Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
“На вчерашната седница беше разгледана информацијата за затекнатата состојбата во АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) во периодот од почетокот на оваа година, до 1 август. Според оваа анализа, производството на електрична енергија во ЕЛЕМ е во континуирано опаѓање, додека, пак, потрошувачката на јаглен и мазут, по произведен мегават електрична енергија, е во постојан пораст. Оваа нелогичност во работењето на ЕЛЕМ, според согледувањата во информацијата, се должи на несоодветната ревитализација на соодветните капацитети за електрична енергија, како и на недомаќинското работење со склучување на скапи договори со надворешни компании од поранешното раководство. Карактеристика во затекнатото работење на АД ЕЛЕМ е прекумерната и непродуктивна превработеност, а за платите и хонорарите на преку 5489 вработени и ангажираните лица со авторски договори, во 2016 година биле потрошени 56,8 милиони евра. Како исклучително високи трошоци за разни услуги, највисоки се оние за услугите на адвокатски канцеларии во земјата и во странство, кои за три години изнесуваат 2,5 милиони евра.

56.800.000 евра за плати и хонорари на 5489 лица
или 10.347 евра годишно по лице
или 862 евра по лице

И после не можело да има ефтина тарифа или просечна плата од 500 евра.
Пари има само треба да се спречи нивно крадење, ненаменско трошење и превисоки разлики во плати
Пoштo си мерaклијa зa Елем дa пишувaш и зa врaбoтувaњaтa сaкaм дa ми кaжеш зa нa Ермирa Мехмети (oнaa штo стенкaше) брaт и.Тoј фaрбaше спoменици сo куртoни вo рaзни бoи пa дaли знaеш кoјa пaртијa и кaде гo зaпoсли? Кaквa кoлa му дaдoa и кoлкaвa му е плaтaтa вo Телекoм?
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Со закон е пропишано загубата на јавните претпријатија да ја надомести државата :)
Јас не го спорам тоа, и не гледам што е смешно кога сите го плаќаме тоа.
Тоа е и проблемот во целиот систем, како приватникот работи иста дејност со профит, а овие со загуба ;)
Значи јасно ми е дека ЈСП е потребно и не треба да работи со незнам колкави профити, ама па и со толкави нереални загуби не иде.
Во сите држави, државата ги финансира, ама не прават толкави загуби. Доволно се шоферите се друго вработено 50% од нив е непотребно.

Шуми на пример ем најголем должник на државата, ем си направи лотарија за вработување на 20.000 мислам беше. Подебилна работа неможеше да направат, сигурно е и ПРОТИЗАКОНСКИ ама јбг никој не се буни :P
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
ТЕЦ осломеј или Неготино, речиси и не работаат, не произведуваат струја, али примаат плата вработени се одржаваат простории и машини.
Од државен буџет иако на пазарот се со нула или во минус
Државата ги плаќа. Од државни средства.
Нема трета категорија на вработени, или се приватен сектор или државен сектор.
Ги плаќа ЕЛЕМ.
Не знам што се натегаме. Тоа се фирми во државна сопственост, но не се на буџет, не спаѓаат во државна администрација.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
а на приватни претпријатија ?

Ceкој од нас си има бројчаник во џепот, во 2006 во просек секој граѓанин имал долг од 730 евра, кон крајот на 2016 тој долг е 2400 евра по граѓанин
Најбитно е кои приватни претпријатија, Фероинвест и Трансмет не се исто што и некоја бакалница, не важат истите закони за нив тука ;)

Конректно за долгот, тренедот е во пораст, стагнира или опаѓа?

Освен шо потпишавме дека во бугаристан нема МКД, а се појавија доста бројни бугарски малцинства во северен јунанистан и Албанија, по друго суштински се промени?

Законот за албанизација настрана :)

Јас не го спорам тоа, и не гледам што е смешно кога сите го плаќаме тоа.
Тоа е и проблемот во целиот систем, како приватникот работи иста дејност со профит, а овие со загуба ;)
Значи јасно ми е дека ЈСП е потребно и не треба да работи со незнам колкави профити, ама па и со толкави нереални загуби не иде.
Во сите држави, државата ги финансира, ама не прават толкави загуби. Доволно се шоферите се друго вработено 50% од нив е непотребно.

Шуми на пример ем најголем должник на државата, ем си направи лотарија за вработување на 20.000 мислам беше. Подебилна работа неможеше да направат, сигурно е и ПРОТИЗАКОНСКИ ама јбг никој не се буни :P
Комитрагично е, се тоа оди на нереални цени во јавни набавки, фиктивни долгови, напумпани цени за експлоатација итн.

Јавни набавки и вработување во јавен сектор не чепка никој, тоа е медот и путерот на кој се хранат партиските машинерии, а плаќаме сите, а не сите сме дел од нив.
 
B

Bafra

Гостин
Најбитно е кои приватни претпријатија, Фероинвест и Трансмет не се исто што и некоја бакалница, не важат истите закони за нив тука ;)

Конректно за долгот, тренедот е во пораст, стагнира или опаѓа?

Освен шо потпишавме дека во бугаристан нема МКД, а се појавија доста бројни бугарски малцинства во северен јунанистан и Албанија, по друго суштински се промени?

Законот за албанизација настрана :)



Комитрагично е, се тоа оди на нереални цени во јавни набавки, фиктивни долгови, напумпани цени за експлоатација итн.

Јавни набавки и вработување во јавен сектор не чепка никој, тоа е медот и путерот на кој се хранат партиските машинерии, а плаќаме сите, а не сите сме дел од нив.
РЕШЕНИЕ ?
зашто 3.281 страници читам само како се обвинуваат едни со други, си кажуваат кој какви криминали направил и никому ништо :facepalm: . Место да смениме матрицата, само обвинуваме.
Кога државата краде, тоа е политика, а кога приватник/физичко лице ќе украде е тоа е криминал :bravobe:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ги плаќа ЕЛЕМ.
Не знам што се натегаме. Тоа се фирми во државна сопственост, но не се на буџет, не спаѓаат во државна администрација.
1. Комисијата за економски прашања, Предлог на Буџетот на Република Македонија за 2011 година: 31 - За Агенцијата за енергетика се предвидени 9 милиони денари за таа година; - Тогашниот министер потенцирал дека програмата предвидува субвенции за обновливи извори на енергија, конкретно сончеви колектори од 6 милиони денари; - Критика на ова од опозицјата е дека средствата предвидени за оваа програма не се доволни; - Прашање до Министерот зошто е одложен тогашниот тендер за концесија на Галиште од причина што таа инвестиција чини скоро 700 милиони евра; - Пратеникот Радмила Шекеринска Јанковска, упати прашање зашто проектот Луково Поле не е опфатен во Предлог Буџетот за 2011 година, иако беше најавено дека ќе стартува со средства од оваа година; 32 - Коментар дека 35 милиони денари се малку средства предвидени за енергетика и со тоа што после исплаќањето на плати и разни трошоци би останале само 6 милиони денари за развој на енергетиката и што би се инвестирало со толку средства;
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
РЕШЕНИЕ ?
зашто 3.281 страници читам само како се обвинуваат едни со други, си кажуваат кој какви криминали направил и никому ништо :facepalm: . Место да смениме матрицата, само обвинуваме.
Кога државата краде, тоа е политика, а кога приватник/физичко лице ќе украде е тоа е криминал :bravobe:
Кога е пишуван законот за јавни претпријатија, или препишуван од некаде, веројатно некоја благородна идеа за јавното добро била појдовна точка со тоа шо дефинирал законски дека долговите на дотичните претпријатија треба да се покриваат од буџет.
Пошто е државата сведена на леш, не знам тоа шо ги прави тие шо гравитираат околу истиот.

Има решение, ќе се појави инцидентно некаде некој Даскал од правен со предлог решение, и ќе добие црн печат за медиумски простор.

Кај нас добар дел од гласачите појма немаат дека сето тоа се прави во контекст на законот, местење тендер го земаат како пиштолџиска операција, силеџиство од најдолен вид, а тоа се уствари се реалзира од добро потковани правници и економисти.

Морков и стап, абер доаѓа дека ако учествува некој во наддавањето, треба да се повлече, ако се повлече, да речиме ќе добие дел од колачот како подизведувач или дел од набавката, во спротивно ќе почувствува на свој грб дека има и закони и инспекциски служби оваа држава за неподбните кои одстапуваат од матрицата. Сето тоа е законски.Еве нацртано и наједноставно.

Во САД на пример, ова се дел од т.н RICO случаи Racketeer Influenced and Corrupt Organizations Act, комплексни криминални дела, органзиран криминал, мада ние сме од поинаков аспект во реализација на ова. ФИФА се гонеше по истиот акт во САД :)

Имаше колумна Катерина Блажевска, се е по закон, ама по се изгледа законот не чини.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
1. Комисијата за економски прашања, Предлог на Буџетот на Република Македонија за 2011 година: 31 - За Агенцијата за енергетика се предвидени 9 милиони денари за таа година; - Тогашниот министер потенцирал дека програмата предвидува субвенции за обновливи извори на енергија, конкретно сончеви колектори од 6 милиони денари; - Критика на ова од опозицјата е дека средствата предвидени за оваа програма не се доволни; - Прашање до Министерот зошто е одложен тогашниот тендер за концесија на Галиште од причина што таа инвестиција чини скоро 700 милиони евра; - Пратеникот Радмила Шекеринска Јанковска, упати прашање зашто проектот Луково Поле не е опфатен во Предлог Буџетот за 2011 година, иако беше најавено дека ќе стартува со средства од оваа година; 32 - Коментар дека 35 милиони денари се малку средства предвидени за енергетика и со тоа што после исплаќањето на плати и разни трошоци би останале само 6 милиони денари за развој на енергетиката и што би се инвестирало со толку средства;
Не кaжa ништo зa тoј бoјaџијaтa сo кoндoмите? Тaкa ли ке се oпрaвеле рaбoтите кaкo штo тврдиш?[DOUBLEPOST=1505479025][/DOUBLEPOST] Capture+_2017-09-15-14-35-42.png oвoј нa сликaвa Зaмир Мехмети oд шaрените брaт нa Ермирa Мехмети гo зaпoслијa вo Телекoм и сегa земa плaтa нaд 1500€ и му дaдoa АУДИ дa вoзи.Вaкa ли бе Лет ке се oпрaвaт рaбoтите?
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.295
Поени од реакции
8.745
Прибе: И по две години од СЈО никој не е осуден, што создава перцепција на неказнивост

Eвропската Унија го објави вториот извештај на експертската група на Прибе во однос на владеењето на правото. Експертската група во јули беше во посета на Македонија. Во извештајот е нотирано дека СЈО мора да продолжи со работа, бидејќи како што е наведено, од суштинско значење е да продолжи кривичното гонење на одговорните за нелегалното прислушување.

-Утврдувањето на кривичната одговорност за нелегалното прислушување е од суштинско значење и мора да продолжи да се спроведува. И покрај критиките, опструкцијата и не-кооперативниот став на широк опсег на клучни институции, вклучувајќи го и обидот на претседателот да ги помилува сите дури и оние кои потенцијално би биле под истрага, СЈО сепак покажува посветеност и компетентност. Сепак, ограничувањата и опструкциите на мандатот на СЈО го покренуваат прашањето за континуитет што е од суштинско значење за обезбедување на кривична одговорност. Постојат различни опции за да се обезбеди овој континуитет. Силна правна основа за ова е неопходна, се вели во најновиот извештај на Прибе.

Експертскиот тим на Прибе забележува и дека судот не постапува ажурно по предметите кои ги добива од СЈО, и дека од вкупно 20 поднесени обвиненија, досега се потврдени само три.

-Надлежниот суд во постапувањето со предметите на СЈО го прекршува барањето за разумен рок од член 6 од ЕКЧП. За некои обвинувања поврзани со многу
чувствителни политички поединци (поднесени на почетокот на 2016 година), судот се чини дека намерно го одложува процесот за одобрување или отфрлање на барањата на СЈО за обвинение, се наведува во извештајот, каде што се додава дека судот покажал и неподготвеност за одредување на мерката притвор.

Прибе забележува и дека досега, иако поминаа две години, никој не е осуден по обвинение на СЈО.

-Вреди да се напомене дека, во оваа фаза, иако поминаа скоро две години откако започна СЈО со работа, никој не е ефикасно осуден, создавајќи перцепција за неказнивост. Од суштинско значење е да се обезбеди кривична одговорност на сите наводни сторители, без оглед на политичката припадност.

Прибе има и забелешки за Законот за СЈО, односно посочува дека кратките рокови за поднесување на обвинение, им ја оневозможува работата на обвинителите.

-Одредбата од член 22 од Законот за СЈО дозволува многу кратко време за истраги од 18 месеци. Ова е сериозна пречка за континуитетот и правдата, вели Прибе, поради што се бара овој спорен член да се усогласи со одредбите на Законот за кривичната постапка.

За да се надмине овој проблем, Прибе дури препорачува СЈО да се припои кон Републичкото јавно обвинителство, како специјализирана единица или одделение.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
За да се надмине овој проблем, Прибе дури препорачува СЈО да се припои кон Републичкото јавно обвинителство, како специјализирана единица или одделение.
Сега Џоле ќе ти објасни за неуставноста на ова решение.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
И новите ќе крадат! Па, што дека?!

Се плашам дека напорот да им застанеме на патот на криминалот и корупцијата ќе ни пропадне и со новата Влада. Го следам превладувачкото расположение за промена на власта и на локално ниво, на мнозинството граѓани им е преку глава од старо-новите кадри на вмровската Фамилија низ разните градски и селски средини во Македонија, но истовремено – иако без намера да тврдам дека имам детален увид во состојбите – гледам и како целиот „сектор“ на локалниот криминал и корупција (тендерашите, градежната мафија, кафеанските профитери, транспортерите, експертите за бирократските процедури итн.) се подготвува само да ги „превземе“ новите градоначалници и новите општински управи и веднаш да ги стави во „машината“ на наместените јавни набавки за улици и тротоари, за измислени градежни маркички, за „скриени поткровја“, за транспортот на ученици, за греење на општинските згради или за долгите софри по локалните кафеани. А и некои од кандидативе се за машала: уште кампањата за нови градоначалници и советници непочната, веќе се испоседнати по штапските биртии каде се утврдуваат процентите за кубиците и квадратните метри на „обновата“ што ќе ја ветуваат во изборната трка. „Еми, нели треба да има живот за сите?! Нам ни е редот!“, ми вели еден градежник, симпатизер на СДСМ.

проблем е оној на широката јавност: во Македонија мнозинството граѓани смета дека корупцијата е „нормален“ дел од владеењето, особено на локално ниво. Минатата година една анкета на прилепската невладина организација АГТИС – а и вчера промовираната анкета на Телма/МЦМС, на посреден начин – јасно покажа дека луѓето како да се помирени со тоа дека секоја власт краде, дури значаен процент од населението би ги сметало градоначалниците и за будали ако не се етаблираат за шефови на локалната корупција – проблем им е само дали (ќе) се краде без усул и како, евентуално, и тие да го бркнат прстот во таа тегла со општински џем. Макар некој нивни братучед, зет за сестра, внука…

Со други зборови, корупцијата ни е веќе дел од менталитетот, од нашата широко распространета културно-политичка матрица. Можеби е дојдено време корупцијата да ја озакониме, да предвидиме данок за неа, а потоа да оставиме пазарот да ги регулира и тие односи… Па, да направиме и гугл-мапа на Скопје, на пример, на кафеаните каде, додека го пишувам овој текст, се договараат корупциите: да си знаат граѓанинот во кое бифе се решаваат предметите на Министерство за транспорт, на Градскиот катастар, на општинските градежни инспекции и сл. Може и мобилна апликација да се направи, за да не се губи време.

Затоа, еве однапред еден предизвик за новата власт: Ајде да видиме кој (и дали, кога?) ќе биде првиот уапсен градоначалник по локалните избори заради криминал и корупција? На Заев барем таа градоначалничка проблематика му е кристално јасна, па можеби е ред од тоа, локално ниво да започне нашата антикорупциска менталитетска преродба. Ако тоа не почнеме да го менуваме, џабе ни се нови градоначалници, бидејќи на старите барем се навикнавме.

Сашо Орданоски
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Сега Џоле ќе ти објасни за неуставноста на ова решение.
Тоа е за законот за формирање на СЈО. А ти кога немаш друго да кажеш, не изигрувај „сеоски мангуп“.
Скандал е Прибе да бара некој да биде осуден. Нека изјави такво нешто „дома му“.. да видиме како ќе си помине. Ако нема што да изјави, имаме ние.. за кршење на сите видови на човечки права на самоопределување... од страна на неговите „високо демократски држави“ (кон кои се стремиме).
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.779
Не можам да кажам јанвно дека сум уф еСдЕеС, ни се налага да се декларираме како неопределни граѓани, слободумни де, нешто налик на тебе, глеаш на иста страна сме, на страната на правдата.
Јас сум на страната на ВМРО ДПМНЕ, а ти си на страната на Груевски.
Ако тоа ме праи слободоумен, ОК тогаш.[DOUBLEPOST=1505481998][/DOUBLEPOST]
Тоа е за законот за формирање на СЈО. А ти кога немаш друго да кажеш, не изигрувај „сеоски мангуп“.
Скандал е Прибе да бара некој да биде осуден. Нека изјави такво нешто „дома му“.. да видиме како ќе си помине. Ако нема што да изјави, имаме ние.. за кршење на сите видови на човечки права на самоопределување... од страна на неговите „високо демократски држави“ (кон кои се стремиме).
Се посравте и се помочавте врз сите ебани закони, правила и прописи, а сега: - Законот, законот, законот...
Му ебавте матер на народов, го убивте у појам, го претворивте во алатка во рацете на двајца, а сега: - Народот, народот, народот...
Исто и со Албанците.

Вие сте толку утепани, што си мислите дека овде никој ништо не памти повеќе од месец дена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom