Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Во периодот 2007-2013, растот (просечен) на Македонскиот БДП бил 2.6%, што е помалку од растот во Албанија (3.5%), Косово (4.3%) Молдавија (3.8%). Тој просек од 2,6% е понизок дури и од растот од пред доаѓање на ВМРО на власт, просечниот раст на БДП во 2002 - 2006 изнесувал 3.5%.
Кога ќе се види рапределбата на БТП ситуацијата е уште полоша, доходот на најбогатите 1% во тие години растел со просечна стапка од 25% годишно, додека доходот на останатите 99% растел со стапка од 1% годишно. За споредба, во периодот 1996-2006, доходот на најбогатите 1% растел просечно годишно за 4%, а доходот на останатите 99%, за 2.5%
 
Дојде слободата во Македонија

Инаку предходниве години за Курбан Бајрам на Бит-Пазар и другите места неможеше да се видат животни како се продаваат... пиле несмееше да прелета таму

:kafence:
 
Не до толку.Оваа година претераа.
Викторче, не продавај вмровска подлост. Не е дека сточниот пазар во центарот на Скопје почна откако Заев стана премиер, го имаше години наназад накај Континентал. Само поодбивно и поодвратно им станува ДПМНЕ на луѓето со вакви подли подметнувања (ако воопшто е возможно да бидат поодвратни и поодбивни од тоа што се моментално).
 
Не знам што ти е проблемот? Беше муабетот за марки/евра и се вклучив. Тоа е јавно познат и достапен податок. А еврата како пари не постоеа во 2001 г. Цените на недвижнините од марки преминаа во евра, речиси. Не е исто 1000 марки и 1000 евра за м2.
никој не рече дека е исто.На еден кредит пишува долари, на друг евра...ако ти е толку важно, документите се од различни периоди. У ствари што е тоа битно? Битно треба да ти е дека човек со многу мала плата земал недвижнини за време војната со голема вредност.
 
Последно уредено:
Викторче, не продавај вмровска подлост. Не е дека сточниот пазар во центарот на Скопје почна откако Заев стана премиер, го имаше години наназад накај Континентал. Само поодбивно и поодвратно им станува ДПМНЕ на луѓето со вакви подли подметнувања (ако воопшто е возможно да бидат поодвратни и поодбивни од тоа што се моментално).

Токму тоа не го разбираат глупердите од ДПМНЕ. Упорно шират страв, омраза, подметнувања и мислат дека тоа сеуште им поминува.

Ретарди.
 
Постапката за обезбедување бесплатен превоз за учениците во основните училишта во општина Охрид се уште не е завршена, поради што оваа услуга нема да биде достапна за охридските основци од 4-ти септември, понеделник, кога почнува наставата во учебната 2017/18, информираат од АД „Галеб“ Охрид.
Би сакале да ве информираме дека од 04.09 2017 година, нe по наша вина, не ќе сме во можност да вршиме бесплатен ученички превоз, бидејки договорите за превоз на ученици од основните училишта се истечени од 10.06.2017, а постапките за набавка на услуга-превоз се поништени па „Галеб“ АД Охрид доби барања од Основните училишта во општинава „ДА СЕ УСКРАТИ БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИТЕ-ОСНОВЦИ“.
 
Ме интересира каде е ова и од кога е снимката.

се гледа каде е, зградата на МРТВ е во позадина, ова му доаѓа некаде на потегот меѓу Операта и Универзитетска библиотека...

Kamaj Videa
Uploaded on Sep 1, 2017
 

се гледа каде е, зградата на МРТВ е во позадина, ова му доаѓа некаде на потегот меѓу Операта и Универзитетска библиотека...

Kamaj Videa
Uploaded on Sep 1, 2017

Ме служи видот и многу добро го знам Скопје.
Кажи ми ти која општина е ова, кој е градоначалник таму и од кога ?
 
Ovie
Најмладиот министер во претходната влада, Диме Спасов, чија кариера заврши со филмска бркотница низ скопските улици – службената картичка ја користел за да плаќа од ќебачилници низ земјава па се до елитни ресторани низ светот.

Во март 2015 година, Спасов бил во ресторанот на Џејми Оливер во Лондон. За да ги вкуси специјалитетите на светски познатиот готвач потрошил двесте евра. Министерот сакал и журки. Со народни пари си платил забава од двесте четириесет долари во познатиот клуб Паблик Хаус во Чикаго. А потоа, ноќта ја поминал во хотел Хард Рок во истиот град за што платил уште 440 долари.

Се забавувал и во Женева, Прага, Виена, Торино, Будимпешта, Загреб, Љубљана и секаде ја користел службената картичка. За ручек во Будимпешта во ресторанот Ла пампа, платил 300 евра. Во хотелот Шеретон во Софија напрвил сметка од 2.000 денари. Бил во белградскиот ресторан Три шешира, каде оставил речиси 5 илјади денари.

Службената картичка е користена и во очи на Нова година. Па така, на 31 декември 2014 година, Спасов, во кафулето Риверсајд Санрајс во Скопје потрошил десет и пол илјади денари.

Со службената картичка тој нарачувал и пици. Често пати јадел во познатите кебапчилници низ Скопје, но не ги одминал ниту познатите Суши бар, Џино, Брик бар, Јавна соба, Меана Б. Најмногу државни пари потрошил во рибниот ресторан во Дебар маало, Фрути Ди Маре. Таму оставил околу 2 илјади евра, а често одел на риба во ресторанот Галија во струшкото село Калишта.

Со службената картичка плаќал и во Мек Доналдс во Женева, но и во пицерии и ресторани во Торино. Според извештаите за трошењето Диме Спасов последен пат ја користел службената картичка како министер за да плати сметка во скопскиот ресторан Јавна соба.

Спасов остана недостапен за коментар.

Значи точно се знае колку нелегално потрошил пари Диме Спасов од службената картичка, новава влада ќе ги бара ли тие пари назад да се вратат на граганите, или тоа ќе го користи за утре да каже “ама дпмне изедоа повеќе“?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom