Дали сте суеверни?

Понекогаш(најчесто кога уплакам спортска) сум суеверен и тоа го мразам најмногу во мојот карактер.Пример пишувам со едно исто пенкало бидејки имам неколкупати фатено кога сум пишувал со него,ама понекогаш се нервирам многу поради тоа и заинает пишувам со друго пенкало иако тоа *срекното* ми е на дофат...
 
јас воопшто не сум суеверна. Јас верувам пред се во себеси за некои работи кои ги правам и нормално верувам во Господ секогаш. На пример една другарка порано кога правевме тестови во школо секогаш сакаше да седи на истото место затоа што тоа и носело среќа......јас никогаш не сум правела такво нешто затоа што тоа за мене се глупости,јас ако знам дека сум се спремила за тестот сеедно е кај ќе седнам нели? И премногу ми се допадна првиот текст што ја отвара темата затоа што тоа е вистинското сфаќање за овие работи и секој вистински верник би требало да се согласува со тоа. Не дека е грев ако се биде суеверен ама едноставно тоа не му е потребно на ниеден верник затоа што секој верник има нешто вистинско и големо во што да верува а тоа е нашиот Господ, и само тој може да ни донесе среќа и се друго што би очекувале од таквите суеверни работи...
 
Кога го создал човекот, Господ зел одговорност да биде Татко на СЕКОЈ ЧОВЕК. Ако си родител знаеш, ако се’уште не си, ќе научиш кога ќе станеш(ако станеш) што е тоа Татковска Љубов и Грижа!

Точно е дека ѓаволот ја изопачува волјата на луѓето и ги труе со смртоносен отров. Навистина многу работи зависат од нашата волја, но кога ќе ти биде уништен критериумот за тоа што е добро што е зло и кога ќе ти биде испомешано во умот се’, ако сакаш кажи во тој случај дека се тие криви

А каков татко е тој што си го одјебува детето на вечно страдање (пекол) доколку детето не му се клања?
 
Воопшто не сум суеверен.Не верувам во такви нешта.
 
А каков татко е тој што си го одјебува детето на вечно страдање (пекол) доколку детето не му се клања?

Ако ти си татко и твојот син ја убие својата сестра, ти што ќе направиш?
 
Ич не сум суеверен и само се нервирам со домашните, затоа што се суеверни. :)
 
Ако ти си татко и твојот син ја убие својата сестра, ти што ќе направиш?

Зависно од која причина тоа го сторил.
ПС Што има ова врска со темата и со тоа што си го цитирал?
 
Скршено огледало = несреќа?

Незнам дали има ваква тема,но пребарувачот не ми пронајде...............
Штотуку скршив огледало,,нормално не намерно, но ете се случи.....не сум многу суеверна за тие работи,,но сепак знам дека не е добар знак.......што мислите вие за тоа,,дали е оправдано да се мисли дека тоа носи несреќа или не? да не го спомнувам фактот дека тоа се случи 5-6 минути по полноќ што нема врска ама сепак......инаку за 7 год несреќа не верувам,,но воопшто ме интересира дали се до некаде оправдани суеверијата???
 
Ако не си суеверна, нема што да се мислиш.
И не, суеверијата не се оправдани.
 
Јас не верувам. Кршам огледала, црни мачки ми одат пред нозе, отварам чадор во затворен простор и друго што е тотално нормално а луѓето го нарекле знак за несреќни незнам колку години само затоа што немале попаметна работа...Бабини девeтини што би се рекло :)
 
Точно:)
А јас првпат слушам дека скршено огледало носи несреќа.Ете не знаев дека суеверните и тоа го имаат измислено:)
 
Погледнете го филмот The Secret,
и ќе сфатите што е суеверие, што религија и слично.
 
Јас не верувам. Кршам огледала, црни мачки ми одат пред нозе, отварам чадор во затворен простор и друго што е тотално нормално а луѓето го нарекле знак за несреќни незнам колку години само затоа што немале попаметна работа...Бабини девeтини што би се рекло :)
Тие глупости се измислени.Се сложувам дека се бабини деветини ама па понекогаш ме фаќа страв:nesvest:во последно време не вервам во такви измислици,баш си играв со едно мало црно маче,ми врват мачки пред мене па немам гајле.Така да кулирај.:helou:
 
Не! Тоа се глупости. Не верувам во такви работи, така да според мене ич не му ја мисли.
 
Тоа се прости празни верувања останати од времето на дедо Ное и никако да се искоренат!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom