Абе Клинчо се трудиш да бидеш неутрален и праведен ама слабо со резонирањето.
Врска тендерите КОЈ е одговорен, кај кого е моќта да одлучува и да ги доделува... па место да бараш вина кај Кочо барај кај другата страна. Тоа е проблемот со твоето размислување, очекуваш од 30 годишни министри и премиери да работат чесно, а бизнисмените одма ги етикираш со предатори. Среќно во животот, ама ни 1000 закони нема да го спречат лавот да улови антилопа.
Ти пречи бизнисмен да седи на чело, а 30годишни неиживеани, искомплексирани, неморални, приучени за министри и премиери тоа не ти пречи.
Политичарите од кариера од секогаш биле проблемот а не бизнисмените. Кај дел од бизнисмените има вина ама пак ОДГОВОРНОСТА за нивно не спречување и неказнување е кај политичарите и судиите.
Концентрација на моќ подобро кај некој докажан и што ги чува и инвестира парите тука а не како другите. Бране, Љубче, Мијалков да вратат парите тука и да отворат било какви бизниси подобри од Словенија ќе бидеме.
Словенија не ја донеле странци да изгледа убава туку народот сам од домашна култура. Ама само изгледа убава, народот не е баш среќен
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
.
Кај Венецијанските трговци, на чело на државата на секои 2-3 години ротирале најбогатите фамилии. Знаеле дека ако донесат закон на штета на другите фамилии а само нив да им одговара наредните ќе го сменат и ништо нема да добијат.
Абе Бафрич, Бафрич, прво мешаш објективност и неутралност. Ова за Добро утро.
Не знам од каде, ама еве втор пат се обидуваш да наметнеш проблем со резонирањето кај мене, а притоа нудиш лав да биде чувар на антилопа?!
Никакоv закон нема да, a и неможе да го смени она што е генетски вградено кај лавот, само ќе паѓа во искушение секогаш кога вратот на антилопата ќе му биде во билизина, природно е тоа
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Веќе имаше нешто на темава, по малку непристојоно за мене, околу алкохоличар чувар на винарска визба, касниш некако, а и веќе паѓаш во шаблонот, читаш наслови на курир и република, потоа одговори за истите на плусинфо и либертас и правиш муабет., со почт кон вториве. Се обидуваш да се наметнеш од некој прагматичен аспект, ама не ти оди.
Никогаш не го ставив дотичниот во било каков контекст со разни љубчовци, бранковци, грујовци и триесетгодишни министри, ниту еднаш, ти го правиш тоа цело време а се обидуваш да ми го импутираш мене, ако веќе спомнав име конретно тоа беше Ванчо Узунов, на вчерашниот прес седеше до Анѓушев, ама тоа го „превиде“ затоа шо не ти оди во прилог да ја свртиме натаму дебатата.
Понатаму, не ми е јасно како тоа оваа последна декада беше карактеризрана од некои како време кога нема закон, ред и поредок, се случува системска ерозија и комплетно ставање на институциите на истито под нечија чизма, за баш во тој период се појави „Венецијански трговец“, реалзиран токму во тој период, по мене премногу рпави потези, јас би реков трасиран или проектиран, не верувам ич во случајности и сл кога се работи за тука, МКД.
Проблемот со досегашните е шо, како велиш самиот, 30 годишни министри на кои единствено искуство им е „зборено е со филјан чоек, ќе биди мунасипот“ формално образование стекнато на благо сумлив начин, некој очекува да бидат чесни, јас не сум тој, и да е вундеркинд кој доаѓа од Лондонска школа за економости, му недостига пак животно искуство за да менаџира реосор.
Ако велиме дека веќе има наука во него.
Досегашната практика вели дека сите без исклучок, политичката моќ кои ја имале во одреден момент, ја искористиле за стекнување на капитал, при што е направена концентрација на моќ, еве последен пример е Мaкпетрол, обид за преемање во Гестапо операција, каде сситемот се користи како полуга за вршење притисок а притоа на формално правно чист начин, се приоаѓа во преземање на компанијата, значи со алтани со све. Само да се направи кабает па да продава.
Да се разбериме тука, ова прилично незгодно, затоа шо се прави обид за изнуда на противправно стекнат капитал, украден да не речам, рекет на арамија. Од некој морален аспект гледано.
Значи со државна функција до приватен капитал.
Сега некој кој прилично успеал во такво време невреме, има капитал, ти му даваш и државна функција, и мене ми велиш слабо ти оди резонирање?
Да бевме држава каде јавен обвинител прави кариера со покренување обвинение за корупција против високо профилирани државни функционери, ок, ама тука кој бе Бафрич, уште неседнат во јавноста се лиферува инфо за судир на интереси.
Злоупотреба на позицијата, и вели тендерот е ставен на увид, формално правно е чист.
И на Трансмет се формално правни чисти, може некој да докаже под кои околности се одвивале тие тендерски постапки, кој може кај нас таква комплексна истрага да поведе, и да изгради случај кој тоа ќе го отслика, формално правно чисто, илузорно.
RICO или
Racketeer Influenced and Corrupt Organizations Act.
Досега се извоз, сега во кабинет тендери и концесии?
Како сакшнаречи го, дисперзија, дифузија на моќ, може и дисипација, ама по мој како таков резон, конкренто за кај нас е подбро решение од твоето лавот да биде чувар на антилопата.
Жал ми е шо немав време да бидам краток,