Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.701
- Поени од реакции
- 33.901
Погон на енергија складирана на литиумски батерии не може да биде меинстрим решение. Кој ја следи ситуацијата со таквите батерии, знае што значи релативниот успех на Тесла, за светскиот пазар на литиумски батерии. Има голем недостаток на светскиот пазар, и цените осетно се покачени.Да не беше Тесла моторс што е америчка компанија, сеа уште ќе немаше возило на електричен погон во масовно производство.
Тоа дури ни споредно решение не може да биде. Провери статистички колкав е удделот на возила на погон на електрична енергија складирана на литиумски батерии, во однос на возилата на погон со фосилни горива. Не можев да најдам со брзо пребарување, но се обложувам дека не е 1% од вкупниот број на возила во светот.
И пази, тоа се само автомобилиите, каде се другите енергетски потреби на светов кој е во забрзан развој?
Не баче, зборуваме за енергетски извори како реактори на нуклеарна фузија, и други технологии чиј развој намерно се спречува или успорува од газдите на индустријата за фосилни горива. Се зборува за разни нови технологии кои магично ги снемува откако анонимни инвеститори ги откупуваат технологиите и компаниите (или самите пронаоѓачи ги снемува).