- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.089
- Поени од реакции
- 12.651
Војните во име на христијанството се водени за време на средниот век и инквизицијата, а тоа се периоди кога мнозинството народ било неписмено и не знаело ни да чита ни да пишува.Исламот.
Претходно Христијанството била причина број еден за многу бројни војни, масакри, геноциди. Тоа што засега не убиваат не ги прави добри.
Додека никакви убиства не се правени во име на нешто што не претставува верување или идеологија, туку државата која се прокламира како атеистичка убива милиони луѓе, но тоа е сосем различно. Или тоа е како да речиме Христијанството е криво за 70 милиони жртви во Втора светска војна зошто Хитлер бил припадник на Христијанството.
Делумно тоа е точно и се согласувам со тоа.
Но државите носат вина за повеќето војни рамо до рамо со религиите. Било да се секуларни или не.
Всушност, после инвазијата на Англија од страна на Норманите и Вилијам Први Освојувачот во 1066 година, единствен државен и службен јазик во Англија бил францускиот, а англискиот јазик преживеал единствено бидејќи селаните и понатаму го говореле, а тие биле мнозинство - закрепостено мнозинство, но сепак мнозинство, по што англискиот јазик се враќа како државен и службен јазик после војните на розите во втората половина на 15-от век и доаѓањето на династијата Тудор на власт во Англија.
Писменоста почнува да зема замав во Европа дури во 18-от век со индустриската револуција, а подоцна и во Америка со американската револуција. Веќе со доаѓањето на Наполеон Бонапарта на власт во Франција на почетокот на 19-от век, целосно е укината инквизицијата и католичката црква губи секаков удел во власта во монархиите во западна и централна Европа.
Во Русија, руската православна црква ја изгубила својата доминантна улога во општественото уредување дури после февруарската буржоаско-демократска и октомвриската социјалистичка револуција во 1917 година. Кога болшевиците ја превзеле власта во Русија со октомвриската социјалистичка револуција во 1917 година, помалку од 25% од населението знаело да чита и пишува, а целосна писменост на населението во Советскиот Сојуз била постигната дури кон крајот на 1940-те, односно почетокот на 1950-те години.
Неписмениот народ е лесен за манипулирање, но тие времиња од поодамна поминаа, а како што е веќе општо познато, денешните терористички напади ги изведуваат претежно образовани луѓе од средната класа, а не неписмени сиромашни будали кои поверувале во приказната која некој религиски фанатик им ја кажал, па тргнале во терористички поход да убиваат невини цивили.
Па повели дај пример за секуларна држава која тргнала во војна поради религија.