Дежурна Ординација! #2

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Не станува збор за личност која е на диета.
Оди самоцитирај се во најглупи постови, ЖИТИ СЕ.
Зборот диета нема значење само кога ја намалуваш храната за да ослабеш, зборот диета означува и онака секојдневно што јадеш.
Каков сунѓер си ти ако ова го немаш впиено?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.500
Поени од реакции
37.337
dali nekoj imam vakov problem znaci povremeno mi se javuvaat bolki vo gorniot del od abdomenot koj se siraat nakaj grbot i traat od 5 do 10 minuti intezivno i prekinuvaat poslem toa znaat po 2 do 3 nedeli pak da mi se javat krvna slika imam napraveno i eho na abdomen ako imal nekoj slicen problem neka pise

крвна слика во смисол на испитување на Helicobacter Pylori ? јас мислам дека си можеби емотивна личност со доста стресни безпотребни ситуации кои доведуваат до стомачни промени од тип на гастритис т.е. преголемо лачење на желудачна киселина со чие загризување го чувствуваш како моментална болка која се шири и назад на грб...или состојба на прегладнување или прејадување ! :)[DOUBLEPOST=1504460553][/DOUBLEPOST]
Оди самоцитирај се во најглупи постови, ЖИТИ СЕ.
Зборот диета нема значење само кога ја намалуваш храната за да ослабеш, зборот диета означува и онака секојдневно што јадеш.
Каков сунѓер си ти ако ова го немаш впиено?
... „ Диета “ се мисли за планиран намален внес на калории во телото независно од кој вид храна (јагленохидрати, масти) со што во подолг период се губи во телесна тежина, све друго кога не не интересира количината на внесот на калориите (целта не е да ослабнеме), а не го применуваме во исхраната намерно или ненамерно преставува недостаток, дефицит, абстинирање поради разни здравствени ситуации како покачен крвен притисок, нефункционирање на штитна жлезда, но никако не се користи терминологија „диета“...
пример, жените кои се во менопауза препорачливо им е внес во исхрана на соја во било кој облик кој со својата содржина на фитоестроген го заменува веќе изгубениот естроген кој е еден од причините на покачен холестерол во организмот, но тоа не значи дека таа жена е на диета со соја туку е принудена за таква исхрана, значи абстинира од внес на животински протеини- месо, неинтерсирајќи се за внес на калории дали ќе ослабне со примена на сојата, додека девојка која сака да ја намали телесната тежина со помал внес на калории, велиме држи диета со замена на месо-животински протеини со соја ( без да навлезам на штетноста во дупирање на извор на естроген во нејзиниот организам )...така да џабе го караш @Sungerot Bob :)[DOUBLEPOST=1504463307][/DOUBLEPOST]
На што укажуваат следниве резултати добиени од испитување на крвна слика кај пациент кој веќе неколку недели има нешто како слуз/секрет во изметот, отежнато одење во голема нужда, често кркорење на цревата и малку понадуен стомак, а притоа е гледан на ЕХО и не се гледа нешто што би било опасно?
Сеумско железо 4.1 (граница 7.6 - 31.3)
Уреа (серум, плазма) 2.5 (граница 2.8 - 8.3)
Слуз во урина ++
Епителни клетки -
Кристали +
... секогаш кога се прашува освен вакви лабораториски параметри треба да се каже барем приближно возраста и полот на пациентот, оти секое си има свое посебни оправдани или неоправдани ситуации!
инаку, доколку има некој покачен (намален поретко) параметар во биохемиско лабораториско испитување секогаш би требало да се направи повторна анализа по неколку дена (со можност да се острани човечкиот фактор кој ете може да погреши во пишување на резултатот, односно ај да речеме со апаратура несоодветно ракувана или самиот организам можеби ќе си го среди проблемот во овој рок) ...не го напиша креатининот кој заедно со уреата се одредува во серум!
уреата, претставува краен продукт на метаболизмот на аминокиселините и протеините, при што се ослободува амоњак, кој како таков е отровен и затоа во црниот дроб се претвора во уреа и се излачува преку бубрези со што намалена концентрација на уреа нема големо дијагностичко значење и може да биде како последица на намален внес на протеини или при внес на големи количини течност или пак при тешко заболување на црниот дроб или зголемена синтеза на протеини (бременост, детство)...
слуз во урина (доколку е женско пациентот) може да биде како природен исцедок од гениталија, оти сигурна сум дека никој не укажува дека при земање на урнек на урина треба да се задржат „вагиналните усни“ и прво да се измие од напред кон назад, па после да се пушти урина која се собира за испитување, доколку пак го има можно е бубрежно пореметување или проблеми со мочниот меур...ако пак пациентот е машко тогаш најчесто слузта укажува на воспаление на простата или некоја инфекција во уринарниот тракт или ако е млад пациентот можост од сексуални преносливи болести предизвикани од бактерии како гонореја или кламидија има и други причини, пример во текот на бременост или пак кај дете при фимоза (неотварање на главчето на пенисот)... итн
Намалено ниво на железо може да биде предизвикано од анемија поради малапсорпција како последица на гастроинтестинални заболувања или губење на крв или тешки менструални крварења, за оценување на статусот на железо во организмот, со одредување на трансферин и феритин може да се добијат подетални информации, а ти истите ги немаш наведено( испитано)...:)
 
Последно уредено:

СВН

123
Член од
27 јуни 2017
Мислења
31
Поени од реакции
2
Дали може потрес на мозокот да се јави после 4 месеци откако ја удрив главата од една даска???
 
СВН

123
Член од
27 јуни 2017
Мислења
31
Поени од реакции
2
како мислиш „потрес“? објасни што чувствуваш :)
Па денеска нешто како вратот да ми е "укочен" а во петокот ми беше лошо, ми се гадеше.
Пред 4 месеци ја удрив главата во една даска и тогаш докторите рекоа дека нема ништо.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.431
Поени од реакции
17.778
Па денеска нешто како вратот да ми е "укочен" а во петокот ми беше лошо, ми се гадеше.
Пред 4 месеци ја удрив главата во една даска и тогаш докторите рекоа дека нема ништо.
Не ти е ништо, но ти сепак ќе си продолжиш да се сомневаш дека ти е нешто. Нема поента никаква во ова.
 
СВН

123
Член од
27 јуни 2017
Мислења
31
Поени од реакции
2
Не ти е ништо, но ти сепак ќе си продолжиш да се сомневаш дека ти е нешто. Нема поента никаква во ова.
И да знаеш дека откако се удрив секој ден се сомневам дека ми е нешто а тогаш и неврохирург рече дека нема ништо.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.431
Поени од реакции
17.778
И да знаеш дека откако се удрив секој ден се сомневам дека ми е нешто а тогаш и неврохирург рече дека нема ништо.
Ти си имаш проблем од психолошка природа и си опседнат со тоа дали хирургот евентуално превидел потрес на мозок кај тебе. Верувам си читал, си истражувал добро пред да дојдеш тука да прашаш по десети пат дали е можно ова или она. Мислам дека треба да бидеш свесен за вистинската природа на твојот проблем и да се обидеш вистински да го решиш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.500
Поени од реакции
37.337
Па денеска нешто како вратот да ми е "укочен" а во петокот ми беше лошо, ми се гадеше.
Пред 4 месеци ја удрив главата во една даска и тогаш докторите рекоа дека нема ништо.
...овие ти се симптоми од друга природа, потрес на мозокот настанува за време на ударот и ништо повеќе, доколку има внатрешно мозочно оштетување доаѓа до главоболка, вртоглавици и почеток на заборавност итн што во ниеден случај не може да го стори една даска... очигледно си хипоходрично настроен како што сме скоро сите, па потенцираме здравствени проблеми каде ги нема, а не ги признаваме таму каде ги има, претерена загриженост за сопствено здравје, носи во друг правец кој не е пожелен како што ти пиша @Solaire of Astora, затоа труди се да се контролираш, ако не можеш да го сузбиеш тоа чувство на презагриженост... :)
 
СВН

123
Член од
27 јуни 2017
Мислења
31
Поени од реакции
2
Ти си имаш проблем од психолошка природа и си опседнат со тоа дали хирургот евентуално превидел потрес на мозок кај тебе. Верувам си читал, си истражувал добро пред да дојдеш тука да прашаш по десети пат дали е можно ова или она. Мислам дека треба да бидеш свесен за вистинската природа на твојот проблем и да се обидеш вистински да го решиш.
Па сето ова мене ми е од читање на интернет се што може да се случи кога ќе се удриш по главата оти откако се удрив постојано читав за потрес.[DOUBLEPOST=1504466508][/DOUBLEPOST]
...овие ти се симптоми од друга природа, потрес на мозокот настанува за време на ударот и ништо повеќе, доколку има внатрешно мозочно оштетување доаѓа до главоболка, вртоглавици и почеток на заборавност итн што во ниеден случај не може да го стори една даска... очигледно си хипоходрично настроен како што сме скоро сите, па потенцираме здравствени проблеми каде ги нема, а не ги признаваме таму каде ги има, претерена загриженост за сопствено здравје, носи во друг правец кој не е пожелен како што ти пиша @Solaire of Astora, затоа труди се да се контролираш, ако не можеш да го сузбиеш тоа чувство на презагриженост... :)
Ти благодарам @bijons за одговорот. Сега веќе сум поспокоен. :backa:;)
 
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
Ми треба совет, имам примано имуносупресиви и престанав пред еден месец, дали е исчистен организмот од терапијата бидејќи сакам да дарувам крв?Благодарам однапред.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.500
Поени од реакции
37.337
Ми треба совет, имам примано имуносупресиви и престанав пред еден месец, дали е исчистен организмот од терапијата бидејќи сакам да дарувам крв?Благодарам однапред.
НЕ !!!
...имуносупресивните лекови делуваат со блокирање на имунолошкиот систем на примачот (трансплатација) на пресаден бубрег, срце, јетра или друг орган или се користат за лекување на тешки болести како нарушувања на кожата -псоријаза, ревматоиден артритис, Кронова болест (хронично воспаление на дигестивниот тракт) и губење на косата (алопеција ареата) или при "автоимуни" болести, што укажува на тоа дека имунолошкиот систем реагира против самиот орган ...

Ти немаш назначено зошто, колку долго и кои имуносупресивни лекови си пиел ? но како и да е самата примена на имуносупресивни лекови, посебно во подолг период бара редовна контрола (мониторинг) кај докторот поради појава на несакани дејства не само во моментот на земање на истите туку и после тоа уште подолг период, така да не проблем дали е „исчистен организмот од терапија,, туку твојот имунолошки систем бил блокиран (тоа е принудната терапијата) и не знаеш колку време му треба да се нормализира или дали воопшто може да се нормализира, односно не знаеш, а ниту никој друг може да ти гарантира да со таа желба на донирање на крв дали си подложен на опасни појави како крварење, алергиски реакции или не дај боже инфекција која може да биде фатална со рамзрданиот твој имунолошки систем и примена нели на тие имунолошкисупресивни ( кочници на имунитетот) лекови, највероватно твојата желба за донирање крв е како можеби некој совет дека ќе се нормализира некоја болест „ со пуштање крв од телото“ што повеќе носи ризик да ти се искомплицира повеќе здравствената ситуацијата отколку би добил бенифит на недокажано медицинско „давање крв“ за решавање на некој нерешлив здравствен проблем... е сега ако си пиел Tbl.Prednisone како терапија да речеме 5 - 10 дена, е ај да речеме дека за едно 2,3 месеца после тоа, може да донираш крв, све друго е неоправдано ризично за тебе !
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Може ли од болки во вратот да ме боли и глава?
 
Благодарам за исцрпниот одговор и објаснување.Јас сум редовен крводарител, значи годишно дарувам 4 пати крв, значи не е мојата желба да "пуштам крв од телото" туку е пракса со години.Е сега за мојата терапија конкретно, на Реуматологија ми дадоа да пијам имуносупресив иако не е утврдено кој вид на артрит го имам зошто појавува некои вредности на крвна слика ама не дава целосно што и како е, го пиев месец и половина и прекинав скоро месец и повеќе бидејќи не гледав некои резултати и не пијам ништо веќе и сакав да дарувам крв но поради твојот совет ќе почекам и ќе се консултирам со реуматологот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom