dali nekoj imam vakov problem znaci povremeno mi se javuvaat bolki vo gorniot del od abdomenot koj se siraat nakaj grbot i traat od 5 do 10 minuti intezivno i prekinuvaat poslem toa znaat po 2 do 3 nedeli pak da mi se javat krvna slika imam napraveno i eho na abdomen ako imal nekoj slicen problem neka pise
крвна слика во смисол на испитување на Helicobacter Pylori ? јас мислам дека си можеби емотивна личност со доста стресни безпотребни ситуации кои доведуваат до стомачни промени од тип на гастритис т.е. преголемо лачење на желудачна киселина со чие загризување го чувствуваш како моментална болка која се шири и назад на грб...или состојба на прегладнување или прејадување !
[DOUBLEPOST=1504460553][/DOUBLEPOST]
Оди самоцитирај се во најглупи постови, ЖИТИ СЕ.
Зборот диета нема значење само кога ја намалуваш храната за да ослабеш, зборот диета означува и онака секојдневно што јадеш.
Каков сунѓер си ти ако ова го немаш впиено?
... „ Диета “ се мисли за планиран намален внес на калории во телото независно од кој вид храна (јагленохидрати, масти) со што во подолг период се губи во телесна тежина, све друго кога не не интересира количината на внесот на калориите (целта не е да ослабнеме), а не го применуваме во исхраната намерно или ненамерно преставува недостаток, дефицит, абстинирање поради разни здравствени ситуации како покачен крвен притисок, нефункционирање на штитна жлезда, но никако не се користи терминологија „диета“...
пример, жените кои се во менопауза препорачливо им е внес во исхрана на соја во било кој облик кој со својата содржина на фитоестроген го заменува веќе изгубениот естроген кој е еден од причините на покачен холестерол во организмот, но тоа не значи дека таа жена е на диета со соја туку е принудена за таква исхрана, значи абстинира од внес на животински протеини- месо, неинтерсирајќи се за внес на калории дали ќе ослабне со примена на сојата, додека девојка која сака да ја намали телесната тежина со помал внес на калории, велиме држи диета со замена на месо-животински протеини со соја ( без да навлезам на штетноста во дупирање на извор на естроген во нејзиниот организам )...така да џабе го караш
@Sungerot Bob [DOUBLEPOST=1504463307][/DOUBLEPOST]
На што укажуваат следниве резултати добиени од испитување на крвна слика кај пациент кој веќе неколку недели има нешто како слуз/секрет во изметот, отежнато одење во голема нужда, често кркорење на цревата и малку понадуен стомак, а притоа е гледан на ЕХО и не се гледа нешто што би било опасно?
Сеумско железо 4.1 (граница 7.6 - 31.3)
Уреа (серум, плазма) 2.5 (граница 2.8 - 8.3)
Слуз во урина ++
Епителни клетки -
Кристали +
... секогаш кога се прашува освен вакви лабораториски параметри треба да се каже барем приближно возраста и полот на пациентот, оти секое си има свое посебни оправдани или неоправдани ситуации!
инаку, доколку има некој покачен (намален поретко) параметар во биохемиско лабораториско испитување секогаш би требало да се направи повторна анализа по неколку дена (со можност да се острани човечкиот фактор кој ете може да погреши во пишување на резултатот, односно ај да речеме со апаратура несоодветно ракувана или самиот организам можеби ќе си го среди проблемот во овој рок) ...не го напиша креатининот кој заедно со уреата се одредува во серум!
уреата, претставува краен продукт на метаболизмот на аминокиселините и протеините, при што се ослободува амоњак, кој како таков е отровен и затоа во црниот дроб се претвора во уреа и се излачува преку бубрези со што намалена концентрација на уреа нема големо дијагностичко значење и може да биде како последица на намален внес на протеини или при внес на големи количини течност или пак при тешко заболување на црниот дроб или зголемена синтеза на протеини (бременост, детство)...
слуз во урина (доколку е женско пациентот) може да биде како природен исцедок од гениталија, оти сигурна сум дека никој не укажува дека при земање на урнек на урина треба да се задржат „вагиналните усни“ и прво да се измие од напред кон назад, па после да се пушти урина која се собира за испитување, доколку пак го има можно е бубрежно пореметување или проблеми со мочниот меур...ако пак пациентот е машко тогаш најчесто слузта укажува на воспаление на простата или некоја инфекција во уринарниот тракт или ако е млад пациентот можост од сексуални преносливи болести предизвикани од бактерии како гонореја или кламидија има и други причини, пример во текот на бременост или пак кај дете при фимоза (неотварање на главчето на пенисот)... итн
Намалено ниво на железо може да биде предизвикано од анемија поради малапсорпција како последица на гастроинтестинални заболувања или губење на крв или тешки менструални крварења, за оценување на статусот на железо во организмот, со одредување на трансферин и феритин може да се добијат подетални информации, а ти истите ги немаш наведено( испитано)...