Ситуацијата не е најсјајна, ама интернационалните институции ќе бидат поотворени спрема новата влада. Имено повеќе фондови (Светска банка, ЕБРД, ИМФ) можат сега да ги отворат ќесињата. Се чекаат само општинските избори, да не ги финансираат по грешка истите
После тоа ќе се отворат процесите, и ќе ни бидат достапни и поголеми инструменти кои беа блокирани 2011-2012. Како пример ќе го земам Фондот за Енергетска Ефикасност од Светска банка и KfW како и други фондови кои ќе бидат достапни до јавните институции и општините.
Ова ќе го раздвижи јавното трошење во правилна насока (продуктивни проекти и проекти кои носат заштеда).
За приватниот сектор следниов период ќе биде малку потежок, додека да се крене потрошувачката преку зголемување на платите. И ова ќе има сопствени предизвици. Извозот за странство ќе биде предизвик следниот период освен можеби секторот на челик и руда.
Градежниот сектор го оставив за крај бидејќи имаше коментари претходно. Да, ќе заврши експанзијата на овој сектор во делот на станбени единици и ќе следува намалување на цените на становите. Но очекувам да се расте делот на реновирање и нискоградба (поради кажаното претходно со фондовите)
И на крај ако се најави решавање на некое од прашањата ЕУ и НАТО, тоа ќе ги зајакне позициите на економијата.
Да резимирам. Оптимално сценарио е забавување до локалните избори, мал раст до пред нова година, стагнација па добар раст до дивиденда. После тоа можен е песимизам во економијата и мало забавување во берзата.
Песимистично сценарио е ако почне рецесија на глобално ниво кое ќе повлече и кај нас. Тоа би значело мал пад на берза во рок од 6 месеци посебно кај вредносните акции. Ништо спектакуларно.
Оптимистично сценарио е НАТО и ЕУ придвижување во следните 6-9 месеци. Ова значи силен раст на се живо и диво, посебно на потценетите акции.
За мене најреално е последново сценарио, ако предвреме не се појави некое забавување да удри по некој шамар. Во секој случај "спремајте се како утре да е рецесија, а очекувајте бик
пред портите"