Не знам дали сте дискутирале на претходните страници за ова. Не ве пратев, сега се ставив на темава. Пошо има 800+ страници да не ги читам сите. Ме интересира зошто ако Бог (Јахве, Аллах) ги создал сите луѓе со сите нивни особини и нагони. Вклучувајќи ги и хомосексуалците. Зошто тогаш ја забранува хомосексуалноста ако тој ги создал луѓето такви какви што се и зошто припадниците на Абрахамски религии имаат предрасуди спрема овие особи ако Бог ги создал луѓето такви какви што се?
За вакви прашања одговори треба само да ги осознавате.Доволно е да тргнете од себеси и сите внатрешни и телесни промени кој ги доживува човек.
Сите тие промени соединети во една целина вклучувајќи го и периодот на неродени , односно во утробата на мајката и крајниот период смртта и ќе му отворат на човек поинаков поглед кон светот и вакви прашања нема да помислува да праша.
Тргни од поимот бебе.
Создаден од маж и жена.
Бебето не е маж/жена, треба да поминат времиња, да доживее промени, да стане тоа и повторно да се повтори кругот на создавање.
Да се создаде не е исто што и како ќе живееш!
За да продолжи животот и циклусот на создавање треба да се дадат насоки.
Ако се вели дека Бог го создал човекот тоа не значи сега човекот дефакто е и бог.И за тоа треба да поминат времиња и промени.
Сега спореди со оние кои не создаваат нов почеток , кој ги нарекуваш хомосексуалци и прикажи промена во циклус на времиња.
Не продуктивен начин на живот од кој не се раѓа нов живот не може да се вклопи во зборот вечен, создавач, татко, природа , семоќен , а со тоа и самиот Бог да се идентификува , онака како што децата се идентификуваат и личат со своите родители.
И не се вика зошто дозволил, туку дека е посеана нивата, доброто и лошото се составен дел од патот на човековото постоење до своето оформување во Бог!
Па сега ти сам размисли.