Ама ништо не си спомнал за Левица, Сојуз на ромите, и Партијата на пензионерите и нивните криминали, ич не си објективен.
Нема проблем, еве ти ги сите нив сведени во една реченица:
Сите политички партии кои некогаш биле на власт или опозиција, а не превзеле ништо за подобрување на животниот стандард и на условите за живеење во Македонија, а истовремено се збогатиле врз грбот на граѓаните, се докажани измамници и треба да им се воведе забрана за учество на избори во наредните 12 години, односно за цели 3 (ТРИ) изборни циклуси.
За Левица знам дека никогаш не биле ниту власт, ниту опозиција, па затоа не можам да дадам мислење за нив, но за Сојуз на Ромите или пвеводбеничката пензионерска партија слободно можам да кажам дека треба да им се забрани учество на избори за 12 години, исто како и за плавите жолтици и нивните сегашни и поранешни коалициони партнери.
не, не ја прават, сега е дојдено време на слобода. Сите лаги и криминали направени од предходниот режим се отвараат пред очите на домашната и светска јавност, на виделина излегуваат стотиците иљади невистини, незаконитости, неетичности направени во мрачниот период на Македонија.
Кои криминали ?
Нели се согласивме дека сите се невини додека не се докаже спротивното ?
Каде се судските пресуди ?
Према тебе си сакал и со лажење на луѓе да станеш градоначалник. Значи твојот карактер му припаѓа на друг тип на луѓе кои последни 10 години ја експлоатитраа Македонија и Македонскиот народ и од кои конечно се ослободивме
Јас досега не сум видел чесен или искрен политичар кој се држел до дадените зборови, па гледајќи како политичарите ја прават рајава будала во здрав мозок, само потенцирав дека и мене би ме бивало за тоа, бидејќи лажењето секогаш е најлесно, тешко е да се говори вистината и да се држиш до дадените ветувања.
Тоа е само затоа што немаш доволно читано книги у животот и зборот градација ти е непознат. Затоа веројатно за тебе Тодор Живков ти е исто воен злосторник колку и Хитлер, а брејнвашингот у Северна Кореа е ист со брејнвашингот во Словачка.
Здравје, еден ден ќе сфатиш можеби, дека исто криминалец не е и тој што украл 100 ќебапи со оној кој украл пола држава.
Кутриот ти, Бог знае какви фрустрации си претрпел откако си ја поминал пуленската школа на пвеводбениците, а си останал само со прстот во уста.