Конфликтот во Сирија

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Не ја потценувај Иранската помош за Асад.
Знам дека е соборен митот за она „ако ти го науми Америка готов си...“ и сега кога тој факт за супериорноста на УСА е соборен, некој сеуште неможе да се помири. УСА станаа толку очајни што силите на Асад ги бомбардираа бидејќи многу на брзо ја бришат ИД од мапата на светот. А претходно изговорите му беа хемиски оружје, сарин гасови...

Пресметај колку изгуби УСА во пари, логистика, човечки жртви, оружје... и на крајот од приказната дојде до сојузник само Курдите да му останат, а самата Америка ги има ставено на терористичка листа ПКК.

Факторот Русија не е за занемарување, ама Асад не избега од Сирија и тогаш кога предвидуваа пад за 2 до 3 недели на Дамаск. Уште повеќе ниеден член од потесното семејство на Асад не ја напушти Сирија, туку сите останаа со него и сирискиот народ!

Настрана Русија која 80% делува воздушно, теренски најзаслужен за кршењето на кичмата на американските и израелски измеќари на копно во Сирија беше човекот... (можи слободно да се речи, па и позаслужен од Русија). Инаку, надалеку познат во западните медиуми како Командантот Сенка (The Shadow Commander)

Иранската помош за Асад е многу битна.
Помошта на Хезболах исто така.
Помошта од племенските заедници исто допринесува.
НО, да не беше Русија во 2013 кога Асад беше обвинет за употреба на хемиско оружје да го притисне САД да не интервенираат а за возврат да се уништи Сириското хемиско оружје, денеска Асад ќе беше во истата дупка кај Гадафи.
Да не беше Русија во 2015 да интервенира кога Асад веќе неколку месеци губеше територија (благодарение на наведуваните ракети што ги добијаа исламистите), повторно Асад ќе беше мртов.

Извадете ја Русија од равенката и Асад е мртов. Ни Иранци, ни Хезболах не го спасуваат.

А бомби би паѓале од кој ?
Кој друг ако не од демократијата. :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.952
Поени од реакции
12.366
...

Извадете ја Русија од равенката и Асад е мртов. Ни Иранци, ни Хезболах не го спасуваат.
А ако ги извадиме САД од равенката, дали воопшто ќе потраеше ова крвопролевање во Сирија толку долго - веќе 7-ма година по ред ?

Патем, што бараат САД во Сирија воопшто ?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.701
Поени од реакции
33.901
А ако ги извадиме САД од равенката, дали воопшто ќе потраеше ова крвопролевање во Сирија толку долго - веќе 7-ма година по ред ?
Пффф... Ако ги извадиш САД од равенката, воопшто немаше да има војна во Сирија. Како ни во Либија, Ирак, Украина, Јемен, и низ целиот свет каде се вмешани во стотици судири, интервенции, и војни.

Само и ти си нашол со дете да расправаш. Дотичниот ако по фактичка возраст некако не е малолетен, по интелект и знаење/разбирање делува дека е помал и од бебе.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
А ако ги извадиме САД од равенката, дали воопшто ќе потраеше ова крвопролевање во Сирија толку долго - веќе 7-ма година по ред ?

Патем, што бараат САД во Сирија воопшто ?
Аха, Саудијците би биле сеуште во равенката. :)
Целев на тоа што ако Русија реагираше во Либија како во Сирија, Гадафи можеби ќе беше сеуште жив. Но очигледно интересот завршувал пред да стаса до Гадафи.

Демократска Народна Република Кореја ????
Абе демократија, шо е битно каква... :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.952
Поени од реакции
12.366
Аха, Саудијците би биле сеуште во равенката. :)
Целев на тоа што ако Русија реагираше во Либија како во Сирија, Гадафи можеби ќе беше сеуште жив. Но очигледно интересот завршувал пред да стаса до Гадафи.
Со САД надвор од равенката, кој би ги вооружувал Саудијците ?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Со САД надвор од равенката, кој би ги вооружувал Саудијците ?
Еден куп држави што ја чекаат да шанса САД да излезат од равенката.
Но излезе од темата намерно, зборуваме за равенката Сирија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.701
Поени од реакции
33.901
Глупости. Не размислувате визионерски. Па ако САД целосно ги извадите од целата равенка (а не само од Сирија), фосилните горива ќе беа спореден енергетски ресурс уште пред неколку децении. И никој немаше да има потреба да ги наоружува Саудијците, ни воопшто да се замара со затуцаните Арапи од пустите пустини на нивниот затуцан полуостров.

Размислете малку што всушност ви кажувам. :coffee:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.655
Поени од реакции
42.207

Да не беше Тесла моторс што е америчка компанија, сеа уште ќе немаше возило на електричен погон во масовно производство.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.952
Поени од реакции
12.366
Еден куп држави што ја чекаат да шанса САД да излезат од равенката.
Но излезе од темата намерно, зборуваме за равенката Сирија.
Не, туку ти излезе од темата кога почна со твоите тези за тоа како би се одвивале настаните во Сирија ако Русија би ја извадиле надвор од равенката.

И дали ќе имаше вакво крвопролевање во Сирија под претпоставка дека некоја друга држава би ја вооружувала Саудиска Арабија од тој куп држави кои чекаат шанса за САД да излезат од равенката ?

Германија, Франција, Белгија, Италија, Велика Британија.
Сигурен си во ова ?

Французите бараа помош и поддршка од САД во Првата Индокинеска Војна за да спречат Виетнам, Лаос и Камбоџа да се стекнат со независност, па изгубија. Потоа започна Втората Индокинеска Војна, која стана позната како Виетнамска Војна, но Французите веќе беа надвор од Индокинескиот полуостров кога започна таа војна.

Дејвид Камерон не успеа да добие поддршка од сопственото парламентарно мнозинство во британскиот Парламент во 2013 година кога сакаше да ја бомбардира Сирија.

Белгија и Италија ги сметаш за сериозни воени играчи ?

Кога Германија после 1945 година се осмелила да покаже воени копја без амин од САД ?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.655
Поени од реакции
42.207
Не, туку ти излезе од темата кога почна со твоите тези за тоа како би се одвивале настаните во Сирија ако Русија би ја извадиле надвор од равенката.

И дали ќе имаше вакво крвопролевање во Сирија под претпоставка дека некоја друга држава би ја вооружувала Саудиска Арабија од тој куп држави кои чекаат шанса за САД да излезат од равенката ?

Сигурен си во ова ?

Французите бараа помош и поддршка од САД во Првата Индокинеска Војна за да спречат Виетнам, Лаос и Камбоџа да се стекнат со независност, па изгубија. Потоа започна Втората Индокинеска Војна, која стана позната како Виетнамска Војна, но Французите веќе беа надвор од Индокинескиот полуостров кога започна таа војна.
ти праша кој би им продавал пушки на саудијците, кај отиде сега у лаос?:eek:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.952
Поени од реакции
12.366
ти праша кој би им продавал пушки на саудијците, кај отиде сега у лаос?:eek:
Само дадов пример кога Французите влегле во воена авантура, но сепак барале помош и поддршка од САД, и на крајот изгубиле. Ти си тој кој ги спомна како алтернативни вооружувачи на Саудиска Арабија.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.655
Поени од реакции
42.207
Само дадов пример кога Французите влегле во воена авантура, но сепак барале помош и поддршка од САД, и на крајот изгубиле. Ти си тој кој ги спомна како алтернативни вооружувачи на Саудиска Арабија.
ти мешаш ствари како продавање оружје и држење колонии, и сеа овие држави што ги набројави се дел добавувачи на оружје за СА али американците го држат најголемиот дел од колачот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom