Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.869
Владата објави публикација со сумирани резултати од првите 100 дена
Линк до публикацијата тука.

Владата утрово ја објави публикацијата „Зборот е збор“ – 100 дена Влада за граѓаните“ во која е даден отчет и се сумирани резултатите за тоа што сработиле сите министерства поединечно.

- Резултатите, се постигнати после една исклучително сложена и кризна ситуација во нашата земја. Со новата влада, Република Македонија отпочна една нова ера на сосема нов политички амбиент во кој доминираат транспарентноста, одговорноста, отчетноста и разумните политики од интерес за сите граѓани – велат од Владата.

Оттаму додаваат дека мерките за штедење што ги презеле со ребалансот веќе покажуваат зголемен прилив на средствата во буџетот. Потсетуваат дека ги декласифицирани сите документи кои се однесуваат на привилегирани тршења на народни пари, а за враќање на парите кон граѓаните и стопанството, потсетуваат, се укинува радиодифузната такса, се исполниле заложбите за минималната плата и за воведување на ефтина тарифа на струјата, се изедначиле и условите за странските и домашните инвеститори.
Bravos, samo napret.
Use brojchaniko da stigni da go klat, na Mesechina bil na granica, da go carinat i gotofo.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Bravos, samo napret.
Use brojchaniko da stigni da go klat, na Mesechina bil na granica, da go carinat i gotofo.
Ceкој од нас си има бројчаник во џепот, во 2006 во просек секој граѓанин имал долг од 730 евра, кон крајот на 2016 тој долг е 2400 евра по граѓанин
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.490
Bravos, samo napret.
Use brojchaniko da stigni da go klat, na Mesechina bil na granica, da go carinat i gotofo.
Буквално све што ќе ти текне е боље за Македонија и Македонците од твојон газда Грујо.[DOUBLEPOST=1505472622][/DOUBLEPOST]ОТВОРЕНО ПИСМО Малчески до Груевски: Време е да си поднесеш неотповиклива оставка!
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Д-р Самоил Малчески, член на ВМРО ДПМНЕ во отворено писмо го повикува лидерот на опозицијата да си поднесе неоптовиклива оставка на функцијата Претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Како што пишува Малчески време е за нови луѓе кои пред се ќе ја вратат идеологијата како основен темел врз кој ќе делува партијата, ќе го поправат нејзиниот имиџ, а потоа ќе ги подобрат и односите со нашите пријатели од меѓународната заедница, а пред се нашите пријатели од САД и Европската народна парија.

„Твојата оставка ќе овозможи партијата во најбрз можен рок да се консолидира, да се модернизира и да се демократизира, а со самото тоа и да се врати на победнички патеки“, пишува Малчески кој потенцира дека ако се гледа според сегашните акнети ВМРО ДПМНЕ на чело со Груевски на престојните локални избори ќе доживее невиден дебакал.

„Многу често се повикуваше на делата на големите дејци на ВМРО, но очигледно во наплив на твојот порив да бидеш татко на нацијата многу малку си учел од нивните дела и нивните писма. Оттука, сакам да те потсетам на мислата на големиот војвода Даме Груев, која гласи “Доста е, подобро ужасен крај, отколку ужас без крај.”
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
се од државни средства платени, со нив раководи државата или ако знаеш кој поставува директори на тие компании. Пример во пошта, во железница во РЕК во електроцентрали??
Раководи, поставува директори, ама работат со сопствени пари, не од буџетот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.490
Да, ужас без крај е баш тоа што и се случува на ВМРО ДПМНЕ, која стана партија на криминалци и бедни по дух издркотини кои за сендвич и мајка си би ја продале. Идеалите на партијата останаа затрпани од личните интереси на Груевски и околина.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Раководи, поставува директори, ама работат со сопствени пари, не од буџетот.
Фирмите се в државна сопственост, опремата, механизацијата генератори турбини машини погони.. се државни, раководството го поставува државата али не биле тие државни работници

Приватни се?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Фирмите се в државна сопственост, опремата, механизацијата генератори турбини машини погони.. се државни, раководството го поставува државата али не биле тие државни работници

Приватни се?
Не реков дека се приватни. Не спаѓаат во државна администрација. Работат на пазарот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не реков дека се приватни. Не спаѓаат во државна администрација. Работат на пазарот.
Па во Македонија има приватен и државен сектор.
Приватниот сектор се финансира од страна на приватниците и газдите, државниот од страна на државата
Трето нема
И музеји продаваат сувенири, влезници за поставки, разгледување на археолошки локалитети... и тие ли не се државни институции оти “се на пазарот“?
Е тој податок за над 60.000 вработени во државен сектор поранешната власт сакаше да го заташка.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Е тој податок за над 60.000 вработени во државен сектор поранешната власт сакаше да го заташка.
Тој податок не влегува во бројката на државна администрација. Никогаш не влегувал.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Тој податок не влегува во бројката на државна администрација. Никогаш не влегувал.
ТЕЦ осломеј или Неготино, речиси и не работаат, не произведуваат струја, али примаат плата вработени се одржаваат простории и машини.
Од државен буџет иако на пазарот се со нула или во минус
Државата ги плаќа. Од државни средства.
Нема трета категорија на вработени, или се приватен сектор или државен сектор.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.869
Ceкој од нас си има бројчаник во џепот, во 2006 во просек секој граѓанин имал долг од 730 евра, кон крајот на 2016 тој долг е 2400 евра по граѓанин
Одлично, пиши си сам петка на раката и земи слободен ден за денес.

Буквално све што ќе ти текне е боље за Македонија и Македонците од твојон газда Грујо.[DOUBLEPOST=1505472622][/DOUBLEPOST]ОТВОРЕНО ПИСМО Малчески до Груевски: Време е да си поднесеш неотповиклива оставка!
Не можам да кажам јанвно дека сум уф еСдЕеС, ни се налага да се декларираме како неопределни граѓани, слободумни де, нешто налик на тебе, глеаш на иста страна сме, на страната на правдата.
Единствена разлика е шо за мене Трансмет е исто шо и Фероинвест, а за тебе Фероинвест е исто шо и Трансмет е за вмровска џукела.
;)
 
B

Bafra

Гостин
Не знаеш дека во овие фирми плата не се зема од буџет? Не спаѓаат во државната администрација. Ниту се на товар на даночните обврзници.
Грешка си, плус додај ги и сите јавни претпријатија фино лепо ќе дојдеш до 180.000 на државна цицка.. ЈСП,Водовод,Шуми итн итн тие ем должат огромни износи на даноци, плата земаат а се нерентабилни т.е. во загуба па затоа ги субвенционира и државата и градовите.

Бројката 180,000 ја кажа поранешниот премиер кога странците од него побараа точна бројка на вкупен број кој земаат плата од државата.

Проблемот е реален и постои ама овие сегашниве НЕМА да ја намалат таа бројка ни 1%, :mad: затоа ќе применат прогресивен данок, зголемен ддв, и други давачки, освен ако САД Кина не фрлат некое милионче (а тоа без против услуга х10 од вредноста не иде), ЕУ кутрите за нив немаат веќе.
 
Со закон е пропишано загубата на јавните претпријатија да ја надомести државата :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom