Планинарење

  • Креатор на темата Креатор на темата EVIL-B
  • Време на започнување Време на започнување
13938467_1233002986733524_6314487249844321424_n.jpg
 
дечки која андроид апликација офлајн е најдобра за планинарење?
 
Додека не го набавив Гарминот, користев или Спортс Тракер или Мап мај хајк, ама и двете знаат да забегаат.
Гледам другите користат некои други апликации, а горе долу се тука некаде, така да било која да одбереш, ќе ти врши работа. :)
 
Абе научете се да следите терен, да се ориентирате по релјефот, земете си некој подобар компас и мапа, не тие, запнале со телефоните во раката и ,,планинарат'', каде е планинарскиот дух во тоа? :cautious:
 
Планинарам и пешачам на долги патеки сам, Ме интересира дали некој досега има налетано на волци или некој друг опасен дивеч па дури и овчарски кучиња или чуварски кучиња особено оние пуштени на слобода околу вили на пониските ридови, и како би се справиле во таква ситуација?
 
Сам на долги стази не е баш најдобра варијанта.
Немој да мислиш дека ќе налеташ на волци, паметни животни се тие, навреме си бегаат.
Поверојатно дека ќе видиш мечка, но ништо страшно, терај си го патот и без долги поздрави со неа :) .
Овчарските кучиња се друга приказна, истренирани се да немаат страв, ако не е овчарот тука да ги смири и ако си сам многу веројатно тоа ќе ти биде последен пат да одиш без друштво :) .
 
Абе научете се да следите терен, да се ориентирате по релјефот, земете си некој подобар компас и мапа, не тие, запнале со телефоните во раката и ,,планинарат'', каде е планинарскиот дух во тоа? :cautious:

Планинарскиот дух е во планинарењето, а Гарминот ми служи за да ги запишувам стазите на дигитална мапа и да водам статистика.

Компас и мапа се носи при секое планинарење во секој случај, не дека некогаш до сега ми потребало, ама сепак си стојат во ранец. Мобилниот телефон е секогаш во џеб.

Што се однесува до планинарење сам на подолги патеки, не го препорачувам, не заради опасни животни, туку заради можни повреди или можеби и губење. А и секогаш е добро да се има друштво, барем за два реда муабет.

Дивите животни воглавном бегаат од луѓе, како неопасните, така и опасните. Од дивите имам сретнато диви свињи, диви кози, лисици, зајаци, и доста, доста кучиња. Мечка имам слушнато во близина, а можно е да ми бил и некој волк исто во близина.

Кај кучињата, било овчарски или не, најглавно е да не те фати паника и да не почнеш да бегаш, зошто тогаш им проработува ловечкиот инстинкт и почнуваат да те гонат. Се додека им стоиш со лице према нив, ќе те лаат, ама нема да те нападнат. Нарочно ако си во група.
Лично повеќекратно искуство. :)
 
Порано петарди се носеа на планинарење, заради овчарскиве.
 
Кај кучињата, било овчарски или не, најглавно е да не те фати паника и да не почнеш да бегаш, зошто тогаш им проработува ловечкиот инстинкт и почнуваат да те гонат. Се додека им стоиш со лице према нив, ќе те лаат, ама нема да те нападнат. Нарочно ако си во група.
Лично повеќекратно искуство. :)
Да потврдам за кучињата, во никој случај бегање, само застанување храбро пред нив, па и накај нив да тргнете не е лошо, да осетат дека не им се плашиш и дека си похрабар од нив, и јас од искуство кажувам.
 
Косава ми обеле пред многу години од страв кога буквално на 20 см.од моето тело ржеа 10 разјарени овчарски кучиња :vozbud:

Сакам да ви кажам на сите дека не помага ниту храбро стоење, ниту клекнување(ние сите 6мина души бевме посрани во гаќи)...убаво е да се има стап или нож.
Паметам како сега да се случува, шетавме на Бистра и наидовме на стадо овци...одденаш ни се стрчаа кучињата кои така се истренирани да го чуваат стадото.
Имавме среќа што овчарот беше во близина и им свирна со на нив позната свирка и убаво паметам дека буквално се закопаа во место до нас и не се мрднаа додека овчарот не ги разбрка.
Наравоучение
На планина кога се оди, обавезно со себе да се носи нешто за одбрана, изборот е ваш.:)
 
Ти нема зошто да се плашиш од овчарски кучиња. Тие не напаѓаат овци, напротив ги чуваат и бранат.
 
Од турата овој викенд, Црн врв - Салакови езера - пл. дом Караџица
1ec2c5f2f21b5d079362a0f90369a048.jpg

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom