Серии од нашите телевизии :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
http://www.imdb.com/title/tt0124938/

compa.jpg

Оваа серија одеше на А1 во времето 2003-2005та тој период некаде.Гледам мал рејтинг има, ама тогаш како деца ни беше интересна.Особено кога си попладне на училиште и си станал да учиш во 9 часот а точно тогаш игра и серијава :D

Онаа Are you affraid of the dark ја думам ептен како во сон.Барав баш да ја гледам пред некое време ама немаше никакви торенти од неа.
 
Nash Bridges (1996–2001)
logo1.jpg

На А1 идеше серијава.
 
Les vacances de l'amour

les-vacances-de-l-amour.jpg



Оваа често ја пуштаа во комбинација со Тропски горештини или откако ќе ги испукаа сите епизоди. Мислам дека на МРТ одеше. Француска серија за летните авантури на едно младо, симпатично друштво.

И уште на една ми текнува во моментов, исто француска за еден татко што имаше 5 ќерки па нешто сите со некои проблеми се соочуваaa. Се обраќаа кон камерата ко Спејси во House of Cards, само поглупо. :icon_lol: Не ми текнува на името.
 
Мајами Вајс одела на МТВ...? :unsure:

Него како се викаше онаа теленовелата што идеше на А1, а главниот женски лик се викаше Перла? :)
 
Дилижанса и Караван серии од пред земјотресот, па затоа што во тоа време имаше по еден телевизор на улица во маало, комшијата(сите бевме комшии) телевизорот го вртеше со екранот кон улицата или дворот,сите деца да го гледаат вестернот.
И тоа беше само на единствената РТБ.
После земјотресот Светец,со бог да го прости Р.Мур.
 
Последно уредено:
Едно лето паметам, пред 10ина години, на Сител од 3 саат ја даваа Квантен Скок, од 4 идеше Херкулес, и од 5 Супермен. Од телевизор не се мрдав тоа време :D Good times.

51S111XDR8L.jpg superman.jpg hqdefault.jpg
 
турски серии, anyone?
Абе глупи се прајте сосила или што е работата, ова е за vintage серии кои се даваа порано а не бљувотините.

unsolved-mysteries-theme.jpg


Unsolved mysteries



Оваа беше топ за да ти го поремети викендот, гласот на Стек + комбинација со петок вечер <3
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom