Да, сум размислувал, но изборот падна на овие две :) Предложи ми некоја друга кола, сумата нека биде да речеме околу 3500 евра.
 
Последно уредено:

Сакаш ваква кола заради што така налага Законот или зашто ти не се чувствуваш способен да возиш нешто појако?
 
Не дека не се чувствувам способен да возам нешто појако, далеку од тоа, туку едноставно после пребарување на интернет, слушање/читање на различни мислења, споредба на перформанси, изглед, сметам дека ова највеќе ќе ми одговара, за прв автомобил.

Погоре некој праша што подразбирам под возач почетник, мислев на возач кој што има положено пред неколку недели или месеци, возач кој што нема возено повеќе од 100-тина часа. Мислам дека во ваков случај не е добро прв автомобил да биде на пример Audi A3 или Golf 5, туку некој помал автомобил за да се стекне искуство. Тоа е мое мислење, не мора да е точно, затоа и барам совет :)
 
Ќе го сфатиш ова како фалење, ама јас учев да возам на седум години, на Ауди 80 со 60кс, од тогаш имам свашта возено, на десет години возев А4 со 150кс. Не мора да бидеш ограничен на нешто толку слабо, ако имаш научено како работи колата нема да ти биде проблем после да речеме 10-20 саати на полигон со кола од 100-110 кс да излезеш на улица и да возиш нормално и неризично.
 
Да, сум размислувал, но изборот падна на овие две :) Предложи ми некоја друга кола, сумата нека биде да речеме околу 3500 евра.
Brat, zemi si Ibica 1.9 TDI i uzivaj. Poloto e za vagini, ibicata e bas dobra kola za mlad decko, baska so toj motor ke uzivas vo voznjata koga ke podnaucis podobro da vozis.

Batali tie muabeti kola za pocetnik, toa porano demek Jugo. Koga veke davas tolku pari barem uzivaj vo toa.
 
Сеат Кордоба, или по нашки Магаре, ем ефтино за одржување, ем крепи и по милионче.
 
Ќе го сфатиш ова како фалење, ама јас учев да возам на седум години, на Ауди 80 со 60кс, од тогаш имам свашта возено, на десет години возев А4 со 150кс. Не мора да бидеш ограничен на нешто толку слабо, ако имаш научено како работи колата нема да ти биде проблем после да речеме 10-20 саати на полигон со кола од 100-110 кс да излезеш на улица и да возиш нормално и неризично.

Исто како тебе брат и јас се учев да возам како мал 3-4 одделение, и сосема солидно возев, ги знаев сите правила и знаци, потоа некако го изгубив интересот за автомобили, еве сега одеднаш пак ми се појави желба за возење, но реално си треба искуство.

Brat, zemi si Ibica 1.9 TDI i uzivaj. Poloto e za vagini, ibicata e bas dobra kola za mlad decko, baska so toj motor ke uzivas vo voznjata koga ke podnaucis podobro da vozis.

Batali tie muabeti kola za pocetnik, toa porano demek Jugo. Koga veke davas tolku pari barem uzivaj vo toa.

Брат натаму оди и моето размислување :)
 
Генерално исти се и двете возила, бидејќи имаат иста платформа, исти мотори и сл. Може да размислиш и за Fiat Grande Punto 1.3 Multijet. Одличен автомобил, доста просторен за класата со солидна амортизација. Исто така може да разгледаш и Рено Клио, особено бензин.
 
A koga bi birale pomegju Corsa i Punto?

Sent from my Lenovo S850 using Tapatalk
Исто така многу ист избор во смисла и двата модели се со идентичен квалитет. Јас би Пунто.[DOUBLEPOST=1506037620][/DOUBLEPOST]
а тојота јарис, што и фали како кола за почетник?
Не е ГерманЦка а и најздрави коли се, треба ли по другари да се фали колку џитнал за сервис :D (за сите просечни Македонци зборувам)
 
Да, сум размислувал, но изборот падна на овие две :) Предложи ми некоја друга кола, сумата нека биде да речеме околу 3500 евра.
Потполно те сфаќам, почетник си, законите се малку поинакви при изборот на кола, но од друга страна колата не е нешто што секој ден можеш да го купиш, така да треба да размислуваш малку подолгорочно. Така да Полото ти е сосема Ок, а за тие пари би ти ги предложил и Mitsubishi Colt, Kia Picanto, Opel Meriva, Citroen C3 и C4. Разгледај и на Реклама 5 и на Пазар 3, имаш огромен избор на коли според твоите потреби и можности.
 
Топови ти се и двете поготово што си почетник. Ја со лада караванка 111 бензин од почетник па уште ја терам. :(:(:(:(:(:(:(:(:(:(:(:(:(:(:tapp:

Иначе гласав за полото, така да кое и да си го земеш со среќа и со здравје да си го возиш. (y)
 
Последно уредено:
Ќе го сфатиш ова како фалење, ама јас учев да возам на седум години, на Ауди 80 со 60кс, од тогаш имам свашта возено, на десет години возев А4 со 150кс. Не мора да бидеш ограничен на нешто толку слабо, ако имаш научено како работи колата нема да ти биде проблем после да речеме 10-20 саати на полигон со кола од 100-110 кс да излезеш на улица и да возиш нормално и неризично.

Перниче под газ ти ставаа?
 
жити се
ова бил детски закон? а за возрасни има друг??

е ај појасни за кои деца се однесува овој член од истиот закон:

Член 325 (1) На контролен здравствен преглед задолжително подлежи: - возач кој управува со моторно возило со кое се врши јавен превоз, во временски интервали што не можат да бидат подолги од три години; - возач на кого му е издадена возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите „Ц“, „Ц1“, „ЦЕ“, „Ц1Е“, „Д“, „Д1“, „ДЕ“, „Д1Е“ и „Т“ пред секое продолжување на важноста на возачката дозвола; - возач на моторно возило на кого му е издадена дозвола со пократок рок на важност заради здравствената состојба; - возач на моторно возило кој наполнил 65 години возраст, во временски интервали кои не можат да бидат подолги од три години и - возач-инструктор пред секое продолжување на важноста на дозволата за возач-инструктор.
Можеш ти подобро...
 
Перниче под газ ти ставаа?
Можеш да збориш што сакаш, ама ќе ти кажам само дека ниту ме знаеш ниту ме познаваш и можеме да се препираме до утре сабајле. А и онака не ми е ниту навреда ниту нешто слично, и така ретко кој верува, како и да е, луѓето кои ми значат(или повеќето) ме виделе и знаат, па не ми е важно дали ти или некој друг ми верува за ова.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom