Неможело среќен да бидиш во толку несреќен свет, животот и давал удари, среќен бил само кога имал пари, се надевала еден ден дека ќе се разбудела без проблеми и ќе се смеела... Или сте тинејџери или незнам шо друго! Па еве пример
ТИ биди прва која ќе бидеш среќна во овој ,, несреќен"свет. Давал животот удари... Па на кој му цветаат рози? Ударите не прават да се осеќаме поживи од секогаш, ништо страшно и ново! Парите не ги ни коментирам материјална ствар, но се сложвам дека понекогаш се потребни. И јасно да е дека никој освем
ТЕБЕ не одлучва со каква мисла ќе се разбудиш и дали ќе најдиш некаква причина за смеење. Замислете кога на светот би немало проблеми? Точно, невозможно е не замислувајте, но замислете кога сите би соработувале едни со други за да ги надминеме нашите проблеми? Е тоа е можно но поретко го замислувате. Луѓе среќата е во малите нешта да не звучам клише... Секое утро нова шанса, секое утро сватете го како повторно раѓање, решете се со разговор, со убав збор за то се гладни луѓето за љубов, за внимание. Никој не вели да не се замарате со проблемите само издвоете време и за убавите нешта за оние кои вечно ќе останат во нас. Сигурно неположениот испит, депресивните моменти, сторито на инста и чекинот на фб ќе избледат ќе ги заборавиме, али прегратката на мама, советот на баба и дедо, излижаното уше од страна на твоето куче, доцните разговори со најдобриот пријател ете овие нешта ќе останат врежани во нас. Живејте со полна плуќа, не се задоволувајте со малце во животот, кршете правила, кажете
НЕ! Среќата и проблемите се секаде околу нас, само ти одлучиваш што прво ќе видеш
Секое добро.