Ka sme veke kaj skolite ja da vi postiram za zemjodelskoto so pise u vest
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
СТРУМИЦА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Украдени 33 дневници од средно училиште[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Средното општинско училиште "Димитар Влахов" од Струмица остана без дневници, откако непознати провалници изминатиот викенд успеале да влезат и да ги украдат сите дневници за учениците од прва до четврта година.
По извршениот увид било утврдено дека кражбата се случила во саботата вечер во 21,30 часот. Провалниците, откако влегле во училиштето, ја скршиле вратата од професорката канцеларија и од плакарот ги украле дневниците. Потоа, најверојатно со моторно возило, заминале. Кражбата била откриена следниот ден и била пријавена во полиција.
Во училиштето велат дека во дневниците веќе биле запишани оценките од третото тримесечје.
"Имаме педагошки евидентни листови во кои се водат податоците за оценките и за редовноста на учениците во наставата, па сметам дека нема да имаме никакви проблеми во наставниот процес", вели Слаѓана Даова, директорка на училиштето.
Вчера професорите на настава одеа со евидентни листови. Очекуваат полицијата брзо да ги пронајде крадците и да им ги вратат дневниците. 




Tii se ludi tama site...[/FONT]