Прво, мене не ми се јасни луѓето кои што сакаат да бидат министри за здравство. Тоа е веројатно најлошото министерство што некој може да го избере. И не само кај нас и во други држави. Не можеш да бидеш успешен министер за здравство. Особено е глупо ако не си доволно политички моќен и не можеш да го истуркаш својот план. Јас не се сомневам во добрите намери во Таравари, но не видов каква визија има тој за здравството.
Плус, секој министер сега е под огромна лупа во тој ресор. Секој што ќе умре ќе му излезе на нос. А болница е, луѓето 'мора' да умираат. Но, први почнаа со таква кампања, па сега ќе бидат жртви и на својата кампања, која ја презема ВМРО-ДПМНЕ, а за која и тогаш и сега мислам дека е погрешна и непотребна. Таа дава резултати за партиите, но не и за здравството.
А секако дека многу повеќе пари има во општините. Тендери, вработувања, згради... Затоа во некои општини е голема и внатрепартиската тепачка, а не само меѓупартиската.
ЕУ фондовите тешко се злоупотребуваат сега, се опаметија и од Брисел. Иако нашите се неспособни и да ги земат тие средства.