,, ... Новиот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, во 2013 беше на листата на „Форбс“ на петте најбогати Македонци, спореден со украинскиот „тешкаш“ Сергеј Бубка, но во трговијата со струја. Кочо Анѓушев е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Долгогодишен бизнисмен и сопственик на Групацијата „Фероинвест“ и основач на групацијата „Брако“. „Фероинвест“ во конзорциум со други македонски компании има изградено 24 хидро-централи. Неговата фирма „Феро инвест“ е една од трите фирми кои заедно со фирмата на неговиот кум Митко Кржоски се дел од конзорциумот што треба да ги изгради малите хидроцентрали за струја во Крива Паланка,
Од 2004 година Анѓушев е член и потпретседател на Стопанската комора на Македонија, а во 2013 година е избран за претседател на Македонската енергетска асоцијација. Од 2000 до 2002 година Анѓушев е помошен генерален директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ), одговорен за организирање на домашното производство на електрична енергија, инвестициското одржување на електраните и рудниците Анѓушев е член на Управниот одбор и спонзор на Ракометна федерација на Македонија и сопственик и спонзор на Фудбалскиот клуб Борец од Велес....,,
... и сега вицепремиерот не е управител, туку само сопственик, што знаел тој што решавал управителот на негова компанија и на кои тендери учествува, тој не користи никаков бенифит што е дел од Владата !!!
ауууу бре, човеков е феномен, го обожавам !