То шо ја нема Југославија и Тито е едно од поголемите зла шо не задеси, али ти тоа никогаш нема да го дознаеш, ниту можеш без јутуб и гугле да правиш споредби на тие некои поинакви поранешни времиња кои сум ги живеел со полна пареа со овие денешниве. Тебе животот почна да те интересира во почеток на 2000ти, а политика пред 2-3 години.
90 сети сум ги поминал 95% време овде, и блокади од грција и немање лекови и крадења на бензин од коли пошто немаше по пумпи и плачењето на Киро и еуфоријата и фантастичните бајки за осамостојување, сум ги видел Слобо Изетбеговиѓ, Туѓман, Киро, Марковиќ... во Св. Наум кога идеа на преговори за Југославија,
сум бил сведок на пропаѓањето на фирми....
Така да џабе сакаш да ме убедиш дека не сум бил и живеел она шо сум бил и живеел.
Да ти бидам искрен, мене политиката воопшто не ме интересира, но во 1990-те години политиката стана сеприсутна и се случи она неубавото: ако не се позанимаваш ти со политика, тогаш политиката ќе се позанимава со тебе.
За себеси велиш дека си видел не знам кого, си крадел бензин од коли - блазеси ти, изгледа имаш нешто заедничко со пвеводбениците, можеби се препознаваш себеси во нив, па затоа им завидуваш бидејќи испокрале повеќе од тебе, си бил сведок на пропаѓање на фирми, а можеш ли барем да кажеш кои биле заслужни за сето тоа ?
Те прашувам бидејќи моите беа меѓу првите кои останаа без работа на почетокот на 1990-те години, среќа во несреќа е тоа што истовремено беа и меѓу првите кои финансиски застанаа на свои нозе со сопствена приватна фирма, но патот до таму беше и тоа како само трнлив.
И јас бев сведок на еуфоријата и бајките за осамостојување, немав ни 10 години кога почнаа да ги раскажуваат на почетокот од 1990-те години, но веќе во 1994 година ми стана јасно дека ниту една од политичките опции на гласачкото ливче не го заслужува гласот на граѓаните.
Но барем јас тогаш тврдев и до денешен ден тврдам дека на политичарите местото им е позади затворски решетки, додека ти имаш селективна амнезија на периодот помеѓу 1991 и 2006 година.
Дај обиди се да се потсетиш како беше во тие 15 години и колку навистина имало своеволно дупење наспроти присилното дупење ?