Млеко избегавам одамна, и не само тоа, еден куп работи ми сметаат...
Ќе пробам колку можам пократко -
Проблемиве со стомаков почнаа пред 7-8 години.
Пред 6 години се испитав у државна - крв, столица, ехо, колоноскопија - ништо не ми најдоа.
Тоа време, приметив дека ми смета на пр. мрсни теста како пита, бурек, тиганици...ако изедев такво нешто, стомаков одма ќе ми се подуе и ми тежи. Исто и на пр. пиво или газиран сок, и пола чаша само да се напијам, стомаков ќе почнеше да ме врти. У последниве 6 години, секоја година све повеќе работи ми сметаат на пр. млеко, какао...или било што од благиве што содржи млеко/какао, чоколади, сладолед, итн.
Оваа година стомаков ме растури, секој месец-два пролив, у јуни цел месец имав пролив и 2-3 недели гасови и грчеви, послаби појаки па ќе ме пушти, и така по цел ден...
У јули се испитав пак, сега у воена - крв, столица, колоноскопија - пак ништо не ми најдоа...Тој специјалистот на инфективна некако ич незаинтересиран глеаше само да ме откачи и да ми ували скапи апчиња Дигестон-ов 700ден, по негово мислење пошто сум имал гасови сум имал проблем со варење само тоа ми кажа...
Последниве 2-3 недели пак иам проблеми, пак пролив секоја недела, грчевиве у понеделник ми почнаа али послаби беа се трпеа, од завчера почнаа појаки...
Значи проблем постои, не знам кај да идам повеќе какви испитивања да направам
, ме праат хипохондрик дека 2 пати се испитав и ништо не ми најдоа
...кога се има гасови чисто се сомневам дека нешто можи да се види било што на
ехо што го спомнуваш дека ти направиле,
лабораториско испитување на крвта во твојата ситуација би било пожелно околу јетрени ензими (трансаминази) и билирубинот кое би ни покажале како работат јетрата и жолчката пуштајќи ги жолчките киселини во цревата, како едни од причините за добро варење на храната, односно неправилно функционирање доведува до гасови, болки, проливи што ете ги спомнуваш дека ги имаш и на крај спомна
колоноскопија што преставува ендоскопски преглед на дебелото црево кој открива патолошки промени на дебелото црево(што сигурно ги немаш), но и дијагностицирање кога имаме појава на крв во столица, менување на тврда столица па пролив, што мислам дека ги немаш тие симптоми и не знам колку е оправданоста на вакво испитување кај тебе и тоа по втор пат
малку даде опис на твојата состојба, па некако да се насочиме во некој правец, освен ja потенцираш исхраната, ама ај на овa твое стерилно опишување да дадеме мислење што би можело да биде :
1.) можна е болеста
Целијакија кога протеинот глутен ( пченица и др.житарици ) предизвикува да имун системот го оштети тенкото црево со појава на болки и надуеност на стомакот, дијареа и замор значи се сомневаме дека си интолерантен на глутен па избегнувајќи го во исхраната состојбата би требало да се поправи! ( се прави тест на специфична антитела Transglutaminaska Antitela, IgA )
2.) твоите чести проливи малку ме потсетуваат на
КРОНОВА БОЛЕСТ која преставува воспалителен процес на тенкото црево, (автоимуно нарушување) со појава на грчеви после јадење и болка на десна страна на долниот дел на стомакот и многуте чести течни столици, за да потоа прејде на други симптоми !
но не спомнуваш никакви проблеми со зглобови, кичма итн, оти болестите на црева ете идат со промени и болки на зглобовите, сулфасалазин е лек за избор за проблемите на Кронова болест, но мора нели, да се потврди, но често пати болеста не дава симптоми кај младите над 20 год како ги очекуваат докторите со покачена температура и слузест, крвав измет па затоа го отфрлуваат овој факт, а само неколку таблетки ќе ја среди ситуацијата доколку е искусен докторот да дијагностицира ...
3.) можно да имаш т.н.
НЕРВОЗЕН СТОМАК во состојба на стрес и нервози, симптомите се често подуеност, подригнување, тежина во стомакот, нагон за повраќање, грчеви, ладни и влажни раце, бледо лице, забрзана срцева работа што резултира со „недоварување“ на храната и појава на проливи, па да ситуацијата се смири со некое смирувачко средство или едноставно прошетка и бегање од реалноста и проблемите...
4.) може да имаш
нетолеранција на Лактоза, како неспособност да дигестивниот тракт го разгради шеќерот од млечните производи при тоа доаѓа до мучнина, хронични проливи, силни гасови и повраќање и одредување е да самиот забележиш дали кога конзумираш таква храна имаш такви проблеми, како што самот кажа дека ти сметаат млечни производи...
5.) може да имаш и
засилена функција на трироидна жлезда ( кога во организмот имаме повеќе од колку што треба хормонот тироксин, доаѓа до чести нервози, несоница, хроничен пролив и анксиозност) лабораториското испитување на Т3 и Т4 ќе го потврди тоа дали е од тоа таквата твоја состојба или не !
Е сега кога ќе ги разгледам сите опции ( со напомена да се проверат јетрените трансаминази и жолчката, билирубинот) ако навистина си имал во јуни цел месец пролив не е чудно да имаш некоја лесна форма на нетолeранција на лактоза, но поради целомесечен пролив што си го имал се сомневам и на лесна форма на Кронова болест, но нели докторите се за да одредат, ние со коментариве само си помагаме овде на форумов