Јасно е тоа. Еден случај на фамилијарна трагедија со извесен крај според медицински статистики со или без Тодоров, е без никаков срам употребена во напорот за рушење на власта. Процедура која и сега се користи на истиот начин овојпат од другата страна. Повикувањето на некаква одговорност за смртта за сите тие душички е во најблага форма кажано лицемерие и безобразен политички маркетинг.. Никој не сака да види дека тоа е резултат прво на неколку децениското летање во место на нашето здравство, кое ни изнасилените спектакуларни потези на вмровската влада, ниту многујзичноста на сегашната може да ги реши.Во здравството не се постигнати никакви нивои на стандарди ниту во однос на медицинската наука , ниту во однос на моралот и однесувањето на инволвираните, ниту во организационото и функционалното ниво на системот. Треба таму длабоко орање, кое не верувам дека било кога ќе се случи , најмногу затоа што нема веќе човечки и интелектуален материјал за тоа.Нема такво конкретно мислење, во званичните документи од патологот како причина на смртта е наведен Ефизем на плуќа, а има и одговорност на родителите за не одење на контрола кај доктор... а родителите можеле да си најдат независен патолог па да тужат ако било така, ете Хелсиншки ангажира независен блгарски патолог за ромчето што алфите 2006 го претепаа на смрт а после се прикажуваше давење..
И не е точно дека Тодоров сам решил да дава мислење за операција, има доктори кој стоеја зад тоа..досега ќе беше приватно тужен, има дузина сдсм-овски адвокати кој што ќе го стореа
А имаше собрано од гражански донации околу 16000 евра, многу лесно можеше да се прати на операција со накнадна донација или позајмица од некоја приватна фирма... ама повеќе напори и пари се фрлаа за организирање на протести, па и самата мајка почна политички да се промовира по медиумите
На крај чудно е дека никој не ја поврзува зголемената смртност на бебињата, која сигурно е многу поголема од објавената со зголемената, драстично зголемена стапка на бременост со милион малфункции , порано скоро непознати. Некако бргу се заборави дека овде наоколу американците истурија океан муниција од осиромашен ураниум и други супстанци од непознато потекло и дека влијанието ќе им исчезне многу години откако Македонската држава , влади со министри , народ и политичари ќе бидат заборавени во историјата. Тоа мислам дека ниеден министер и влада нема шанси да го измени.