Терористички напади во светот

Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.651
Исламот.
Претходно Христијанството била причина број еден за многу бројни војни, масакри, геноциди. Тоа што засега не убиваат не ги прави добри.
Додека никакви убиства не се правени во име на нешто што не претставува верување или идеологија, туку државата која се прокламира како атеистичка убива милиони луѓе, но тоа е сосем различно. Или тоа е како да речиме Христијанството е криво за 70 милиони жртви во Втора светска војна зошто Хитлер бил припадник на Христијанството.

Делумно тоа е точно и се согласувам со тоа.
Но државите носат вина за повеќето војни рамо до рамо со религиите. Било да се секуларни или не.
Војните во име на христијанството се водени за време на средниот век и инквизицијата, а тоа се периоди кога мнозинството народ било неписмено и не знаело ни да чита ни да пишува.

Всушност, после инвазијата на Англија од страна на Норманите и Вилијам Први Освојувачот во 1066 година, единствен државен и службен јазик во Англија бил францускиот, а англискиот јазик преживеал единствено бидејќи селаните и понатаму го говореле, а тие биле мнозинство - закрепостено мнозинство, но сепак мнозинство, по што англискиот јазик се враќа како државен и службен јазик после војните на розите во втората половина на 15-от век и доаѓањето на династијата Тудор на власт во Англија.

Писменоста почнува да зема замав во Европа дури во 18-от век со индустриската револуција, а подоцна и во Америка со американската револуција. Веќе со доаѓањето на Наполеон Бонапарта на власт во Франција на почетокот на 19-от век, целосно е укината инквизицијата и католичката црква губи секаков удел во власта во монархиите во западна и централна Европа.

Во Русија, руската православна црква ја изгубила својата доминантна улога во општественото уредување дури после февруарската буржоаско-демократска и октомвриската социјалистичка револуција во 1917 година. Кога болшевиците ја превзеле власта во Русија со октомвриската социјалистичка револуција во 1917 година, помалку од 25% од населението знаело да чита и пишува, а целосна писменост на населението во Советскиот Сојуз била постигната дури кон крајот на 1940-те, односно почетокот на 1950-те години.

Неписмениот народ е лесен за манипулирање, но тие времиња од поодамна поминаа, а како што е веќе општо познато, денешните терористички напади ги изведуваат претежно образовани луѓе од средната класа, а не неписмени сиромашни будали кои поверувале во приказната која некој религиски фанатик им ја кажал, па тргнале во терористички поход да убиваат невини цивили.

Па повели дај пример за секуларна држава која тргнала во војна поради религија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Војните во име на христијанството се водени за време на средниот век и инквизицијата, а тоа се периоди кога мнозинството народ било неписмено и не знаело ни да чита ни да пишува.
Десетина векови подоцна, и меинстрим медиумите уште не убедуваат дека треба да се чуствуваме криви, и затоа да „не им се лутиме“ на вахабистичките фанатици додека сечат глави и се разнесуваат во воздух, и убиваат невини луѓе.
Заради таа „кривица“ на нашите европски претци од пред 10 века, сега треба да примаме милиони такви религиозно затуцани суртуци мигранти.

Па повели дај пример за секуларна држава која тргнала во војна поради религија.
Детето е „образовано“ на си-ен-ен, таму не зборат за такви незгодни работи. Прашај го нешто што „знае“, на пример како Русите им ги наместиле изборите на Америте, или како ’мурика е најмировната држава во светов и светол пример за демократија, или така нешто слично... ;)
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.404
Поени од реакции
23.245
Исламот.
Претходно Христијанството била причина број еден за многу бројни војни, масакри, геноциди. Тоа што засега не убиваат не ги прави добри.
Eпа ајде чим толку војни, масакри и геноциди правеле Православните Христијани, наброј ми неколку.

Додека никакви убиства не се правени во име на нешто што не претставува верување или идеологија, туку државата која се прокламира како атеистичка убива милиони луѓе, но тоа е сосем различно.
Како е тоа различно? Ленин вика атеизмот е правиот пат и затоа религијата треба да се уништи - фаст форвард - Ленин убива илјадници луѓе во име на таа цел.

Или тоа е како да речиме Христијанството е криво за 70 милиони жртви во Втора светска војна зошто Хитлер бил припадник на Христијанството.
Дури и да замижеме и ставиме прсти во ушите и речеме дека Хитлер бил Христијанин, WWII не била водена во име на религија, кај атеистичките режими во СССР, Кина, Револуционерна Франција итн верниците биле убивани поради тоа што биле верници.

Хитлер бил припадник на Христијанството.
[Citation needed.]
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Eпа ајде чим толку војни, масакри и геноциди правеле Православните Христијани, наброј ми неколку.
Бугарите 41-44 шо биле овде окупаори и павеле злосторства, војни беа православни
Грците кои 46-49 убиле и протерале милиони Македонци од Егејска Македонија биле православни христијани
Срби кои направиле масакри и војни низ босна и хрватска биле православни христијани

Кој беше ставот на бугарска, грчка и српска црква во тие години и дали ги благославуваа војниците кои одеа да убиваат и протеруваат
 
Никој не ја оспорува нивната религиска припадност но злосторствата што ги правеле не биле во име на Исус туку поради голема Бугарија, голема Србија те националистички цели.

Кој беше ставот на бугарска, грчка и српска црква во тие години и дали ги благославуваа војниците кои одеа да убиваат и протеруваат
Убивање е смртен грев, тоа кажува доволно за духовноста на тие цркви и владики/попови.

Инаку кој ги започна војните како Бугарската окупација на Македонија, црквата или царот? Што беше целта, да се убијат неверниците или да се освои и асимилира нова територија?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.450
Поени од реакции
5.137
Војните во име на христијанството се водени за време на средниот век и инквизицијата, а тоа се периоди кога мнозинството народ било неписмено и не знаело ни да чита ни да пишува.

Всушност, после инвазијата на Англија од страна на Норманите и Вилијам Први Освојувачот во 1066 година, единствен државен и службен јазик во Англија бил францускиот, а англискиот јазик преживеал единствено бидејќи селаните и понатаму го говореле, а тие биле мнозинство - закрепостено мнозинство, но сепак мнозинство, по што англискиот јазик се враќа како државен и службен јазик после војните на розите во втората половина на 15-от век и доаѓањето на династијата Тудор на власт во Англија.

Писменоста почнува да зема замав во Европа дури во 18-от век со индустриската револуција, а подоцна и во Америка со американската револуција. Веќе со доаѓањето на Наполеон Бонапарта на власт во Франција на почетокот на 19-от век, целосно е укината инквизицијата и католичката црква губи секаков удел во власта во монархиите во западна и централна Европа.

Во Русија, руската православна црква ја изгубила својата доминантна улога во општественото уредување дури после февруарската буржоаско-демократска и октомвриската социјалистичка револуција во 1917 година. Кога болшевиците ја превзеле власта во Русија со октомвриската социјалистичка револуција во 1917 година, помалку од 25% од населението знаело да чита и пишува, а целосна писменост на населението во Советскиот Сојуз била постигната дури кон крајот на 1940-те, односно почетокот на 1950-те години.

Неписмениот народ е лесен за манипулирање, но тие времиња од поодамна поминаа, а како што е веќе општо познато, денешните терористички напади ги изведуваат претежно образовани луѓе од средната класа, а не неписмени сиромашни будали кои поверувале во приказната која некој религиски фанатик им ја кажал, па тргнале во терористички поход да убиваат невини цивили.

Па повели дај пример за секуларна држава која тргнала во војна поради религија.
Кај реков дека секуларна држава тргнала во војна поради религија?
Реков дека државите И религиите се подеднакво виновни за скоро сите војни.

Да, неписменоста игра голема улога во индоктринацијата, но не мора да значи. Доста од терористите што се имаат разнесено по Европа биле високо образовани личности.

Eпа ајде чим толку војни, масакри и геноциди правеле Православните Христијани, наброј ми неколку.
Малку се масакрите што ги правеле Православците врз Муслиманите и обратно во Руско Турските војни и Турското владеење на Балканот?

Како е тоа различно? Ленин вика атеизмот е правиот пат и затоа религијата треба да се уништи - фаст форвард - Ленин убива илјадници луѓе во име на таа цел.
Ленин не убива ниту еден човек што има различна религија. Ленин ја чисти државата од институцијата наречена црква. Не луѓето... Целта не е елиминирање на христијани, туку елиминирање на се што негативно влијае врз "комунизмот", вклучително и атеистите.

Дури и да замижеме и ставиме прсти во ушите и речеме дека Хитлер бил Христијанин, WWII не била водена во име на религија, кај атеистичките режими во СССР, Кина, Револуционерна Франција итн верниците биле убивани поради тоа што биле верници.
Комплетно погрешно.
Не постои такво нешто како "Атеистички режим".
Луѓето биле убивани не заради тоа што се припадници на религија, туку заради причини што тогашната држава мислела дека се опасни по истата. Вклучително и атеисти.

Детето е „образовано“ на си-ен-ен, таму не зборат за такви незгодни работи.
Да бе, во секој втор пост ги цитирам. Најјаки се заедно со Zerohedge. Дури не се ни малтретирам да оформувам мислење, им ја оставам таа работа нив, јас само ги копирам.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.651
Кај реков дека секуларна држава тргнала во војна поради религија?
Реков дека државите И религиите се подеднакво виновни за скоро сите војни.

Да, неписменоста игра голема улога во индоктринацијата, но не мора да значи. Доста од терористите што се имаат разнесено по Европа биле високо образовани личности.
Ти ги изедначуваш државите и религиите во одговорноста за сите војни, без разлика дали се секуларни или не, па затоа ти побарав пример за секуларна држава која тргнала во војна за било каква религија.

А тие високо образовани личности кои се разнесуваат низ Европа потекнуваат од секуларни држави или од теократски држави ?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.313
Поени од реакции
15.475
Večerva se "rabotelo" so nožovevi i mačeti vo Brisel i London....
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.404
Поени од реакции
23.245
Малку се масакрите што ги правеле Православците врз Муслиманите и обратно во Руско Турските војни и Турското владеење на Балканот?
Епа ај наброј ги. Чим се толку многу нема да ти биде никаков проблем.

Ленин не убива ниту еден човек што има различна религија. Ленин ја чисти државата од институцијата наречена црква. Не луѓето... Целта не е елиминирање на христијани, туку елиминирање на се што негативно влијае врз "комунизмот", вклучително и атеистите.
Се што негативно влијае на комунизмот како на пример религија така? Специфично ја одделува религијата како работа што треба да се уништи а атеизмот работа која треба да се унапредува.

Комплетно погрешно.
Не постои такво нешто како "Атеистички режим".
Луѓето биле убивани не заради тоа што се припадници на религија, туку заради причини што тогашната држава мислела дека се опасни по истата. Вклучително и атеисти.
Како што кажав во горниот дел, религиите се специфично спомнати како работа која треба да се уништи а атеизмот работа која треба да се промовира. Не постоеле атеистички режими, СССР и НР Кина не се согласуваат.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.450
Поени од реакции
5.137
Епа ај наброј ги. Чим се толку многу нема да ти биде никаков проблем.
Претпоставувам дека овој дел ќе нема да го цитираш.
Иако православците често се наоѓале во подредена ситуација, заради немоќност, постојат еден куп примери за нивните злодела што меѓу другото можеш да ги најдеш и тука.

Се што негативно влијае на комунизмот како на пример религија така? Специфично ја одделува религијата како работа што треба да се уништи а атеизмот работа која треба да се унапредува.
Ја уништуваат религијата како институција. Да беа решени комплетно да ја избришат религијата, немаше да слушаш за Христијани и Муслимани во Русија.

Како што кажав во горниот дел, религиите се специфично спомнати како работа која треба да се уништи а атеизмот работа која треба да се промовира. Не постоеле атеистички режими, СССР и НР Кина не се согласуваат.
Самиот термин "атеистички режим" е непостоечки.
Режим кој промовира атеизам од друга страна е сосема во ред. Но самиот факт дека промовира тероризам не значи дека убива припадници на религијата во името на атеизмот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.651
Претпоставувам дека овој дел ќе нема да го цитираш.
Иако православците често се наоѓале во подредена ситуација, заради немоќност, постојат еден куп примери за нивните злодела што меѓу другото можеш да ги најдеш и тука.

Ја уништуваат религијата како институција. Да беа решени комплетно да ја избришат религијата, немаше да слушаш за Христијани и Муслимани во Русија.

Самиот термин "атеистички режим" е непостоечки.
Режим кој промовира атеизам од друга страна е сосема во ред. Но самиот факт дека промовира тероризам не значи дека убива припадници на религијата во името на атеизмот.
Наведи христијански злосторства од почетокот на 21-от век, ако навистина постојат еден куп примери за христијански злосторства, освен ако твоите познавања од областа на историјата завршуваат со средниот век.

Со секој нареден коментар ја демонстрираш твојата неписменост.

Да се разбираше барем малку од историја - на пример историјата на Советскиот Сојуз - ќе знаеше дека Советскиот Сојуз ги прогонуваше христијаните, особено за време на владеењето на Владимир Илич Ленин и Јосиф Висарионович Сталин.

Откако Сталин дошол на власт во Советскиот Сојуз, први на неговите листи за погубување биле секој лекар, учител и свештеник низ советските села, бидејќи селаните побрзо и полесно ги прифаќаат учењата од црквата и од учителите - или подобро кажано, од образованата интелигенција, а на почетокот на 1930-те години, околу 25% од населението на Советскиот Сојуз живеело во урбани средини, што значи дека селаните сеуште биле мнозинство.

Но ниту сталиновиот терор, ниту уништувањата на црквите и обесените или обезглавените свештеници оставени на мразот, не биле доволни за да стават крај на христијанството во Советскиот Сојуз. Баш напротив, во декември 1936 бил усвоен новиот советски Устав, кој станал познат како сталинистички Устав, а кој ја гарантирал слободата на религијата, а за време на Втората Светска Војна, христијанските цркви повторно биле отворени.

Како капак на се, вождот Сталин побарал компонирање на нова химна на Советскиот Сојуз, која ќе ги величи народот и татковината, наспроти социјалистичката Интернационала - химната на комунистите, социјалистите, анархистите и химна на Советскиот Сојуз се` до 1944 година, бидејќи на вождот му станало јасно дека Русите попрво би гинеле за татковината и народот, отколку за социјализмот.

По смртта на Сталин во 1953 година, Никита Хрушчов продолжи таму каде што Сталин застана пред декември 1936 со уништувањето на христијански цркви и убивањето на христијански свештеници, па сепак советските христијани и христијанството ги надживеаа како Ленин и Сталин, така и Хрушчов, Леонид Брежњев, нивните наследници, и на крајот ги надживеаа и Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз и самиот Советски Сојуз.

Кога сме кај атеистичките режими, еднопартиската социјалистичка диктатура која е на власт во Кина, од самото основање на Народна Република Кина во 1949 година, па се до денешен ден го промовира атеизмот, па сепак Кина денес е држава со најголем раст на христијански верници.

Така да, твојата теорија дека ако една држава сака да ја уништи религијата како институција ќе успее во тоа, воопшто не држи вода.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.450
Поени од реакции
5.137
Наведи христијански злосторства од почетокот на 21-от век, ако навистина постојат еден куп примери за христијански злосторства, освен ако твоите познавања од областа на историјата завршуваат со средниот век.
Садам убиваше се што беше негов противник и закана, но последните 2-3 години пред да падни беше релативно мирен. Заклучок, Садам е добар бидејќи 2 години не уби никој.
Сериски убиец убива 20 години, но последните 2 години нема ниту еден човек убиено. Заклучок, човекот е ангел.
Во текот на цела историја Христијанството е испреплетено со масакри, убиства, војни. Последниве години немаат многу жед за крв. Заклучок, добри се.

За другиот дел, не биди комедија. Мнозинството цркви, манастири во Русија се нечепнати за време на Советското владеење. Освен слабото прогонување на свештени лица, ништо посериозно немаат превземено за елиминирање на црквата како институција, далеку помалку на самата религија.
 
Е па и христијанството веќе со векови не прогонува никого, а во светот денес има само една теократска христијанска држава - Ватикан, која воопшто не повикува на смрт за неверниците или нивно прогонство, за разлика од други теократски држави кои повикуваат на смрт или прогонство за христијаните, Евреите и други неверници.

Со оглед на последните 2 реченици од твојот коментар, кои најубаво ја демонстрираат твојата неписменост за историјата на Русија и на Советскиот Сојуз, немаш никакви образовни квалификации за да коментираш за Русија и за Советскиот Сојуз.

Неверојатно, но вистинито - навистина си глуп колку што имаш објавено коментари на форумов, немаш аргументи, па го практикуваш она непишано правило на олимписките игри "не е важно да се победи, туку да се учествува", па така и за тебе не е важно да учествуваш во дискусија со аргументи, туку и со било какви глупости кои ја демонстрираат твојата неписменост, се` додека учествуваш во дискусијата.

Е па жал ми е да те разочарам, но како што за губитниците после 3-то место на олимписките игри нема награди, така и неписмените како тебе на форумов со секоја наредна глупост која ја објавуваат, нема да бидат сериозно сфатени.
 
Да не се повторувам погоре имаш линкови од масакрите што ги вршеле православците, од кои голем дел спаѓаат во 20ти век.

Доколку Советите беа насочени кон уништување на Христијанството, тоа ќе го направеа многу ефикасно, не оставајќи ни трага од истото во текот на скоро 1 век власт што ја имале.
Хитлер во 10 години беше далеку поефикасен со Евреите.

Доколку сакаш да учествуваш на Олимпијада слободно кажи, еден пријател бара луѓе за волонтери. Мислам дека им подаваат крпи на спортистите или така нешто. Верувам дека брзо ќе се снајдеш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom