V
viktora
Гостин
Мило ми е што за време на диктатура и изолација имаш прошетано дури стотина држави.Те излажале пријателите, во Париз те претресуваат кога сакаш да влезеш на Шамз Елизе во некоја продавница поради терористичките напади кои ги имаа пред 2 години и ако сакаш да влезеш во сите други европски поголеми метрополи во некоја градба или дворец со огромно историско/културно значење. Никој никаде барем мене ме нема застано од никаде да ме претресува или па некој што го знам. Со спортот прошетав сегде по 100 пати поготово во Европа и во некои држави дури не знам ни како им изгледа униформата на полицијата па сега види.
Јас никаде не не споредив нас со Холанѓани или Германци, боже сачувај тоа ама нема поента да има полиција секаде и да наликуваме на Багдад кога сите едни исти џибери што прават вакви работи се со некој човек во МВР како што спомна @silmarillion и џабе е 20 џандари на човек да наредиш на ул. Македонија, настрана што грдо и несигурно изгледа полиции да гледаш и како граѓанин и како турист. За такви глупости си има CCTV камери кои работат 24/7 (сем Мартин кога го изеде) и ако нешто се случи имаш доказ и снимена фаца црно на бело, па нема, не бев јас, во подрум бев, спиев и така натака. Исти курац е и со овие што креваат луѓе на хауби. Обичниот граѓанин ќе си плати казна за расипан штоп, ден два закаснета регистрација, погрешно престројување, скршена шофершајбна ама сите знаеме кој крева 200 на Партизанска и вози мотори на едно тркало кај што не треба (види погоре).
Зошто мора да бидат во униформи?До сега на тие места каде што ги имам прошетано повеќето ги имам сретнато во цивилки.Во Виган,Манчестер обичен Опел со трепкачи не има стопирано за брзо возење.Ако ни си ги видела не значи дека не биле присутни.Толуку ли е тешко да се постават неколку џандари во цивилка што би контролирале поготово плоштад и ул Македонија?