Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
Руси? Можда по резортите а со оглед на тоа што на една рака се бројат резортите тешко дека се број 1. Бугарите, Румуните и Србите углавном владеат, а наши помалце секој викенд сум натака и пратам таблици по патиштава.

Генерално муабетот ми беше како низ пластичен пример може да видиме каков ефект има развојот на стандардот. Од проста причина, ако пред 5 години 4 члено семејство може скромен одмор да пројде со 500-600 еур, денес веќе е 1000 еур ко ништо. А стандардот не е отиден дупло сигурно за тој период. Али ајде ќе почекаме, ваљда на крај од сезона ќе извадат некои бројки.
Друже за русите си грешка , не глеј таблици на коли . Западната страна на Касандра се 60% , источната може и повеќе .
Ако гледаш по коли први се србите ( некни на враќање отспротива 80-20% во полза на србите беа колите што ги сретнав ) , после се румуните ама така беше и години наназад . Нема чудење Македонија се празни , дома немаме луѓе а не па на летување !
 
Грците многу ќарија со турската криза.

Кога дојде еден мој пријател албанец , да оди во Грција на одмор а секоја година уплаќал ОЛ инклузив во Турција....
 
Кој има планирано да оди во Турција ништо не може да го предомисли. Ова лето знам две фамилии што летуваа во Анталија и Кушадаси.
 
Нешто за Сани бич ќе одиме на еден ден.Каква е водата,гирото колку е и слично фала.
 
Грците многу ќарија со турската криза.

Кога дојде еден мој пријател албанец , да оди во Грција на одмор а секоја година уплаќал ОЛ инклузив во Турција....
Kaj mene na Facebook letovo najveke sliki gledam Antalia, poveke i od Paralia.
 
Јас обично одам после 5-10 септември , супер е и времето и водата . Не е лошо да ја додадеш и Ситонија ( вториот крак) на списокот , делот од Ормос Панагиас до Вурувуру . На првиот крак плитко и чисто е на Ксенија плажата пред Паљури (чисто е кога нема срби , се разбира ) а и делот од Афитос до Криопиги е одличен.

Се повеќе Румуни има а бројот на наши , Срби и Бугари мислам дека не варира многу , сега зависи од место до место , на поефтините места лани имаше и многу Молдовани .
Инаку на Халкидики бр. 1 по бројност се Русите .
Кога се стемнува на 10ти Септември?
 
Нешто за Сани бич ќе одиме на еден ден.Каква е водата,гирото колку е и слично фала.
Водата е одлична, 20 метра одиш уште ти е до половина, мерак за деца сами да пуштиш. Плажата е многу долга, само не е многу широка. Песокот одличен. Е сега цените ти се до плафон, ама затоа ако одиш со кола можеш се да купиш од околните места(Неа Мудоња, Неа Фокеа, понатака Калитеа, во близина имаш Лидл)
 
Некои да предложи сместување во Никити и ако има контакт да ми даде.?
 
Водата е одлична, 20 метра одиш уште ти е до половина, мерак за деца сами да пуштиш. Плажата е многу долга, само не е многу широка. Песокот одличен. Е сега цените ти се до плафон, ама затоа ако одиш со кола можеш се да купиш од околните места(Неа Мудоња, Неа Фокеа, понатака Калитеа, во близина имаш Лидл)
А извини да те прашам дали има место да си ставиме сопствена лежалка и чадор?
 
А извини да те прашам дали има место да си ставиме сопствена лежалка и чадор?
Мислам дека не, што и да ти одговорам ќе биде несигурно. Инаку јас бев на неколку дена (сместен бев во Фокеа, ама таму плажата е за нигде и секој ден одев на Сани) и приметив дека е уште поплитко, можеби 100 метра поминуваш, а уште си на нозе. Ако одиш оди на плажата на Блу Дрим, не кај хотелот. Кај хотелот е исто предобро, но сепак песокот и водата се поубави кај кампингот.
 
А шо мислиш поарно ќе ни биди во калитеа да одиме или сани бич?Битно ни е морето и плажата.
 
А шо мислиш поарно ќе ни биди во калитеа да одиме или сани бич?Битно ни е морето и плажата.
Сани, Калитеа е убаво за шетање ама плажата и морето се катастрофа. Инаку дека праша за гирото, во кафанче кај Блу Дрим беше 3.50 евра. Сани е најдобрата плажа и море на која сум, а сум бил не доста плажи на првиот крак.
 
Па сани ќе одиме ама малце не плаши то да не неможиме да ставиме чадор нешто лежалка...
 
Па сани ќе одиме ама малце не плаши то да не неможиме да ставиме чадор нешто лежалка...
Ќе видиш, ако најдеш место стави, кај Блу Дрим нема вработени што шетаат по плажата, така да не би требало да е проблем, ама пак ќе кажам дека не сум сигурен.
 
Има ли бензинска на потегот од Неи Пори до Катерини каде што има плин?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom